Мицкоски за односите со Бугарија: Нема брзоплети чекори, потребни се доверба, гаранции и присуство на ЕУ
2Мицкоски за односите со Бугарија: Нема брзоплети чекори, потребни се доверба, гаранции и присуство на ЕУ
3Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
МакедонијаМЗШВ: Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанствоСо предлогот на ребаланс на Буџет предвидени се дополнителни над 1,4 милијарди денари за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и околу 100 милиони денари за капитални инвестиции во водостопанство.Со одговорни политики обезбедуваме поголема конкурентност и подобри услови за секој земјоделец. Со вистинска поддршка на земјоделците придонесуваме за одржливо земјоделство. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанствоТагови: МЗШВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
ЖивотЕУ предлага забрана за социјалните мрежи за деца под 13 години Одат ли социјалните мрежи под клуч за најмладите во земјите од Европската Унијата? Децата под 13 години би можеле да останат без пристап до TikTok, Instagram и другите платформи, а за оние под 15 години да важат строги ограничувања. Европа бара начин како да ги заштити младите од штетните содржини, без притоа да ја загрози нивната приватност. Но, идејата за ограничување на пристапот веќе отвора и дилеми. Дел од активистите за детски права и некои земји членки предупредуваат дека целосните забрани можат да го ограничат правото на младите на информирање и изразување. Затоа, предлогот не се однесува само на социјалните мрежи – опфатени се и платформите за видеоигри и чет-ботовите со вештачка интелигенција. Доколку ваквите правила станат дел од европската регулатива, Македонија не треба да остане настрана од процесот. Комуникологот Бојан Кордалов за Канал 5 смета дека земјава треба да ги следи европските законски решенија и практики за заштита на децата во дигиталниот простор. „Македонија треба да ја следи Европската легистатива и таа што предложува и прави,не би рекол дека зборуваме за ограничување туку за целосно редифинирање на праксата и можностите кои се нудат, тоа значи различни опции за деца од 11 години...понатаму за малолетници до 15 и до 18 години“-– Бојан Кордалов. Самата забрана тешко дека би била доволна за вистинска заштита на децата, оценува Кордалов Според него, ефект би имало доколку ограничувањата се спроведуваат со јасен план и правила – под кои услови младите ќе можат да ги користат социјалните мрежи, со вклученост на институциите и следење на решенијата што ги предвидува европското законодавство. ,,Јас секогаш кажувам забрана како забрана сама по себе не може да биде ефикасна но,план програма под кои услови, што ќе се користи и која ќе биде алтернативата е многу поразлично од самата забрана дека од утре нема да има социјални мрежи“, – Бојан Кордалов. Во Македонија, засега, нема најава за ваква забрана. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски неодамна изјави дека не се планира ограничување на пристапот до социјалните мрежи за децата, туку се разгледуваат други мерки за нивна заштита. Во декември лани,Австралија веќе стана првата земја во светот што забрани користење социјални мрежи за лица под 16 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во владатаЗа Максим Димитриевски, движењето ЗНАМ е првиот партнер во Владата кој одлучил секој еден негов избран и именуван функционер да реферира пред граѓаните за сработеното во изминатите две години. Димитриевски ова го изјави на денешниот настан каде функционерите на ЗНАМ даваа отчет за сработеното. –Нема ниту една единствена афера, нулта корупција и тоа претставено директно преку нашите претставници во извршната власт. Што се однесува до нашите приоритети – тоа е подобрување на социоекономскиот живот на нашите граѓани, правда за сите и еднаквост за сите пред законите во Македонија, изјави Максим Димитриевски, претседател на движењето ЗНАМ. Во однос на поделбата за ресори за во иднина, Димитриевски рече дека целта е да се прави за граѓаните, а не лица од неговото движење да се борат за позиции. Сепак, и самиот најави дека Движењето ЗНАМ очекува да добие уште еден заменик-министер во Владата, но не откри во кој ресор. – Што се однесува до поделбата на ресорите и местата, тргнуваме исклучиво од строго на апсект на преземање на одговоорност. Очекуваме дополнително уште едно заменичко место, уште еден ресор којшто треба да се дефинира во текот на следниот месец,- изјави Максим Димитриевски, претседател на движењето ЗНАМ. Додека избраните и именуваните лица даваа отчет, СДСМ преку соопштение остро го критикуваше од ЗНАМ, карактеризирајќи го како проект на премиерот Мицкоски. -ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ. Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата. – СДСМ. Движењето ЗНАМ е дел од владината коалиција нешто повеќе од две години. На парламентарните избори во 2024 година освоија шест пратенички мандати, а денеска во владата имаат двајца свои министри. Тагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски за односите со Бугарија: Нема брзоплети чекори, потребни се доверба, гаранции и присуство на ЕУБез брзоплети одлуки и без нов процес чиј крај не е однапред предвидлив – премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон испрати јасна порака за натамошните чекори на Македонија во спорот со Бугарија. Вели дека е свесен за политичката реалност, но и за последиците од политиките на претходните влади. Во интервју за МИА, Мицкоски открива дека односите со Софија се неизбежна тема во разговорите во САД, особено на средбите со претставници на Советот и Комисијата. Мицкоски оценува дека македонските позиции веќе привлекуваат внимание кај меѓународните партнери, особено во Европа, но посочува дека пред почетокот на каков било нов процес, најпрво мора да се изгради меѓусебна доверба. „Подготвени сме да аргументираме, а ако аргументите на соговорникот се посилни од нашите, подготвени сме и да ги прифатиме. Не се инаетиме и не сме тврдоглави. Нашата цел е македонската вистина и стратегија да ги претставиме на најдобар можен начин. Никогаш нема да влезам во процес без да имам предвидлив крај. За да дојдеме до таков процес, најпрвин треба да изградиме доверба, а за тоа мора да разговараме. Желбата треба да постои од двете страни, бидејќи ова е двонасочна улица“, рече Мицкоски. Пораките на премиерот доаѓаат откако еврокомесарката за проширување Марта Кос повтори дека уставните измени мора да се случат за земјава да продолжи напред во евроинтегративниот процес. Во нејзиниот последен јавен настап, вчера за време на посетата на Финска, Кос призна дека Македонија предолго чека пред вратите на Европската Унија. Таа порача дека, како Словенка која и самата живеела надвор од ЕУ, добро го разбира долгото чекање и дека е подготвена да работи на забрзување на европската интеграција на земјите од поранешна Југославија. „Многу земји, како Македонија, се кандидати од 2005 година и сè уште не сме почнале вистински. Живеев надвор од ЕУ и знам колку копнеевме толку години. Копнеевме, имавме желба да станеме земја членка. Сега сум подготвена да направам сè за да им овозможиме на другите земји, особено од територијата на поранешна Југославија.“- изјави Марта Кос – еврокомесарка за проширување. Дека македонското чекање трае предолго порача и финскиот министер за европски прашања Јоаким Странд. „Не можеме да имаме случаи како Македонија, која чека на редот за влез во ЕУ повеќе од 20 години. Бидејќи младата популација која сака да ја види иднината во Европа, наместо на друго место, нема да биде млада и мотивирана 25 години.“ изјави Јоаким Странд – фински министер за европски прашања. Инаку планот за раст и напредокот на земјите кандидатки ќе бидат во фокусот и на претстојната посета на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината тридневна балканска турнеја. Европската комисија потврди дека Фон дер Лајен од 30 септември ќе ги посети Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија. Според најавената агенда, посетата на Скопје се очекува на 2 октомври.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook