ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
1ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
3МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница
КошаркаМЗТ Скопје Аеродром претрпе пораз на гостувањето во Никшиќ во АБА 2 лигатаКошаркарите на МЗТ Скопје го одиграа вториот натпревар од втората АБА лига. Македонскиот првак одигра добро прво полувреме, а во второто полувреме ја загубија двоцифрената предност, на крајот домашниот тим се радуваше на победа од 83:77.Во последната четвртина двете екипи ја дочекаа со резултат (58:52) во корист на гостите од Скопје. Но, последниот период „металците“ го одиграа доста лошо, особено во нападот. Имаа сериозни проблеми со реализацијата Во третото коло од регионалното натпреварување, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе имаат уште едно гостување, во Бања Лука, На 5.ноември, ќе играат против дебитантот во оваа конкуренција, екипата на Студент. Тагови: кошарка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-СандевоСѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 34 пожари, од кои седум се ставени под контрола. Во општина Струга пожар има кај селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што гори нискостеблеста шума. Во општина Македонски Брод гори кај селото Белица, односно кај местото викано Кајорец кон селото Брезница, а во Чучер-Сандево гори во близина на селото Брест на Скопска Црна Гора. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера уште еднаш предупреди жителите да внимаваат заради тоа што се уште има опасност од пожари .Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .Тагови: Арачиново Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерницаПоранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен информираат од министерството за внатрешни работи. Бајрами беше во бегство од 2024 година.Од министерството за внатрешни работи информираат дека утрово во 5 часот и 35 минути ,на граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил 33 годишниот Бајрами које баран со меѓународна потерница. Тој бил лишен од слобода и спроведен во казнено поправната установа -Скопје. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со наводното незаконско работење на Државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против Бајрами и Груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако Кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин Блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter