3Ужас во градинка во Израел: Директорка и две негувателки се обвинети за 400 напади над шестмесечни бебиња
МакедонијаМЗШВ : За две и пол години исплатени 314,5 милиони евра за субвенции за земјоделцитеМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и во следниот период ја продолжува политиката за навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделците. Во реакцијата за протестите на земјоделците во Скопје МЗШВ неведува дека според динамиката за исплата, се подготвуваат решенијата за исплата на субвенцијата за откупена пченица од домашно производство од родот 2018 година, за што во ребалансот се проектирани 40 милиони денари. Веднаш потоа, следува исплатата на субвенциите за предадени градинарски култури, предадени домати и јаболка, субвенција за површини со поледелски и градинарски култури, овошни и лозови насади, како и за грло добиток. Со ребалансот се проектирани и 40 милиони денари за субвенции за заклани свињи како превенција од појава на болеста африканска свинска чума. Сумирано, со ребалансот на буџетот, се обезбедени нови 915 милиони денари за субвенции за дополнителни мерки кои ќе ги добијат земјоделците за различни видови производи. Со оваа сума финансиската поддршка за земјоделството годинава достигнува околу 7 милијарди денари, пари кои директно се враќаат кај земјоделците за да ги инвестираат во новото производство. Досега од 1-ви јуни 2017 година за мерките од Програмата за земјоделство и рурален развој се исплатени над 19,3 милијарди денари или 314,5 милиони евра, по основ на тековни исплати и заостанати долгови од претходните 2013,2014 и 2015 година, кои минатата власт не ги сервисирала навремено. Земјоделството е сектор кој за Владата преставува еден од приоритетните, за којшто заеднички со земјоделците се креираат мерки коишто ќе придонесат за раст на економијата, за конкурентно земјоделство, поголеми приходи за земјоделците и крајно за вреднување на трудот на земјоделецот. По барање и во консултација со сточарите, деновиве Владата донесе одлука за нова дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари, со цел да се намалат загубите на одгледувачите на овци поради ниската откупна цена. Во два дена се исплатија вкупно 195 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпа и за субвенцијата за предадено млеко, пари коишто директно легнаа на сметките на вкупно 7.872 земјоделци. МЗШВ заедно со Платежната агенција изминатите две и пол години креираше мерки за подобрување на состојбата во земјоделството, за покривање на загубите што земјоделците ги претрпуваа поради пазарните услови и временските непогоди, се решаваа долгогодишни проблеми, а субвенциите се исплаќаат навреме пред почетокот на производствената сезона. Се реши долгогодишниот проблем на лозарите, Владата на РСМ донесе одлука за исплата на долгот што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници го имаа кон лозарите за предаденото грозје во 2014 и 2016 година. Се исплатија над 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари. Претходно, се исплатија 9 милиони евра за основната субвенција за одржување на лозови насади, а над 1 милион евра се исплатија на сметките на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денари за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби. Во следниот период ќе биде донесена и одлука за интервентна мерка за лозарите за годинешната реколта. Во делот на овоштарството, навреме се исплати основната субвенција за одржување на овошни насади. За овошните култури предадени во преработувачки капацитети се исплатени 75 милиони денари на 1.460 земјоделци, од кои само за предадени јаболка се 39,5 милиони денари. Дополнително со ребалансот се планирани 160 милиони денари за исплата на дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени индустриски јаболка кај откупувачи. Развојот на стратешките извозни култури е приоритет на МЗШВ. Затоа се донесе нов модел за повисоки субвенции за тутунарите во три нивоа. Субвенцијата за прва класа е 80 денари, за втора 70 денари за трета и останатите класи 60 денари за килограм. Сите субвенции за тутунот од реколта 2018 се исплатени, или вкупно 28 милиони евра. Последните две години се постигна највисока откупна цена на тутунот, односно за реколта 2017 цената беше 217,6 денари, а за реколта 2018 откупната цена беше 214,2 денари за килограм. Во насока на порентабилно и поконкурентно производство, Владата за прв пат воведе мерка за поевтино гориво за земјоделска механизација, 30 отсто од трошоците ги покрива државата. Со мерката се опфатени околу 55.000 земјоделци што имаат поледелски и градинарски култури, овошни и лозови насади. Со оваа мерка се враќаат околу 200 милиони денари назад кај земјоделците. До денеска со помош на зелените картици земјоделците имаат наточено гориво во вредност од 71,6 милиони денари. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во следниот период ќе ја продолжи политиката на навремена и неселективна исплата на субвенциите, отворена и транспарентна комуникација со земјоделците за креирање на заеднички и развојни мерки за земјоделството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДавид од Црниче е пронајден Давид, по гого се трагаше попладнево е пронајден . Давид од Црниче , момчето со аутизам е пронајден , соопшти неговото семејсто и се заблагодари на сите што помогнаа во неговото пронаоѓање „Голема благодарност до Министерство за внатрешни работи за брзата реакција и до сите кои го споделија постот. Ви благодариме од срце“, се вели во објавата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСтудентското движење во Албанија најави по два национални протести неделно По повеќе од 150 дена протести и изрази на незадоволство, студентското движење во Албанија одлучи да ги засили своите активности и да премине на нова стратегија за организирање демонстрации. Според организаторите, во иднина ќе се одржуваат два национални протести неделно, секоја среда и сабота, почнувајќи од 14 часот, објавува Лајми. Како што е наведено во соопштението издадено од претставници на студентското движење, промената во динамиката на протестите има за цел да се одржи континуитетот на студентската мобилизација, но и дополнително да се зголеми притисокот врз албанската влада да одговори на барањата на демонстрантите. Студентите, кои со месеци учествуваат на протести низ целата земја, не се откажуваат од своите барања, а во центарот на нивното незадоволство сè уште е барањето за оставка на премиерот Еди Рама. Организаторите сметаат дека е потребно да се продолжат собирите и да се интензивира притисокот врз владата, поради што одлучија протестите да бидат поредовни и почести. Во меѓувреме, се очекува да се придружи и опозицијата, која треба да организира свои протести против владата во поддршка на барањата на студентите. Според најавите, пред кабинетот на премиерот ќе се одржат митинзи на опозицијата, што би му дало на незадоволството од политиките на актуелната влада дополнителна политичка димензија.Тагови: Албанија протести Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
АвтомобилизамРено развива воено возило без екипаж, наскоро почнуваат теренските тестирања (ФОТО)Renault, во соработка со белгиската компанија John Cockerill, го претстави Forefront, концепт на беспилотно електрично возило за сите терени. Наменето е за воени и цивилни задачи во опасни или тешко достапни области, каде што испраќањето луѓе би претставувало ризик. Наместо класичен теренец, партнерите развија модуларна платформа која може да се управува од далечина. Два електрични мотори обезбедуваат погон на сите четири тркала, а управувањето со сите тркала го олеснува маневрирањето на тежок терен и во тесни простори, според Рено. Домет од околу 400 километри Очекуваниот домет е околу 400 километри, а можно е да се зголеми со системот за проширување на дометот. Целниот носивост е до еден тон. Тивкиот електричен погон треба да биде корисен во операции каде што намалувањето на бучавата е важно. Според податоците на Renault, возилото може да совлада искачувања со наклон до 60 проценти. Модуларната конструкција овозможува прилагодување на различни задачи и инсталирање на потребната опрема. Не е само за војската Можните воени апликации вклучуваат логистичка поддршка, транспорт на опрема, собирање разузнавачки информации, надзор и извидување, операции против беспилотни летала, огнена поддршка и евакуација. Forefront би можел да служи и за цивилна заштита, логистика и интервенции во опасни работни услови. Целта е да се овозможи извршување на задачи на места каде што луѓето би биле изложени на опасност. Заедно со далечинското управување, се развиваат и автономни функции, со крајна цел целосно независно движење на платформата со соодветни безбедносни системи. Ќе следат теренски тестови Renault ја разви платформата врз основа на докажани автомобилски компоненти и искуство со електрични погони и батерии. Џон Кокерил е задолжен за системите за далечинско управување, автономните функции и прилагодувањето кон воените потреби. Француските вооружени сили, исто така, учествуваа во развојот. Во наредните недели, Forefront ќе учествува во вежби и тестирања, по што тимот за развој дополнително ќе го прилагоди возилото врз основа на корисничкото искуство. Досега, датумот на почеток на сериското производство и датумот на пуштање во употреба не се објавени. „Форфронт“ останува концепт преку кој „Рено“ и Џон Кокерил ги демонстрираат можностите за заеднички развој на беспилотни возила.Тагови: возило Рено Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter