3ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија
3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
ЗдравјеМЗ со препораки за заштита на здравјето на населението од студеното времеМинистерство за здравство ја информира јавноста за мерките од Акцискиот план за превенирање на штетните влијанија и последиците од студеното време и студените бранови врз здравјето на населението, како и за превентивните мерки и препораки .МЗ препорачува навремено вакцинирање против сезонскиот грип во зимскиот период, особено за лица над 60 години, редовно земање пропишана терапија, пиење топли напитоци, внесување доволно храна, избегнување на алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија. Во случај на настинка и потешкотии при дишењето граѓаните да го консултираат матичниот лекар. Во случај на екстремно ниски температури да се избегнува физичка активност на отворено, користење повеќеслојна облека и соодветни обувки за снег и мраз, да се внимава на лизгави површини, набавка на основните лекарства и намирници порано да ви ги достават, или пак да прашате пријател или сосед за помош. Натаму МЗ им препорачува на граѓаните да бидат активни и да се движат во затворени простории, да го проверат греењето во домот, најмалку една соба треба да ги исполнува препорачаните собни температури (18-21°C), доколку се во можност да помогнат на членовите на фамилијата, соседите или пријателите кои спаѓаат во ризичните групи на население (постарите лица или оние со белодробни заболувања) и доколку забележат лице од ризик од студено време (бездомник, деца на улица и сл) да го пријават на бесплатниот телефон 15505. Информации за ранливите групи на население – постарите лица имаат потреба од потопла облека бидејќи тие создаваат помалку топлина за своите тела; бебињата се повеќе подложни на ладење, затоа треба да се проверува дали се загреани (дланките и стапалата треба да се топли); доколку имате срцева или белодробна здравствена состојба, избегнувајте тешки вежби на ладни температури, и облекувајте се соодветно (заштитете ги вашите глава, дланки и стапала). Министерството препорачува да се земаат лекарствата редовно, доколку користите инхалатор, вдишете од истиот пред да излезете на ладно, доколку имате дијабетес, вашите дланки и стапала може полесно да се повредат или, при екстремни услови, да страдаат од смрзнатици, затоа внимавајте да останат загреани, доколку имате артритис, можете да дојдете до заклучок дека ладното ги влошува вашите симптоми. Ќе помогне доколку ги загревате повредените зглобови, и можеби ќе треба да ги приспособите вашите лекарства; Обрнете особено внимание на оние кои живеат сами. Министерството за здравство спроведува и дополнителни активности, односно испратена е информација до сите ЈЗУа кои вршат дејност на итна медицинска помош низ РМ да имаат подготвен план за работа со зголемена приправност. Сите ЈЗУа имаат подготвено план за постапување, број на екипи и протокол за функционирање и постапување во услови на постоење на снежно време и ниски временски температури во РМ. Дополнително, до Ургентните центри е испратена информација да имаат целосна подготвеност и мобилност со материјал, опрема и кадар во случај на зголемена потреба од давање на здравствени услуги за време на снежно време и ниски температури, односно ЈЗУа-та кои вршат дејност на ИМП и Ургентен центар се подготуваат да имаат доволна соодветна залиха на лекови и медицински материјали во случај на екстремно ниски температури и снежни наноси. Дополнително да имаат залиха на ќебиња, како во установата, така и во возилата на ИМП. МЗ изврши и анализа за евентуална потреба од достава на лекови до граѓаните кои имаат потреба од достава на лекови, како и проценка за тоа на кои лица кои примаат хронична терапија ќе им биде потребна достава на лекови, согласно заклучокот од седницата на главниот штаб за управување со кризи за местата кои се најпогодени од снежниот бран кој ја зафати Македонија во изминативе денови. Министерството ќе продолжи да ја следи ситуацијата и во наредниот период и ќе известува соодветно. Повеќе информации граѓаните во однос на постапување за време на екстремно ниски температури и снежни наноси можат да добијат од Акциониот план за превенирање на штетните влијанија и последиците од студеното време и студените бранови врз здравјето на населението во РМ на следниот линк: http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2012/12/akcionen-plan-studeno-vreme.pdf. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВласта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен редПредлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. Дејан Трајкоски е во Парламентот.. Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка. Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година. Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување. Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година. Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес. Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
МакедонијаЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисијаДвижењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството. Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем. Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди. Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења. Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури. За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21