МЗ:Тројца починати, 191 новозаболени, 77 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 191 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-96, Куманово-4, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-15, Велес-1, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-15, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-2, Виница-5, Делчево-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти од: Скопје-19, Куманово-9, Штип-3, Тетово-3, Струга-6, Охрид-5, Кавадарци-3, Гостивар-2, Гевгелија-2, Струмица-2, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Делчево-1, Свети Николе-1.

Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Скопје (81г.), од Кичево (67г.) и од Струга (77г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18790, бројката на оздравени пациенти е 15341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2693. Денес се евидентираат три контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7386, активни 966

• Куманово 1799, активни 181

• Дебар 287, активни 32

• Штип 1280, активни 62

• Прилеп 722, активни 147

• Тетово 1487, активни 161

• Струга 685, активни 43

• Велес 338, активни 32

• Битола 331, активни 76

• Охрид 437, активни 32

• Кавадарци 252, активни 47

• Гостивар 947, активни 84

• Гевгелија 139, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 19 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 298, активни 181

• Крива Паланка 124, активни 38

• Радовиш 101, активни 37

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 417, активни 183

• Пробиштип 117, активни 19

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 5

• Пехчево 46, активни 4

• Берово 126, активни 48

• Валандово 46, активни 31

• Виница 124, активни 35

• Делчево 169, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 373, активни 59

• Кичево 334, активни 35

• Ресен 166, активни 8

• Неготино 58, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1350 теста се преку: ИЈЗ-422, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-358, Биотек-199, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-82, Систина со PCR метода -109, лабораторија Лаор –57, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-47, Инфективна клиника-6, ГАК-11, Синлаб-22, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 195.002 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 185, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 64

• Гази Баба – 108

• Аеродром - 170

• Карпош – 138

• Центар – 158

• Кисела Вода – 112

• Ѓорче Петров – 68

• Бутел - 38

• Шуто Оризари – 18

• Студеничани – 9

• Сарај – 16

• Арачиново – 5

• Илинден – 34

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 5

• Петровец – 7

• Зелениково - 3

• Странец – 10

• Нераспределен-0

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер