МЗ: Регистрирани 1.299 нови случаи на Ковид-19, починале 24 лица

Оздравени се 413 пациенти.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 5.057 тестирања, а регистрирани се 1.299 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 672, Прилеп - 70, Куманово – 62, Битола – 47, Велес – 44, Охрид – 43, Кавадарци – 38, Неготино – 36, Гостивар – 34, Тетово – 32, Струмица – 30, Кочани – 21, Штип -20, Кичево – 18, Гевгелија – 17, Свети Николе – 16, Радовиш – 13, Ресен – 12, Струга – 11, Валандово – 9, Берово – 8, Крива Паланка и Богданци – по 7, Пробиштип – 6, Делчево и Македонски Брод – по 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар и Дојран – по 3, Дебар и Кратово – по 1 .

Регистрирани се 413 оздравени пациенти од:

Кавадарци – 113, Скопје – 67, Неготино – 62, Прилеп – 36, Куманово - 21, Велес – 18, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Кочани – 11, Гостивар и Гевгелија – по 9, Демир Капија – 5, Свети Николе и Делчево – по 3, Ресен, Валандово, Богданци и Кратово – по 2, Радовиш, Пробиштип, Виница и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 35 – 82 години и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Кавадарци – 5, од Прилеп – 4, од Гевгелија – 2, и по едно починато лице се регистрира од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.

Направени се 5.057 тестови преку: ИЈЗ-1233, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-73, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија–9, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-402, Биотек-453, Систина-327, лабораторија Лаор–455, Синлаб-156, Ремедика-40, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.536.

Досега во земјата се направени вкупно 587.546 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а бројот на активни случаи изнесува 15.038.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 52851, активни 7736

Прилеп 6457, активни 953

Куманово 6214, активни 538

Тетово 5971, активни 445

Гостивар 4223, активни 376

Кавадарци 4071, активни 626

Штип 3956, активни 271

Велес 3980, активни 452

Битола 3934, активни 452

Охрид 3762, активни 553

Струмица 3021, активни 256

Струга 2559, активни 162

Кочани 2083, активни 209

Кичево 1876, активни 90

Неготино 1750, активни 432

Гевгелија 1592, активни 333

Свети Николе 1182, активни 62

Крива Паланка 1010, активни 140

Ресен 927, активни 122

Дебар 814, активни 20

Радовиш 829, активни 80

Делчево 794, активни 66

Берово 749, активни 85

Пробиштип 628, активни 70

Виница 556, активни 32

Валандово 461, активни 85

Крушево 403, активни 128

Богданци 367, активни 72

Кратово 307, активни 23

Демир Хисар 312, активни 45

Демир Капија 321, активни 78

Македонски Брод 270, активни 18

Пехчево 205, активни 15

Македонска Каменица 195, активни 3

Дојран 106, активни 10

Министерство за здравство

Кои марки на автомобили се продаваат најбрзо?

Аналитичката компанија „iSeeCars“ неодамна ги објави резултатите од истражувањето за тоа кои брендови продаваат најбрзо и најбавно нови автомобили, а разликите одат дотаму што некои се двојно подобри од другите во овој сегмент.

Тојота беше најбрзо продаваниот нов автомобилски бренд помеѓу октомври 2023 и март 2024 година, продавајќи нови автомобили во просек за 39,6 дена. На второ место е Alfa Romeo, со просечни 41,8 дена на пазарот.

На другиот крај на листата се Линколн (82,6 дена), INFINITI (79,8 дена), Buick (79 дена) и Audi (75,1 дена).

Топ 10 најбрзо продавани брендови:

Тојота: 39,6 дена на пазарот

Алфа Ромео: 41,8

Кадилак: 43,4

Хонда: 44,2

Јагуар: 44,4

Kia: 47

Хјундаи: 47,1

Субару: 49

BMW: 49,1

Mazda: 53.1

Марките кои најбрзо продаваат нови возила се и брендови кои имаат лојални клиенти.

Извршниот аналитичар на iSeeCars, Карл Брауер, на оваа тема истакнал: „Марките кои брзо продаваат возила, како што се Тојота и Хонда, се оние каде што клиентите бараат да добијат најмногу за својот долар“.

Николоски од Могила: Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Могила во рамки на парламентарната и претседателска кампања порача дека на сите им е јасна победата на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.

-Мислам дека на сите им е јасно дека победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори и ни остануваат уште неколку пречки на патот кој мораме да ги прескокнеме, рече Николоски.

Николоски во текот на своето обраќање побара сите граѓани да излезат да го остварат своето право на глас, затоа што седењето дома не е опција.

-Првата пречка поради која ние е потребна масовна референдумска излезност во однос на претседателските избори е да ги анулираме сите сценарија на оние кои не се откажуваат од власта, пред се тука мислам на политичката парија ДУИ која што подготвува бојкот на претседателските избори. За да не им успее бојкотот потребно е секој еден од вас да поразговарате со сите кои ги познавате и сите да излезат на гласање. Останување дома не е опција на овие избори, затоа што на 8 ми мај треба да избереме претседател на Македонија со најубедлива победа до сега, кажа Николоски.

Потоа Николоски посочи дека втора пречка која треба да се надмине и кои сите ја посакуваат е да се има цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство кое нема да биде уценувано во Собранието.

-Втората пречка која треба да ја надминеме и кои сите ја посакувате е да имаме цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство во Собранието кое нема да биде уценувана од никого. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, влада без СДСМ, влада без ДУИ, влада без постојните коалициони партнери кои што ја уништија Македонија, кои што камен не ставија во општината и затоа е потребна исто така референдумска излезност, вели Николоски.

И на крај според Николоски трета пречка која треба да се надмине е да се реши криминалот и корупцијата.

-Третата пречка која што треба да ја надминеме заеднички е решавање на криминалот и корупцијата. Еден од најголемите избори на криминал и корупција е на неколку километри оттука, се вика РЕК Битола, дувлото на криминалот и корупцијата во моментот во Македонија, каде што заеднички крадат и СДСМ и ДУИ, дури и во моментот, во последните денови од власта се обидуваат вашите, народните пари, додаде Николоски.

Николоски од Могила порача:

-И последното најбитното, да реализираме што повеќе проекти за општина Могила и за целиот овој регион. Градоначалникот прави максимум, јас би сакал да му честитам. И со поддршка од владата сигурен сум дека ќе направиме многу, многу повеќе.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мелони е лидер на листата на нејзината крајно десничарска партија на изборите за ЕП

Премиерката на Италија Џорџа Мелони денеска изјави дека ќе биде носител на листата на нејзината екстремно десничарска партија на изборите за Европскиот парламент во јуни.

„Одлучив да се кандидирам на чело на листата „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia)“, рече таа на конгресот на нејзината партија.

Партијата на Мелони освои најмногу гласови на парламентарните избори во Италија во 2022 година.

Според анкетите, партијата би можела да освои околу 26 отсто од гласовите на изборите за ЕП, што ќе се одржат од 6 до 9 јуни.

„Сакаме да го направиме во Европа токму она што го направивме во Италија на 25 септември 2022 година, кога се одржаа изборите. А, тоа е да создадеме мнозинство што ги обединува силите на десницата и чевицата да биде вбо опозиција дури и во Европа“, изјави Мелони.

притисни ентер