На аукција се продава Ламборџини Миура од 1968 година

Еден од примероците на спектакуларниот автомобил Ламборџини Миура П400 од 1968 година моментално се продава во Канада.

Станува збор за еден од 750 примероци кои се направени помеѓу 1966 и 1973 година, овој автомобил од фабриката е излезен на 6.03.1968 и како нов е продаден на италијански колекционер.

Бројот на шасијата на ова Ламборџини е 3357. Внатрешноста е одново преправена во сина кожа, какова што автомобилот имал додека бил нов.

Во себе има 3,9 литарски „V12“ мотор со алуминиумски блок и глава на моторот како и четири карбуратори „Weber 40 IDL 3C“, автомобилот има поминато 46.670 километри што не преставувало проблем за автомобилот да постигне цена на аукција од, до сеган 875.000 долари.

Продолжува и утре сослушувањето на Тачи во Хаг

Трет ден по ред ,претседателот на Косово, Хашим Тачи е сослушуван во Специјалното обвинителство во Хаг, пренесува „Косово онлајн“.

По сослушувањето, кое траело скоро седум часа, Тачи не разговарал со новинарите.

Тачи утре ќе се појави во Специјалното јавно обвинителство во Хаг, каде ќе продолжи интервјуто со него, јавува приштинската телевизија Клан Косово.

Тачи од понеделник е на распит во Хаг во врска со обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени на Косово.

Специјалното обвинителство на Косово, со седиште во Хаг, поднесе обвинение по десет точки, на 24-ти јуни, во кое се обвинети Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весељи и други, за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства, присилно исчезнување, прогон и мачење.

Во обвинението се тврди дека Тачи, Весељи и другите осомничени во обвинението се кривично одговорни за скоро 100 убиства.

Тачи мина повеќе од 12 часа во понеделникот и вторникот во зградата на судот во Хаг, заедно со неговите адвокати.

На првиот ден по сослушувањето, тој изјави дека цело време ги слушал техничките прашања поставени од претставниците на обвинителството и неговиот законски застапник, додека тој вчера не се обратил до новинарите.

Специјалното обвинителство сè уште не се огласи за престојот на Тачи во Хаг.

Рамос доби над милион лајкови за еден час : Навистина имаш 34 години ?

Сергио Рамос сè уште игра врвен фудбал на 34-годишна возраст, водејќи го Реал Мадрид до нова титула оваа сезона со постигнати 12 голови на 42 одиграни натпревари.

За еден дефанзивец, овие се натпросечни бројки, но Реал и шпанскиот капитен се извонредни во тоа.

Колку е физички способен и моќен, може лесно да се види од неговиот последен пост на Инстаграм.

„Наш е редот, ајде да го добиеме “, напиша Рамос алудирајќи на круцијалниот натпревар утре против Виљареал во кој Реал, во случај на победа во Мадрид, ќе обезбеди победа во Ла Лига.

На Рамос му стигна коментар на фотографијата од официјалниот профил на Ла Лига:

"Дали навистина си 34-годишник?"

Фотографијата собра над еден милион и сто илјади лајкови за еден час.

притисни ентер