На 22 години ги посетил сите земји на светот, во четири држави му барале доказ дека не е шпион - Канал 5

На 22 години ги посетил сите земји на светот, во четири држави му барале доказ дека не е шпион

Американецот Инди Нелсон тргна на големо патување како 22-годишник.

На 22 години ги посетил сите земји на светот, во четири држави му барале доказ дека не е шпион

Во рок од 18 месеци, тој ја посети секоја земја во светот - некои дури и повеќе од еднаш, како Северна Кореја.

Кога ја завршил својата авантура, станал и Гинисов рекордер за „најмногу летови со различни авиокомпании“ (вкупно 170).

Инди тргна на пат околу светот во 2017 година, откако заврши факултет и доби заем од 80.000 долари.

За време на еден од своите одмори ја посетил Северна Кореја, а кога се вратил дома смислил план да ја обиколи планетата, пренесува Times Now News.

Инди посетил многу егзотични локации, но и активни воени зони. Се обиде да држи безбедно растојание, но работите не оделе секогаш според планот.

„Не можете да планирате сè. Во неколку наврати се плашев за мојот живот“, рече тој.

Тој тврди дека се нашол во незавидна ситуација во четири земји, бидејќи морал да „докаже дека не е шпион“. Ова се случило во Русија, Иран, Либија и Папуа Нова Гвинеја, според веб-страницата на Гинисовата книга на рекорди.

Инди вели дека бил „држан на сослушување вкупно 24 часа“.

„Не мислев дека ќе ја напуштам земјата. По четврти пат, веќе не беше страшно“.

Тој додава дека најмногу уживал при посетата на Камбоџа, каде запознал уникатна култура и многу љубезни луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет лица, кај нив при преглед е пронајдена дрога

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Лишени од слобода девет лица, кај нив при преглед е пронајдена дрога

На 06/07.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Н.Ч.(32), З.Т.(26), Д.М.(22), Б.Е.(20) и Е.Ш.(30), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана.

На 07.07.2026 во 00:30 часот во с. Леуново, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.Л. (27) од с. Шипковица, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

На 06.07.2026 во 15:20 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.П.(41) и Н.Н.(25), двајцата од Прилеп. При контрола на патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.П., а во кое сопатничка била Н.Н., пронајдена е марихуана.

На 06.07.2026 во 18:00 часот во Прилеп, во близина на вештачкото езеро, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Ц.(31) од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мобилната единица при МВР во соработка со РСБСП реализираа кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”

Целта на кампањата е намалување на сообраќајните незгоди во летната сезона, што е државен интерес на Република Македонија.

Мобилната единица при МВР во соработка со РСБСП реализираа кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”

Денеска (07.07.2026) во временскиот период од 10:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Сопот, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата беше спроведена кампања ,,Безбедно лето 2026-Вози одморен”.

Целта на кампањата е намалување на сообраќајните незгоди во летната сезона, што е државен интерес на Република Македонија. Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беше поделен превентивно-едукативен материјал, со совети кон возачите за безбедно патување.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

На денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа во врска со настапување на законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница.

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

Министерството за локална самоуправа, по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница, ја започна постапката поради настапување на законски предвидена околност што доведува до предвремен престанок на мандатот на градоначалникот по сила на закон.

Согласно Законот за локалната самоуправа, Министерството е должно во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата за настапувањето на овој законски основ, по што Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник.

Во таа насока, сакаме да ја информираме јавноста согласно запазените законски предвидени рокови, Владата ја усвои информацијата и донесе Одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка согласно важечките прописи и важечки рокови.п- изјави Марија Митева, портпарол на Влада.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер