На 1 јуни почнува уписот на првооделенците во основните училишта во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода известува дека уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2020 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2014 година.

Заради запазување на мерките за спречување на ширење на пандемијата, при уписот на првооделенците во основните училишта во Општина Кисела Вода, кој почнува на 1 јуни, Општината денеска ги објави телефонските броеви на училиштата, на кои родителите треба задолжително да закажат прием.

Врз основа на член 60 од Законот за основно образование (Сл.Весник на РСМ бр.161/2019) и член 3-б од Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование, основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години. Образованието трае девет години и се организира во три периоди.

Општина Кисела Вода известува дека уписот е задолжителен за децата кои до крајот на декември 2020 година ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжителен за сите деца родени во текот на 2014 година.

Од општина Кисела Вода информираат дека уписот ќе се врши од 1 до 30 јуни 2020 година во општинските основни училишта на територија на Општина Кисела Вода, со целосно почитување на реонизацијата и местото на живеење на децата.

Родителите се должни при уписот, да ја достават следната документација:

- извод од матична книга на родени за детето;

- потврда за примени задолжителни вакцини на детето издадена од надлежна здравствена установа;

- потврда за извршен стоматолошки преглед, издадена од матичен стоматолог.

Заради запазување на мерките за спречување на ширење на пандемија, родителите потребно е задолжително да закажуваат прием во основните училишта на следните телефонски броеви:

1. ООУ „Кузман Јосифовски Питу" – психолог, Злата Анчевска 078 248 628

-дефектолог Маја Бањанска, 078 416 017 и одделенски наставник Светлана Симоновска 078 447 399

2. ООУ „Партенија Зографски" - одговорно лице Елена Петрушевска, педагог, 078 200 271

3. ООУ „Невена Георгиева Дуња" - тел 078 344 993 Калина Спироска педагог; тел. О2 2776 230

4. ООУ „Кирил Пејчиновиќ" - oдговорно лице е педагогот на училиштето Жаклина Стојановска тел. за контакт 075 246 465

5. ООУ „Круме Кепески" - Павлина Трипуновска- Директор, тел: 078/356-120 и

Сашка Донева- секретар, тел: 078/356-124

6. ООУ „Рајко Жинзифов" - централно: педагог Весна Рафеска тел: 070 344-279

-подрачно:психолог Јасмина Пакашки тел 075 288 261

7. ООУ „Кузман Шапкарев" – педагог, Марта Стојановска – тел. 075/373-093

8. ООУ „Св.Климент Охридски" – одговорно лице Елена Петрушевска, педагог, тел. 078 200 271

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

ЕУ одвои 68 милиони евра дополнителна хуманитарна помош за Палестинците

ЕУ донесе одлука за одвои дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците со цел справување со тешката хуманитарна криза во Газа и со постојаниот пораст на потребите на цивилите на теренот, соопшти Европската комисија. 

Според еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич, во Газа се случува на вистинска хуманитарна катастрофа која претставува екстремна опасност што може да ги доведе Палестинците во критична состојба.

- Драматичниот биланс на жртви и повредени меѓу цивилите, од кои повеќето се жени и деца, уништувањето на виталните инфраструктури и претстојниот глад во Газа мора да бидат аларм за будење за целата меѓународна заедница, истакна Ленарчич.

Според него, цивилите не треба да бидат тие што ја плаќаат цената на конфликтите.

- Палестинците не можат повеќе да чекаат да пристигне значајна помош, Израел мора да стори повеќе за да се избегне понатамошна човечка катастрофа. Почитувањето на меѓународното право е најважно, заклучи еврокомесарот Ленарчич.

Оваа дополнителна хуманитарна помош ќе се дистрибуира преку партнерски организации на ЕУ кои веќе им помагаат на Палестинците во Газа и во целиот регион. Помошта првенствено е наменета за задоволување на потребите за храна и вода, здравствена заштита, санитарии и објекти за сместување.

Со овие 68 милиони евра вкупната хуманитарна помош што ЕУ ја обезбеди за Палестинците во Газа и во целиот регион во 2024 година достигна 193 милиони евра. /МИА

притисни ентер