3Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
МакедонијаНа 3 јуни Собранието ќе го избира идниот гувернер, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за СлавескиЗа предлогот на претседателката Сиљановска Давкова Трајко Славевски да биде нов гувернер на Народната банка пратениците ќе треба да се изјаснат на 3 јуни, на првата наредна пленарна седница, која доага по редовните пратенички прашања. За да биде избран Славевски ќе треба да добие поддршка од најмалку 61 пратеник. Неговиот избор се очекува да помине глатко во Пралементот по веќе извесната поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која ја најави премеирот Мицкоски. „ Согласно Устав претседатлката на државата го поднесува тој предлог, така што немам што да коментирам. Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ“,-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада . Од пратеничка група на СДСМ очекувано најавија дека нема да дадат поддршка за предложениот гувернер Трајко Славевски, пради тоа што предлогот бил тесно партиски, а не независен експерт кој ќе треба да раководи со најважната финансиски иснтитуција во државата. „ Од претседавач со советот на Град Скопје доаѓа како гувернер на Народната банка тоа е првата причина. Тој беше најголемиот противник и велеше дека 9 илајди денари минимална плата е голема, не може ништо добро да донесе ниту за системот, ниту за државата“,– Оливер Спасовски, коориднатор на ПГ на СДСМ. Поранешниот минситер за финансии и актуелен претседавач со советот на град Скопје Трајко Славевски ја доби довербата од шефицата на државата за иден гувернер, а во потесниот избор беа и екс минстерот Зоран Ставревски и актуелната гувернерка Анита Ангелоска Бежовска. Од претседателскиот кабинет итакнаа дека при именувањето Сиљановска Давкова се водела од стручноста, компетентноста, дигнитетот и интегритетот на кадидатот. Мандатот на гувернерот трае 7 години. до изборот на новиот гувернер со најважната финансиска институција во државата ќе управува актуелната гувернерка Бежовска, чиј маНдат истече вечра, но законски може да ја извршува функцијата уште 60 дена. Тагови: Народната банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање. На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНајголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи. Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи. Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешка салатаВо четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 5 - 6 кисели краставички 100 гр. сусам 150 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог потпечени лепчиња и шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter