На 8 септември ќе се одржи традиционалниот Охридски атлетски маратон - Канал 5

На 8 септември ќе се одржи традиционалниот Охридски атлетски маратон

 На 8. септември ќе се одржи 33. Охридски атлетски маратон што традиционално се трча по повод Денот на независноста. 

На 8 септември ќе се одржи традиционалниот Охридски атлетски маратон

Меѓународниот атлетски маратон ќе се трча на 30 километарската патека од Свети Наум до Охрид, а од оваа година прв пат ќе се реализира и штафетна трка во три делници од по десет километри.

Првата делница завршува во селото Трпејца, втората кај населбата Лагадин и третата делница завршува до целната линија на Кејот „Македонија" во Охрид.

Пријавувањето за годинешниот Охридски атлетски маратон е започнато и ќе трае до 5. септември, а подигнувањето на стартните пакети за сите пријавени ќе се одржи на 7. септември во Спортската сала „Билјанини Извори".

Сите податоци околу котизацијата, стартните пакети и наградниот фонд може да се најдат на интернет страницата www.smartrace.club. Котизацијата за сите учесници на маратонската трка изнесува 900 денари и 2.250 денари за штафетната трка. За членовите на Интернационалната полициска асоцијација цените се 600 денари за маратонската трка со 1800 денари за штафетната трка.

Охридскиот атлетски маратон со меѓународен карактер е еден од најстарите атлетски манифестации на нашите и пошироките простори. Маратонот во континуитет се одржуваше од 1976 година до 1993 година. Оваа спортска манифестација започна од општински и прерасна во сојузен и меѓународен Атлетски маратон со постојан пораст на број учесници.

Иницијативата за организирање на Охридскиот атлетски маратон ја покрена Живко Стојчевски, кој во 1976 година со помош од тогашната спортска асоцијација „Софка" ја организираше атлетската трка со само четворицва учесници од Охрид. Стојчески беше дел од маратонците и тогашен победник, а до денес е најтрофејниот учесник на овој маратон.

Охридскиот атлетски маратон редовно се одржуваше до 1993 година и беше организиран на 7. Ноември како спортски настан по повод Денот на ослободувањето на Охрид. После десетгодишна пауза, а по иницијатива на покојниот проф. Влатко Димитров и другите членови од сегашниот организационен одбор, во 2004 година беше обновен, со што продолжи традицијата на оваа голема атлетска трка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хрватска пејачка воодушеви во бикини

Хрватската пејачка Жанамари Перчиќ привлече внимание со нова серија фотографии што ги сподели на својот профил на Инстаграм.

Фото: Хрватска пејачка воодушеви во бикини

Сега, атрактивната Жанамари позира на плажа, облечена во бикини со животински дезен.

На една од фотографиите, пејачката лежи во плитките води, додека во позадина се гледа морето.

Таа ја сподели објавата во соработка со фотографот Марк Мајлс, а за само неколку часа собра повеќе од 2.000 допаѓања и бројни коментари од своите следбеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тотенхем го договори трансферот на Савињо, на ред е Мармуш

Богатиот англиски премиерлигаш Тотенхем кој минатата сезона се спаси од испаѓање летово е многу активен на трансфер пазарот.

Тотенхем го договори трансферот на Савињо, на ред е Мармуш

Тимот од Лондон денеска во пакет-трансфер ги ангажира напаѓачот Омар Мармуш (27) и левото крило Савињо (22) од Манчестер Сити.

Мармуш по одличните игри во Ајнтрахт му се приклучи на Сити во јануари 2025 година за 75 милиони евра.

Оттогаш, Сити главно го користеше како замена од клупата.

Во текот на година и пол на Итихад, Египќанецот одигра 62 натпревари и постигна 16 гола.

Неговиот договор важи до 2029 година.

Тотенхем беше заинтересиран за Савињо уште од минатото лето. Во октомври, Бразилецот – кој пристигна пред две години од Троа за 25 милиони евра – дури и потпиша предвремено продолжување на договорот со Сити до 2031 година.

Како и Мармуш, и тој минатата сезона не успеа да излезе од улогата на играч за ротација. Вкупно, тој одигра само 1.502 минути за Сити, запишувајќи четири гола и три асистенции.

Фабрицио Романо објави дека трансферот на Савињо е завршена работа. Сити ќе заработи речиси четири пати повеќе од првичната инвестиција; Тотенхем плаќа фиксна сума од 85 милиони евра, која со бонуси може да достигне до 90 милиони евра.

Тој додава дека „Спурси“ постигнале договор со Мармуш и дека преговорите меѓу клубовите напредуваат. Досега, Тотенхем има инвестирано 267 милиони евра во овој преоден рок. Мартин Дубравка пристигна како нов резервен голман. Одбраната ја засилија Јан Пол ван Хеке, Маркос Сенеси и Ендрју Робертсон.

Во средниот ред го ангажираа Матеус Фернандес, како и Сандро Тонали од Њукасл Јунајтед за 108 милиони евра. Мармуш и Савињо би донеле нова димензија во нападот на Тотенхем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Преку 9 милиони евра инвестираме за побрз развој на Прилеп

Преку разни програми од Министерството за транспорт инвестираме над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој. 

Николоски: Преку 9 милиони евра инвестираме за побрз развој на Прилеп

Паралелно со инвестициите во општината, забрзно се работи на изградба на автопатот Прилеп -Битола, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп.

Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски извршија увид во реализација на инфраструктурни проекти во општината.

"Континуирана е поддршката за општината од страна на Владата и заеднички со градоначалникот и со неговиот тим работиме на реализација на проекти.

​Само преку разни програми од Министерството за транспорт вкупно се инвестираат 580 милиони денари или околу 9,5 милиони евра. Во првиот повик беа некаде околу 3 милиони евра, во вториот повик се некаде околу 4,5 милиони евра, на тоа имаме програма заедно со Светска банка од околу 350 илјади евра и не ги забораваме оние на коишто им е најмногу потребна поддршката — тоа се социјално загрозените. Околу милион и пол евра се инвестираат преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор во изградба на зграда со социјални станови, која што до крајот на годината треба да е завршена и до пролет да бидат тие станови поделени и вселени. Ќе работиме со градоначалникот и на нови проекти" -изјави заменик претседателот на Владата, Николоски.

Тој истакна дека изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика.

"Изградбата на автопатот Прилеп – Битола оди со одлична динамика. Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика, вчера имавме работен состанок баш тука и очекувам веќе следната година да имаме доста добри вести и за Битола – Прилеп.

Крајниот рок останува непроменет, тоа е крајот на 2027 година, но првите километри комплетно завршен автопат, зборувам комплетно, во две насоки 3+3 ленти со изградени помошни патишта ги очекувам веќе следната година", изјави Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер