МЗТ против Гран Канарија ќе слави 20-годишнина од победата над Реал Мадрид - Канал 5

МЗТ против Гран Канарија ќе слави 20-годишнина од победата над Реал Мадрид

Следниот домашен натпревар во рамки на Еврокупот, закажан за 9 ноември против Гран Канарија во салата „Јане Сандански“, ќе биде искористен и за одбележување на еден од најважните и најголеми јубилеи во историјата на МЗТ Скопје Аеродром. Тоа е 20-годишнината од победата над големиот Реал Мадрид.

МЗТ против Гран Канарија ќе слави 20-годишнина од победата над Реал Мадрид
Доаѓањето на македонскиот кошаркарски херој Лестер Бо Мекејлеб, еден од најзаслужните на историското четврто место на ЕП 2011 во Литванија, беше само дополнителен мотив за управата на клубот прославата на овој голем настап од клупската историја да биде токму на средбата против шпанскиот прволигаш.

Според замисленото, официјалниот дел од церемонијата ќе се случи на паузата помеѓу втората и третата четвртина, кога на паркетот ќе се појават членовите на легендарната генерација на МЗТ Скопје, која на 6 ноември 1996 година со резултат 69:68 го урна „кралскиот клуб“ предводен од имиња како Жељко Обрадовиќ, Дејан Бодирога, Оренга..., а кои ќе добијат пригодни подароци во сеќавање на овој голем датум.

Ова ќе биде исклучителна можност за сите навивачи на клубот, но и вљубеници во македонскиот спорт воопшто, уште еднаш да ги поздрават кошаркарите и тренерите чии имиња со златни букви се запишани во историјата на сино-белата чета. Се подготвуваат и други изненадувања, меѓу кои е и присуството на легендарниот коментатор Љубомир Николовски, чиј глас е своевиден заштитен знак за сите нашите големи победи од тој период.

- Поради сето ова, управата на МЗТ Скопје Аеродром ги повикува сите оние кои пред две децении „висеа“ по оградите на популарната „Лименка“ и скокаа од радост и среќа по двете победнички слободни фрлања на Перо Блажевски, повторно да дојдат во овој пат модернизираниот „Јане Сандански“ и да се потсетат на досега најголемата победа во клупската историја. Исто така, би сакале да ги поканиме и оние што тогаш, поради малиот капацитет на салата, навиваа од пред малите екрани како и оние помладите да дојдат и уште еднаш да ги поздрават хероите од пред 20 години, нормално со уште еден френетичен аплауз каков што добија по последниот звук на сирената по триумфот над Реал Мадрид, апелираат од МЗТ Скопје.

Влезниците за овој спектакл ќе чинат 150 денари и веќе од утре ќе можат да се купат и тоа на билетарницата пред салата „Јане Сандански“ , како и он-лајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад

СДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА БОГДАНКА КУЗЕСКА

Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад

СДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Нам ни е јасно дека СДС се спремни да ги искористат сите нечовечки механизми за да пробаат да го нарушат угледот и честа на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Но, ова веќе ја прели чашата.

Со кое лице Кузеска и СДС обвинуваат за некаков криминал, кога тие и нивниот врховен лидер Заев, аболициран криминалец со тапија, и неговиот другар Филипче, несуден криминалец затоа што го штитат судиите и обвинителите кои Заев со Ахмети ги бираше од нивните тефтери во Муртино и Зајас.

Со кое лице Кузеска и СДС говорат за српски свет кога тие со Заев и Филипче се основоположници на српскиот, рускиот и кинескиот свет во Македонија. Ги носеа бизнисмените како Онишченко, Марковски и Дака да им вршат криминални услуги и да ги крадат парите од државниот Буџет.

Лицемерие на највисоко ниво!

Фирмите со нелегална марихуана блиски до Зоран и Вице Заеви, нека кажат како поминаа тони дрога од државата? Зошто беа пронајдени над 40 тони дрога токму кај фирмите блиски до Заеви?

Нека кажат Филипче и Заев, како менуваа ДУП-ови во Дојран за нивните браќа да градат фотоволтаични централи?

Еден криминалец со тапија, другиот криминалец без тапија!

Менуваа кривичен законик за да не одговараат и да се ослободат од сите матни зделки што ги правеа.

Истото што го правеше Вучиќ го правеа и тие! Му се поклонуваа, му се извинуваа и го величаа додека беа на власт, а сега преку 1000 прес-конференции нема да можат да се исперат.

И додека слават победи на други партии во други држави, а нивните сестрински партии имаат незначителни резултати, СДС во Македонија е трета, четврта или петта партија.

Наместо да си го гледаат сопствениот двор, и да стават прст на чело зошто рејтингот им стагнира, тие се занимаваат со глупости.

П.С. Ќе победат ли и вечер на изборите во Израел?

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ГРК Охрид и Алкалоид ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ купот

Бранителот на трофејот Охрид и победникот од пред две сезони Алкалоид  денеска ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ европскиот куп.

ГРК Охрид и Алкалоид ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ купот

Aктуелниот освојувач на ЕХФ европскиот куп Охрид за противник на денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, ја доби литванска Клаипеда.

Победникот од пред две години, пак Алкалоид ќе има незгодна задача против словенечкиот Горење Велење.

Првите натпревари од оваа рунда се закажани за 21. и 22. ноември, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пристигна „Одисеја“ генерирана од вештачка интелигенција: Погледнете ги првите 7 минути

„Grok“ ги објави првите седум минути од својата верзија на „Одисеја“, создадена со помош на вештачка интелигенција.

Пристигна „Одисеја“ генерирана од вештачка интелигенција: Погледнете ги првите 7 минути

Три месеци откако Илон Маск најави дека „Grok“ ќе објави долгометражна, „историски точна“ филмска верзија на „Одисеја“, компанијата претстави седум минути материјал – кој сега се опишува како „прва епизода“ од нивната серија „Одисеја“.

Маск претходно остро ја критикуваше верзијата на „Одисеја“ на Кристофер Нолан, приговарајќи за вклучувањето на актери кои не се белци, како и на трансродови актери. На многу начини, Нолан претставува совршена спротивност на Маск: Додека извршниот директор на „SpaceX“ и „Tesla“ креира голема врева околу податочни центри во вселената и постојано „исфрла“ содржини генерирани од вештачка интелигенција, Нолан се опишува себеси како „техно-скептик“, истакнувајќи дека, пред појавата на вештачката интелигенција, никогаш не наишол на технологија која е „толку целосно отфрлена од јавноста“.

Иако „Одисеја“ на Нолан секако користеше многу визуелни ефекти, таа пред сè беше триумф на практичното филмско создавање – со продукција што се одвиваше во шест земји и вклучуваше актерска екипа и филмска екипа што брои илјадници луѓе. По премиерата во јули, филмот постигна извонреден успех на кино-благајните, при што билетите за проекциите во „IMAX“ беа распродадени со месеци однапред, а филмот се наметна и како сериозен кандидат за претстојните награди „Оскар“.

Што се однесува до верзијата на „Одисеја“ од „Grok“ (создадена во соработка со „Wonder Studios“ и режисерот Дев Вокер), можете да ја погледнете овде:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер