Тоа се смета за најстаро сочувано вино на светот. Аукциската куќа ,, Jura Encheres” по шише проценува дека вредат меѓу 15 000 и 20 000 евра. ,,Експертите во 1994 го дегустирале ова вино и му дале оценка 9,4 од можни 10 поени,рече аукционерот Филип Етјеван пред наддавањето што ќе се одржи утре.
Слични вакви шишиња на аукција во 2011 достигнаа 57 000 евра. Виното “Vin Jaune” во шишиња од 87 центилитри се произведени од винарот Анатол Версел ,а грозјето е собрано од лозјата што му припаѓале на кралот Луј XVI.
Од тогаш виното е чувано во визба во амлото место Арбоа на границата со Швајцарија. На аукцијата во местото Лон ле Суниер , што се наоѓа во близина на визбата, ќе се продаваат вкупно 102 вина од регионот Арбоа , меѓу кои и од поново производство , од 1811 година.