На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од Македонија - Канал 5

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од Македонија

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. 

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од Македонија

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

Од ден 26.05.2025, се започнува со градежни активности - санација на мост на река Драгор на ул. “Довеџик” општина Битола, со што ќе има затворање на сообраќајот кај мостот на ул. “Довеџик" при што сообраќајот ќе се пренасочува по времен премин - девијација.

Патниот правец Р2337 Кичево – крак со с. Цер од ден 12.05.2025 ќе биде целосно затворен за сообраќај од 10.00ч. – 16.00ч. поради изведување на градежни работи на пат – (асфалтирање).

На ден 13.05.2025 се започнучува со градежни активности - санација на мост на река Вардар на државен пат А2, делница Гостивар-Стража, односно ќе се воспостави времена измена на режимот на сообраќај.

Од 24.04.2025 г. има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино - Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување.

Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 г. до 31.5.2025 г., поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е пренасочен во левата тунелска цевка.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година(Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Овој времен режим е започнат од 03.04.2025 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности

На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од 17.03.2025 г. до 04.04.2025 г., поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница.

На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 г., поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

„Доо Стентон Градба – Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.

На 08.10.2024 година поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп - Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по Р1101 до депонија Алинци. Временскиот режим ќе трае во временски период од една година.

СТРАБАГ АГ Подружница СТРАБАГ Скопје известува за времена измена на сообраќајот од 08.10.2024 до 31.12.2024 година на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба на делница Градско - клучка Дреново. Сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација.

Од 09.07.2024 г., на десна коловозна лента на автопат Скопје - Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај, при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување.

Жикол Дооел Струмица известува дека поради вршење на градежни активности на објект: Реконструкција со проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост - влез во Богданци, сметано од 24.06.2024 година ќе биде поставен времен режим на сообраќај.

Времена измена на режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово, заради извршување на градежни активности. Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп - Битола", и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата.

На 26.03.2024 година од 14.15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.

Од 18.03.2024 г. има измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101, делница Прилеп – Битола, заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница.

Започнувајќи од 11.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп - Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи.

Започнувајќи од 05.12.2023 год. е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово - Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните.

Oд 24.11.2023 година, режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП „Табановце “поточно кл. Куманово-кл. Кр. Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување е затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка „Стенковец“) Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред граничниот премин "Блаце" на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На 07.11.2023 г извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово - рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово - Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец - Катланово ќе биде затворена за сообраќај.

Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка „Стенковец“) Подделница 1 - проширување на постоен пат А4 од ГП "Блаце" до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин "Блаце" од 06.10.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива нов времен двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) со поставена соодветна соорбаќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Oд 11.9.2023 г. воспоставен е времен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.

БИОН ДОО Тетово известува дека од 20.05.2023 година на патниот правец "Државен пат А3, делница: Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид" ќе има измена на времениот режим на сообраќај поради изведување работи што се предвидени на објектот "Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид". Режимот ќе биде според сообраќајниот проект. Работите на објектот се предвидени да завршат на 29.02.2024.

Oд 14.06.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено со ограничување на максимална брзина до 30 км/час.

Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023 г., а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Почнувајќи од 06.03.2023 г., на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

На патниот правец Градско - Прилеп се изведуваат градежни активности и затоа препорачуваме внимателно возење и прилагодена брзина на движење.

На патниот правец Кичево - Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Највалканиот човек на светот“ не се избањал над 50 години- неговата смрт останува мистерија (ВИДЕО)

Аму Хаџи, ирански пустиник кој некогаш беше наречен „највалканиот човек на светот“ од страна на медиумите, одбивал да се бања со децении, верувајќи дека водата и сапунот можат да му наштетат на здравјето.

„Највалканиот човек на светот“ не се избањал над 50 години- неговата смрт останува мистерија (ВИДЕО)

Живеел во исклучително необични услови, а некои од неговите навики биле толку необични што го привлекле вниманието на лекарите и истражувачите, објавува Дејли Стар.

Резултат од траумата од неговата младост

И покрај сè, тој живеел до 94 години. Починал во октомври 2022 година, неколку месеци откако конечно се согласил да се бања по повеќе од половина век. Сепак, нема докази дека овој конкретен настан имал каква било врска со неговата смрт.

