КошаркаМЗТ Скопје со победа над Работнички ја заврши 2015 годинаЕкипата на МЗТ Скопје го победи големиот градски ривал Ранотнички и триумфални за заврши 2015 година. Во последниот меч од 12 коло на Првата македонска кошаркарска лига, воедно последен и во оваа календарска година, актуелниот шампион МЗТ Скопје го победи Работнички со 86-75 по четвртини 16:19, 24:24, 17:33 и 18:10. На средбата одиграна во салата „Градски парк’’ во Скопје, кошаркарите на МЗТ до десетата победа во првенството, стигнаа благодарение на убедливата разлика од 16 поени со која ја добија третата четвртина (33:17). Ѓорѓе Дреновац со 27 поени беше најефикасен во победничката екипа, за која капитенот Дамјан Стојановски реализира 18 поени. Во редовите на домаќинот најефикасни беа ветераните, Ѓорѓи Чековски со „дабл-дабл“ учинок од 23 поени и 11 скокови, како и Димитар Мираковски кој покрај 20 поени имаше и 10 асистенции. На останатите натпревари од ова коло одиграни претходно, Куманово – Струмица 94-53, Фени Индустри - Карпош Соколи 80-86 и Кожув – Бест 82-69. По ова следува пауза до 16 јануари за кога е предвидено 13.коло. Табела: Карпош Соколи 10-2 (победи-порази), МЗТ Скопје 10-1, Куманово 7-5, Кожув 6-6, Работнички 5-7, Фени Индустри 6-5, Струмица 3-8 и Бест 0-12 .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат децаДве третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца. Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца. Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80. Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работнициМинистерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој се нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност.Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран. Напоменуваме дека напад врз здравствен работник и здравствен соработник претставува кривично дело . Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни. Здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните. Насилството нема место во здравствените установи. Почитувањето и заштитата на здравствените работници мора да бидат заеднички приоритет, реагираат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook