МЗ: Регистрирани се 81 нови случаи на Ковид-19

Нема пријавенo починато лице.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 787 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 56, Прилеп – 5, Битола, Кратово и Куманово – по 3, Кавадарци, Охрид, Тетово и Штип – по 2, Берово, Гевгелија и Кичево - по 1.

Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола - 9, Прилеп – 6, Куманово – 3, Тетово и Ккавадарци – по 2, Велес – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Направени се 787 тестови: ИЈЗ-126, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-14, ЦЈЗ Прилеп-10, ЦЈЗ Тетово-17, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–56, Жан Митрев (Филип Втори)-18, Авицена-13, Биотек 27, Систина-7, лабораторија Лаор-2, Синлаб-6, Ремедика-6, Плодност-1, Генеа-1, Никоб Лаб-17, ВФВ Медикал-5, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика-0, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 376.

Досега во земјата се направени вкупно 2.167.428 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.696, бројот на оздравени пациенти е 332.787, на починати е 9.531 а бројот на активни случаи изнесува 378.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје      161280, Активни   233

Куманово    18202, Активни    15

Битола      17913, Активни    15

Прилеп      15480, Активни    17

Тетово      14455, Активни    9

Кавадарци   12075, Активни    15

Велес 10794, Активни    18

Охрид 10304, Активни    12

Гостивар    10274, Активни    1

Струмица    8774, Активни     0

Штип  8749, Активни     11

Кичево      6070, Активни     7

Кочани      5544, Активни     0

Струга      5171, Активни     0

Гевгелија   4876, Активни     3

Неготино    4137, Активни     5

Ресен 3029, Активни     7

Радовиш     2834, Активни     2

Свети Николе      2793, Активни     0

Крива Паланка     2660, Активни     1

Делчево     2183, Активни     0

Берово      1873, Активни     2

Дебар 1812, Активни     0

Валандово   1600, Активни     0

Виница      1477, Активни     0

Пробиштип   1299, Активни     0

Кратово     1124, Активни     5

Богданци    1100, Активни     0

Крушево     1037, Активни     0

Демир Хисар 929, Активни      0

Македонски Брод   798, Активни      0

Демир Капија      628, Активни      0

Македонска Каменица     534, Активни      0

Пехчево     518, Активни      0

Дојран      370, Активни      0

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер