На 24 и 25 мај средба Димитров- Коѕијас- Нимиц во Њујорк

Ќе се договорат ли Скопје и Атина што е име со временска одредница.

Во четврток и петок во Њујорк Нимиц ги повика Димитров и Коѕиас.

Средбата на медијаторот со двајцата министри доаѓа непосредно по телефонскиот разговор на американскиот потпретседател Пенс со грчкиот премиер Ципарас, кој бил охрабрен да ги продолжи разговорите за постигнување на взаемно прифатливо решение. -ова е историска можност, потенцирал Пенс.

Новата рунда разговори на 24 и 25 мај во Њујорк македонското МНР ја најави во истовреме со грчкото министерство за надворешни работи.

Онлајн изданието на весникот „То Вима“ коментира дека оваа средба, можеби е и последна шанса за договор.

- Оваа средба е од исклучиво значење и особено клучна за текот на преговорите. Можеби е и последна шанса за напредок по „бродоломот“ со името „Илинденска Македонија“ и враќањето на петте почетни имиња што ги достави Метју Нимиц. Секако, двете имиња што преовладуваат се нова и Горна Македонија и веројатно разговорите ќе се движат околу овие сценарија, пишува електронското издание на грчкиот весник.

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

Традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ се одржа во Тетово

Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце вчера ја одржи традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ.

Годинава, сите учесници учествуваа на дефилето низ Теарце, а потоа концертот се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.

Покрај домаќините, со своите настапи учествуваа гости-играорци КУД „Чигра“ од Инџија и КУД „Симонида“ од Ранилуг, двете од Србија, потоа македонските КУД „Брвеница“ од Брвеница, Група Сербез при фолклорен ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола.

-Овие млади играорци покажаа и докажаа дека се вистински амбасадори на македонскиот фолклор и култура. Благодарноста до нашите гости кои го збогатија вечерашниот коцнерт, истакна на концертот Гоце Симјановски, претседател на КУД „Кирил Пејчиновиќ“.

Домаќините од КУД „Кирил Пејчиновиќ“ наспатапија со повеќе возрасни групи кои ги изведоа кореографиите „Драчевка“, Елено моме“,и „Малешевка“ и други ора и песни. /МИА

притисни ентер