Хаџи живеел во близина на селото Деџга, во покраината Фарс. Според неговите изјави, неговиот живот во изолација започнал по низа емоционални разочарувања што ги доживеал во младоста. Тој зборувал за овие искуства во интервју за Техеран Тајмс, објавено во јануари 2014 година.

После тоа, се повлекол од општеството и почнал да живее како пустиник. На почетокот, спиел во дупка што ја ископал, а подоцна селаните му изградиле едноставно засолниште од тули. Селаните се обиделе да му помогнат, нудејќи му храна, засолниште и хигиенски производи, но тој генерално одбивал таква помош.

YouTube video

Според медиумските извештаи, Хаџи верувал дека може да се разболи од сапун и вода. Исто така, не му се допаѓало вниманието што го добивал поради неговиот начин на живот, а обидите на другите луѓе да го променат наводно го правеле тажен.

За да преживее, главно се потпирал на она што можел да го најде во околината. Според неговите изјави и сведоштва објавени во медиумите, јадел месо од мртви животни, вклучувајќи ги и остатоците што ги нашол покрај патот. Особено сакал месо од еж.

Се вели дека пиел вода од 'рѓосан сад што претходно се користел за складирање моторно масло, како и од барички што ги нашол во областа. Медиумските извештаи велат дека пиел до пет литри вода дневно, иако ова не е независно потврдено.

Тој добил меѓународно внимание во 2014 година.

Неговите навики за пушење биле исто така необични. Мештаните често му давале тутун како подароци, а некои видеа го прикажуваат како пуши по неколку цигари одеднаш. Кога немал тутун, наводно ставал сушен животински измет во лулето.

Не ја сечел косата на вообичаен начин. Кога станала предолга и почнала да го мачи, ја скратувал со горење на вишокот на оган.

Хаџи добил меѓународно внимание во 2014 година, кога „Техеран тајмс“ објавил сторија за неговиот живот. Деталите ги заинтересирале и експертите кои сакале да испитаат како неговото тело реагирало на децениите живот во екстремно нехигиенски услови.

Според медиумските извештаи, тимот на лекари го водел д-р Голамреза Молави, паразитолог на Универзитетот за медицински науки во Техеран. Лекарите извршиле низа тестови, вклучувајќи тестови за различни видови хепатитис, ХИВ и паразитски инфекции.

Резултатите, според истите извештаи, биле изненадувачки. Според извештаите, не се пронајдени посериозни инфекции што ги очекувале експертите, но е регистрирана трихиноза, паразитска инфекција што може да се пренесе со јадење сурово или недоволно зготвено месо.

Д-р Молави, според истите извештаи, верувал дека живеењето во сурови услови со години можеби придонело за развој на силен имунолошки одговор. Сепак, ова не значи дека неговиот начин на живот бил здрав или дека избегнувањето на хигиената го зајакнало телото на Хаџи.

Бројни шпекулации за смртта

Со години, мештаните се обидувале да го убедат Хаџи да се избања, но тој упорно одбивал. Според еден медиумски извештај, за време на претходен обид да го однесат до реката, сфатил што прават и скокнал од возилото.

Сепак, во одреден момент се предомислил. Медиумските извештаи наведуваат дека неколку месеци пред неговата смрт, селаните конечно го убедиле да оди во бањата и да се измие. Според извештаите, тоа било неговото прво капење по повеќе од половина век.

По капењето, неговата кожа наводно била покриена со слоеви саѓи и гној што се насобрале поради многу години занемарување на хигиената.

Кратко потоа, Хаџи се разболел, а неговото здравје се влошило во следниот период. Починал на 23 октомври 2022 година, на 94-годишна возраст, во селото Дежгах.

Фактот дека Хаџи починал неколку месеци по првото капење предизвика многу шпекулации за можна поврзаност помеѓу двата настани. Некои медиуми и корисници на социјалните мрежи сугерираат дека отстранувањето на нечистотијата од неговата кожа можеби го нарушило неговиот имунолошки систем и така настанала мистеријата за неговата смрт.

Сепак, нема сигурни медицински докази за таквото тврдење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се сеќавате ли на победничката на Евросонг, Кончита Вурст- сега тврди дека е хетеросексуален маж (ВИДЕО)

„Јас сум хетеросексуален маж“, се пошегува Том Нојвирт, кој победи на Евросонг 2014 како Кончита Вурст. 

Се сеќавате ли на победничката на Евросонг, Кончита Вурст- сега тврди дека е хетеросексуален маж (ВИДЕО)

Во подкастот „Bussi Blabla“, кој го води со музичарот Џеј Џеј, тој зборуваше за тоа како се обидува да се искупи кога нешто тргнува наопаку во врската - купува подарок, објавува Heute.

Нојвирт, како и Кончита Вурст, стана меѓународно препознатливо лице на ЛГБТК заедницата откако победи на Евровизискиот натпревар за песна. Неговиот победнички извик „Ние сме незапирливи“ многумина го протолкуваа како порака против хомофобијата и политичкиот прогон на квир луѓето во некои земји.

„Еве, двајца сме“

Во подкастот, Нојвирт си поигра со стереотипот дека хетеросексуалните мажи купуваат подароци за своите партнерки кога ќе згрешат или кога сакаат да се поправат. Кога Нојвирт рече дека е стрејт маж, Џеј Џеј ја стави раката пред лицето и се пошегува: „Еве, двајца сме“.

„Мислам дека е човечко, нели? Сакаш некако да го поправиш“, додаде Џеј Џеј. Во исто време, тој рече дека мажите во такви ситуации веројатно почесто посегнуваат по подарок. „Сега сум стрејт маж“, повтори Нојвирт на крајот од разговорот. Шегата ги насмеа и следбениците, кои оставија емотикони плачејќи од смеа под видеото на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прв пат во историјата- Гутереш наскоро заминува, нема кој да застане на чело на Обединетите нации

Обединетите нации се соочуваат со невидена ситуација - може да останат без генерален секретар, со помалку од два месеци до крајот на мандатот на Антонио Гутереш, а сè уште не е постигнат договор за неговиот наследник.

Прв пат во историјата- Гутереш наскоро заминува, нема кој да застане на чело на Обединетите нации

Се очекува Советот за безбедност на Обединетите нации оваа недела да одржи уште едно гласање зад затворени врати за избор на нов шеф на ОН, но дури и по осум круга гласање, петте постојани членки со право на вето не успеаја да се договорат за наследник.

Службениците се зафатени со подготовка на резервни планови во случај да нема никој да ја води светската организација на 31 декември, кога Гутереш ќе ја напушти функцијата.

Неуспехот да се избере наследник, велат аналитичарите, е делумно последица на долгиот и нетранспарентен изборен процес, базиран на тајни гласања, што најдобро ја илустрира бавноста и блокадите што идниот генерален секретар треба да ги отстрани.

На Советот за безбедност му беа потребни шест круга гласање за да го избере Гутереш во 2016 година.

Уште поважно, велат набљудувачите, застојот покажува дека силите со право на вето се сè повеќе неподготвени за компромис, ситуација влошена од американската администрација што сè повеќе ја заобиколува ОН и е преокупирана со сопствените ангажмани во надворешната политика.

„Загрижувачки е колку далеку сме во годината и што тоа значи за формирањето на тимот. Со оглед на тоа колку рано започна сè, не треба да бидеме во оваа ситуација“, изјави за Ројтерс Шамала Кандија Томпсон, извршен директор на Извештајот на Советот за безбедност, тинк-тенк што ја следи работата на Советот за безбедност.

Гринспен и Нусибех меѓу кандидатите

Кандидатите се претежно долгогодишни инсајдери во ОН и личности кои или немаат многу меѓународно признание, како што е фаворитот Ребека Гринспен, или се соочуваат со отпор поради контроверзии поврзани со нивните земји.

Таков е случајот со високата дипломатка на Обединетите Арапски Емирати, Лана Нусибех, која беше критикувана за поддршката на нејзината земја за паравоените Сили за брза поддршка (RSF) во граѓанската војна во Судан.

ОАЕ ги негира овие обвинувања.

Кој и да победи ќе наследи организација која се соочува со огромни проблеми: војни во кои имаше ограничено влијание, пад на финансиските придонеси на САД, пад на политичкото значење поради повлекувањето на Вашингтон од десетици агенции на ОН и растечки притисок организацијата да се направи помала, поефикасна и поодговорна.

Ричард Гован, експерт на ОН во Меѓународната кризна група, организација за спречување на конфликти, рече дека завршувањето на годината без избран генерален секретар за 2027 година би било „исклучително непријатно за овластувањата за вето“.

Според него, таквото сценарио би им обезбедило дополнителни аргументи на многу земји-членки на ОН кои веруваат дека петте постојани членки на Советот за безбедност повеќе немаат легитимитет да управуваат со организацијата.

Петте постојани членки, познати како П5, беа избрани како победници во Втората светска војна во 1945 година.

Другите 10 членови на Советот за безбедност се избираат за двегодишен мандат, на регионална основа.

Постојаните членки - Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД - долго време се спротивставуваа на промените во структурата на организацијата, за кои многу земји-членки веруваат дека повеќе не ја одразуваат реалната геополитичка ситуација во светот.

Повелбата на Обединетите нации не предвидува како да се постапи во случај на слободно место на функцијата генерален секретар. Досега, мандатот на генералниот секретар никогаш не истекол без да се избере наследник.

Во септемврискиот извештај, објавен од кампањата „1 за 8 милијарди“, која се залага за потранспарентен изборен процес, беа наведени можни опции, од назначување на вршител на должноста генерален секретар на Генералното собрание од страна на Советот за безбедност, независно продолжување на мандатот на сегашниот генерален секретар.

Секоја од овие опции се соочува со пречки, се вели во извештајот, но оставањето на ОН без лидер би било „крајно неодговорно“.

Портпаролот на ОН одби да коментира за ситуацијата.

Тајно гласање

Во ерата на вештачката интелигенција и социјалните медиуми, процесот на избор на генерален секретар стана реликт од минатото.

Кандидатите со месеци лобираат кај членовите на Советот за безбедност за да ја добијат поддршката од нивните влади. Потоа тие поминуваат низ серија неформални тајни гласања, на кои членовите можат да гласаат „поддршка“, „неподдршка“ или „воздржано“.

Резултатите не се објавуваат јавно, но брзо се објавуваат во јавноста.

Членовите исто така можат да организираат гласачки ливчиња со различни обоени ливчиња, при што постојаните членови гласаат со црвени ливчиња, откривајќи ја позицијата на земјите што навистина имаат најголема моќ во Советот.

Откако ќе се идентификува фаворит, Советот за безбедност гласа за резолуција со која се препорачува тој кандидат до Генералното собрание на ОН.

За да се усвои резолуција, потребни се најмалку девет од 15 гласови, под услов ниедна постојана членка да не стави вето.

Генералното собрание, кое има 193 земји-членки, потоа формално го назначува генералниот секретар. Никогаш не отфрлило кандидат номиниран од Советот за безбедност.

Советот за безбедност не ги објавува причините за одлучување за времето и форматот на гласањето, ниту пак открива како гласале поединечните држави, иако јавноста ја финансира работата на Обединетите нации.

„Дали е ова рационален начин да се избере врвен дипломат во светот? Апсолутно не“, рече Гован.

Сепак, тој верува дека неуредниот и нетранспарентен процес може да биде цената што мора да се плати за да се добие лице кое ќе ја води организацијата и кое големите сили всушност ќе го слушаат.

Критичарите веруваат дека Гутереш нема такво влијание, бидејќи ја изгубил довербата и на Вашингтон и на Москва.

ОН без никого на чело

Русија е една од ретките членки што јавно коментираше за рокот за избор на нов генерален секретар.

„Исто така, не е јасно што ќе се случи по 31 декември“, рече Кирил Логинов, висок функционер во руското Министерство за надворешни работи.

Тој рече дека опциите што се разгледуваат вклучуваат привремено продолжување на мандатот на Гутереш или назначување на друг функционер.

„Колку што можам да видам, на 1 јануари, ако нема генерален секретар, нема да има никој надлежен“, рече Даниел Сафран-Хон, поранешен функционер на ОН.

Тој објасни дека основното функционирање на организацијата ќе продолжи, дека светлата ќе останат вклучени и дека Советот за безбедност и Генералното собрание би можеле да продолжат да се состануваат, барем за некое време.

„Но, малку е како капетанот да умре на супертанкер: првиот офицер може да направи многу, но има одредени работи што не може да ги направи. Не можете да назначувате на највисоките позиции. Не можете да го усвоите буџетот“, објасни тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер