МЗТ Скопје подмладен и подготвен за новата сезона - Канал 5

МЗТ Скопје подмладен и подготвен за новата сезона

Македонскиот кошаркарски вицепрвак МЗТ Скопје Аеродром утре против словенечки Хелиос стартува со настапите во АБА 2 лигата.

МЗТ Скопје подмладен и подготвен за новата сезона

„Сино-белите“ во поразличен состав за разликата од минатите сезони ќе атакуваат на трофеиоте во домашното првенство и на обид да се обезбеди враќање во АБА 1 лигата. Во тимот се приклучени неколку помлади играчи за кои тренерот Ѓорѓи Кочов рече дека ќе добијат можност да се надградуваат.

- МЗТ презема ризик да вади играчи и да брка резултат. Младите играчи што ги имаме, се надевам дека ќе ги подигнеме на едно ниво. Можеби нема да бидат за АБА-лига, туку за македонската лига. Знаеме дека кошарката во изминатите години ни е стерилна, дека немаме извадено играчи, но ќе се бориме за тоа, рече Кочов на денешната прес-конференција.

Презадволен сум екипата и од фактот што го задржавме костурот во однос на минатата сезона. Додадовме четири странски засилувања, кои пред да ги донесеме најважно нешто што ми беше мене како тренер беше нивниот карактер. Функционираме добро, имаме услови не за АБА-лига, туку за Евролига. Кај народот се смета дека АБА2 е слаба. Меѓутоа, начинот на кој клубовите играат кошарка не е потценувачки. Не чека тешка битка на два фронта, но имаме ростер за тоа, дополни предводникот на клубот од Аеродром.

Еден од четворицата странски играчи кои ја добија довербата на стручниот штаб и раководството на клубот е Хрватот Иве Иванов.

- МЗТ е голем клуб и среќен сум што сум тука. Доаѓам од хрватската лига, но нема голема разлика со Македонија, Освен Цедевита која има силен буџет, другите екипи во АБА лигата се тука некаде. Без разлика што ќе играме во АБА 2 лигата нема да биде воопшто лесно. Не чека тешка борба со добри и квалитетни екипи, вели Иванов.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Хелиос се игра утре од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Планиран атентат врз човек од врвот на Министерството за одбрана на Русија, уапсена жена

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила планиран терористички напад врз висок функционер на руското Министерство за одбрана во Москва.

Планиран атентат врз човек од врвот на Министерството за одбрана на Русија, уапсена жена

Исто така, ФСБ уапси 25-годишна руска државјанка осомничена за соработка со украинските специјални служби.

Според ФСБ, осомничената била регрутирана од украинските служби во 2024 година за да собира разузнавачки податоци и да утврдува локации во Москва и Санкт Петербург што би можеле да се искористат за изведување напади, пренесе „Спутник“.

Руската служба изјави дека украинскиот оперативец бил во романтична врска со неа и ѝ ветил продолжување на врската во Украина по завршувањето на задачите. Според соопштението, во март 2026 година, жената изнајмила стан во Москва, каде што инсталирала камери за пренесување сигнали до Украина за следење на движењата на воениот персонал.

Според ФСБ, таа ги подготвила условите за престој на непосредниот извршител на нападот во истиот стан. ФСБ тврди дека било планирано извршителот да пристигне во Москва откако осомничената ќе ја напушти Русија и ќе замине за Украина преку Турција и Молдавија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ

СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и тоа што економијата се движи напред, се инвестира и се гради.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС

СДС манипулира и се служи со селективно толкување на економските податоци.

СДС очајно се обидува да создаде црни сценарија, конструкции и неоснован песимизам кај граѓаните.

Проекциите на Меѓународниот монетарен фонд се прогнози, а не конечни резултати. Истата институција очекува Македонија да продолжи со стабилен економски раст, при што земјата останува меѓу економиите со позитивни перспективи и макроекономска стабилност.

СДС зборува за економија, а заборава дека токму во време на владеењето на СДС и ДУИ Македонија се соочи со рекордна инфлација, историски највисоки цени на храната и енергенсите, изгубена доверба кај инвеститорите и сериозно нарушени јавни финансии.

Денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на капитални инвестиции, нови инфраструктурни проекти, подобрување на деловната клима и привлекување нови домашни и странски инвестиции. Ефектите од овие политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се мерливи и видливи.

Буџетот останува стабилен, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува средства таму каде што се најпотребни и одговорно управува со јавните финансии.

Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат повеќе пари за проекти во општините, земјоделството, раст на платите, студентски и ученички стандард, социјална заштита, капитални инвестиции и забрзување на инвестицискиот циклус.

Инфлацијата се намали и изнесува 3,4%, владините мерки преземени за време на енергетска криза дадоа резултати.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на реални проекти и ги реализира, започнува изградбата на автопатот Скопје – Блаце, а на целата територија на државата се развиваат 6 автопатски делници.

Заврши времето на СДС и ДУИ кога буџетската каса беше празна, државата оставена на раб на банкрот а јавните финансии се трошеа на луксузирање на функционерите на СДС и ДУИ.

СДС да не се обидува залудно да ги плаши пензионерите со неосновани тврдења. Исплатата на пензиите е редовна и сигурна, а Владата останува посветена на зајакнување на пензискиот систем и подобрување на животниот стандард на пензионерите.

Граѓаните добро знаат дека СДС и ДУИ ја оставија државата со високи долгови, корупциски скандали и изгубени години во економскиот развој. Наместо да шири страв и дезинформации, СДС треба да понуди аргументи и да преземе одговорност за сопствените погрешни политики.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирана на економски раст, нови инвестиции, отворање работни места и подобрување на животниот стандард на сите граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џаред Батлер уште една година во Црвена ѕвезда

Американецот Џаред Батлер го продолжи својот актуелен договор со КК Црвена ѕвезда за уште една сезона, што значи дека ќе биде под договор со „црвено-белите“ и за сезоната 2027/2028.

Џаред Батлер уште една година во Црвена ѕвезда

Американскиот бек пристигна во Звезда на 23 октомври 2025 година како поранешен играч на Феникс и Филаделфија.

Во својата прва сезона во Црвена ѕвезда, Џаред Батлер се етаблираше како еден од најдобрите играчи на надворешните позиции во Евролигата – со просек од 14 поени, 4 асистенции и 2 скока – како и еден од најважните играчи на „црвено-белите“.

Клубот денеска ја извести јавноста дека соработката со американскиот бек е продолжена до сезоната 2027/28.

Батлер на тој начин ќе биде исклучително важен дел од црвено-белиот тим во следната сезона во која новиот тренер Ибон Наваро ќе седи на клупата.

Како што е наведено во соопштението, „Спортскиот оддел на КК Црвена звезда вложи големи напори да го задржи играчот кој имаше и ќе има исклучително важна улога во тимот“. Во текот на овој преоден рок, Балтер имаше бројни и исклучително профитабилни финансиски понуди од клубови од НБА и Евролигата, поради сè што покажа откако пристигна во Црвена Звезда - но тој одлучи да продолжи да го носи црвено-белиот дрес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер