КултураНа 27 април ќе се одржи настан посветен на прославата на роденденот на Горан СтефановскиНа 27 април, со почеток од 17 часот кај спомен-клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало - Центар, ќе се одржи настан посветен на прославата на роденденот на еден од најзначајните македонски драмски автори и културни дејци, Горан Стефановски. Настанот има за цел да го одбележи неговото творештво, неговиот дух и неговото присуство во културниот и општествениот живот, преку уметност, музика, сеќавања и пријателски разговори. Домаќин на настанот ќе биде неговиот син, Игор Стефановски, кој ќе пречека и ќе разговара со блиски пријатели и соработници на Горан, присетувајќи се на родендените што ги славеле заедно, како и на неговиот живот, хумор, идеи и оставштина. Програмата ќе вклучува настап на хорот „Мирче Ацев“ со неколку од омилените песни на Горан, ќе настапи и младата џез формација "Трицкл", потоа, ќе се изведат и неколку актерски монолози од делата на Горан Стефановски, ќе се постави и ликовна изложба со портрети од Горан Стефановски насликани од уметникот Ненад Рафајловски, а за крај музичката атмосфера со свој DJ сет ќе ја заокружи DJ Шурбе. Настанот, во режија на Војо Цветановски, е замислен како отворена и топла средба на пријатели, уметници и граѓани, кои заедно ќе го прослават роденденот на Горан Стефановски на местото што симболично го чува неговото сеќавање – спомен-клупата во Скопје. Преку збор, музика, уметност и сеќавања, ќе се испрати порака дека Горан Стефановски и понатаму живее во културата, во градот и во луѓето. Настанот е дел од годинешната програма за култура за 2026 година на Општина Центар - Скопје.Тагови: Горан Стефановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
БалканСкандал во Хрватска: Запалено српско знаме (ВИДЕО)На хрватскиот портал Индекс се појави видео клип, доставен од читатели, на кој се гледа група млади мажи како палат српско знаме во пресрет на прославата на операцијата „Олуја“.Според Индекс, во пресрет на годишнината од таа акција во Хрватска, две лица се искачиле на надвозник во близина на Оточац и запалиле српско знаме. На видеото се прикажани две лица облечени во црно, со покриени глави. Тие се искачиле на оградата на надвозникот, поставиле српско знаме, а потоа го запалиле. До нив е закачен транспарент на кој пишува: „Фала им за сè, ние сме слободни луѓе, Олуја '95“.Тагови: Олуја Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОколу 800.000 Либанци се вратија домаОколу 800.000 Либанци раселени поради војната на југот на земјата почнаа да се враќаат во своите домови откако престанаа израелските напади, соопштија денес Обединетите нации.„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади и копнена инвазија на Либан во кои загинаа повеќе од 4.300 луѓе и расели стотици илјади. Седмата рунда разговори меѓу Либан и Израел, посредувана од САД, е во тек во Рим за спроведување на претходно потпишан рамковен договор. По петтата рунда разговори во Вашингтон, Либан и Израел потпишаа „рамковен договор“ на 26 јуни. Договорот предвидува спроведување на таканаречената „програма за пилот-зона“, која започна кон крајот на јули, кога израелската армија почна да се повлекува од тие територии. „Рамковниот договор“ предвидува либанската армија да преземе контрола врз делови од јужен Либан и да конфискува оружје од Хезболах, група поврзана со Иран, додека израелските сили постепено се повлекуваат. Фото: ВИТагови: Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДва дена преживување во дивината: Спасени пилотите на исчезнат авионДвајца членови на екипажот на авионот „Цесна 182“ што исчезна додека патролираше низ шумските пожари во рускиот регион Иркутск се пронајдени живи по дводневна потрага.Двајца членови на екипажот на авионот „Цесна 182“ што исчезна пред два дена додека патролираше низ шумските пожари во регионот Иркутск се пронајдени живи, објавија денес регионалните служби за вонредни ситуации. Гувернерот на регионот Иркутск, Игор Кобзев, изјави дека пилотите успеале да се искачат на висина од каде што ги испратиле своите координати користејќи импровизирана радио станица, објави РИА Новости. Поиски пропавшего самолета Cessna 182 в Иркутской области — что известно на 5 августа:https://t.co/P7eDfGbrWQ#новости #иркутск pic.twitter.com/pvT6csiivN — @kpru (@kpru) August 5, 2026 Според него, тие се на околу 90 километри од градот Бодаибо, а испратен е хеликоптер за да ги евакуира. Авионот исчезна во понеделник додека ја испитувал областа погодена од шумски пожари. Истражниот комитет на Русија започна истрага за сомнителни прекршувања на прописите за безбедност на воздушниот сообраќај.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08