3 Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот однос
КошаркаМЗТ Скопје Аеродром поведе со 2:1 во кошаркарскиот плеј офКошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја остварија и втората победа и поведоа со 2:1 во добиени натпревари во финалето на кошаркарскиот плеј оф. Тие синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ го совладаа Работнички со 95:80 (25:19; 32:23; 19:22 и 19:16).Со исклучок на воведните пет минути кога Работнички имаше предност во текот на целиот натпревар „аеродромци“ имаа контрола над резултатот, а на почетокот на вториот дел имаа предност од 18 поени (60:42), додека највисоката разлика ја имаа во последната минута (95:76) + 19 поени. Стефан Синовец и Александар Цветковиќ беа предводниците до победата, а постигнаа 23 поени односно 18. Во редовите на Работнички Димитар Мираковски и Дарко Кнежевиќ реализираа по 14 поени. Следниот натпревар (број 4) се игра на 3.јуни во вторник и МЗТ Скопје Аеродром со победа ќе ја одбрани шампионската титула, доколку триумфира Работнички ќе се избори за мајсторка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдложено е денешното рочиште за Државна лотарија поради остуство на сведокОдложено првото рочиште за Државна Лотарија откако Артан Груби пред една недела излезе и од куќен притвор – сведок на обвинителството не се појави во судница. Станува збор за Надије Хоџа, вработена во државна лотарија, која вчера ги известила обвинителите дека денеска ќе оди на службено патување. По ова, судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски го одложи рочиштето, следното судење е веќе утре, но Хоџа повторно нема да се појави во судницата. Поради ова, судот го задолжуи обвинителството да го обезбеди сведокот на судењето закажано за 30 октомври. Покрај тоа што судот ќе почека Хоџа да се појави како сведок, од претходно Владо Петковски, директорот на секторот за приредување на игри на среќа беше прогласен за непријателски сведок на обвинителството, иако беше предложен од нивна страна. Обвинителите велат дека истражуваат дали врз Петковски имало некакво влијание бидејќи тврдат дека пред судот го сменил исказот, но генерално посочуваат дека се задоволни од досега дадените искази на нивните сведоци. – Тој беше испитан во обвинителството како осомничен, беше предложен како сведок во делот на набавката на ВЛТ апаратите, а од нему познати причини одлучи да го промени исказот којшто го имаше дадено во обвинителството . Вториот сведок имаше неколку клучни моменти коишто мислиме дека се битни за предметот. Иако ова е предмет којшто генерално е базиран на материјална документација како доказим меѓутоа сведоците даваат неколку поврзници на тие докази, вториот сведок имаше неколку клучни моменти кои сметаме декао дат во корист на теоријата на одбраната,- изјави Даниел Коцев, обвинител во случајот „Државна лотарија“. На утрешното рочиште треба да се појави нов сведок на обвинителството, додека Хоџа и уште еден вработен во државна лотарија, во судницата ќе се појават на 30 октомври. Покрај поранепшниот прв вицепремиер Артан Груби, за проневери од 9,7 милиони евра во државна лотарија обвинет е и екс директорот Перпарим Бајрами и уште 6 лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
ЕкономијаССМ: Синдикалната минимална кошница за октомври 70.358 денари, зголемена e за 926 денариСиндикалната кошница надмина 70 илјади денари.Споредбено со септември, пресметките на ССМ, покажале дека трошоците за четиричлено семејство пораснале за 926 денари, а дека цела една минимална плата, нешто над 26 илјади денари, треба да се потроши само за најосновните потреби - за храна и пијалоци. Ако се направи споредба со почетокот на годината пак, минималната синдикална кошничка се зголемима за 3945 денари. Заменик-министерот за економија Ристески оценува дека скокот на цените на горивата има влијание на целата економија, но со владините политики вели граѓаните не се оставени сами на себе. Во понеделник на социо-економскиот совет во Владата, пак, ќе се дебатира за владината потрошувачка кошница, која на неодамнешната презентација покажа драстично помали трошоци за живот во однос на синдикалната. -Владата покажа дека и во ваква тешка економска светска криза има капацитет да се справува со правење на одлични мерки кои досега дадоа и резултати. А дека има резултати покажува и фактот дека имаме и една од најниските инфлации во Европа и регионот. / Имаме зголемување на просечната исплатена нето плата во Македонија, што најголем дел од населението да речам се движи околу таа просечна плата, бидејќи само 2 проценти од населението реално земаат минимална плата, така да ќе гледаме таа просечна или медијална плата да се зголемува и понатаму,- Марјан Ристески – заменик министер за економија. -Цената на нафтата држи константно повисока цена, има раст на платите во привнатниот бизнис, тоа е потврдено со официјални податоци од заводот за статистика, зголемени суровини.. Сето тоа придонесува да има притисок на излезната страна, во однос на тоа да има потреба да се покачат одредени цени. Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија. За да се зголеми продуктивноста и можноста за поголема заработката на работниците, Ѓорѓиевски најавува дека во следниот период ССК ќе се залага за плаќање по час, модел кој оценува дека фукционира добро во многу други држави и во приватниот и во јавниот сектор. Инаку, според извештај на Здружението за истражување и анализи - ЗМАИ, Македонија достигнува 64 проценти од просечното ниво на благосостојба во ЕУ. Според нивните заклучоци, доколку се задржи просечното темпо на приближување од последните пет години, ќе бидат потребни уште 52 години за да се достигне европскиот просек. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Македонија Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот односМинистерот за одбрана Мисајловски и началникот на генералштабот на армијата, Лафчиски попладнево во владата одржаа прес-конференција заедно со претставници на синдикалните здруженија.. Афродита Рамос го следи пресот. Афродита, има ли трајно решеение за статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст? Во видедото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter