МЗ: Нови значајни здравствени инвестиции - нова болница во Кичево, проширување на болниците во Штип и Тетово - Канал 5

МЗ: Нови значајни здравствени инвестиции - нова болница во Кичево, проширување на болниците во Штип и Тетово

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово.

МЗ: Нови значајни здравствени инвестиции - нова болница во Кичево, проширување на болниците во Штип и Тетово

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво, информираат попладнево од МЗ.

- Поради сериозни конструктивни и проектни недостатоци кај постојниот објект на Општата болница - Кичево, Министерството предлага изградба на целосно нова болница на нова локација. Новиот објект ќе биде планиран како регионален здравствен центар, што ќе ги опслужува жителите на Кичево, Македонски Брод, Пласница, Зајас, Вранешница и Демир Хисар, се појаснува во соопштението.

Проектот за Штип вклучувал дооформување на постојниот објект, што бил во напредна фаза на изградба, како и проширување со нов објект за Медицински факултет, катна гаража и уредување на инфраструктурата согласно современи болнички стандарди. Објектот бил проценет како технички и архитектонски погоден за комплетирање и функционализација.

- Со цел Клиничката болница во Тетово навистина да прерасне во регионален и функционален здравствен центар, Министерството предлага изградба на два нови објекти за специфични дијагностички и терапевтски услуги, како целосна реконструкција и модернизација на постојните павилјони, за подобрување на условите за пациентите и медицинскиот кадар, се додава во соопштението.

Министерството го презентирало и националниот план за дигитализација на здравството, со цел создавање поефикасен, потранспарентен и поврзан здравствен систем, што ќе се усогласи со европските стандарди.

- Клучните иницијативи опфаќаат воведување електронско здравствено досие (ЕЗД), национален eHealth HUB, е-рецепти, е-упати, дигитализација на јавните набавки и телемедицина. Овие иницијативи се насочени кон системска трансформација што ќе обезбеди побрз, поконтролиран и поинклузивен здравствен систем во корист на пациентите и здравствените работници, се додава во соопштението.

На предлог на Министерството за здравство била усвоена и информација со што се воспоставува нова институционална соработка со ЈП „Градски паркинг - Скопје“, со цел целосна реконструкција, хортикултурно уредување и дигитализација на паркинг-просторот во Клиничкиот центар.

- Проектот предвидува уредување со зеленило, LED осветлување и категоризација на паркинг-местата, како и воведување паметен систем со сензори, камери, мобилна апликација и автоматско управување, во согласност со највисоките светски стандарди за функционалност и ефикасност, истакнуваат од Министерството за здравство.

ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата

 Во интервју за француските медиуми познатиот кошаркарски тренер Димитрис Итудис, најави можност кошаркарската Евролига да биде составена од 30 екипи. Тој ја посакува оваа бројка како споредба со НБА лигата и бројот на тимови кои играат таму.

ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата

- Мојот сон е да имаме лига со 30 екипи и сите да бидат конкурентни. Руските екипи ќе се вратат во Евролигата, а меѓу првите ќе биде ЦСКА Москва која воедно е и акционер, изјави Итудис актуелен тренер на Хапоел Тел Авив и претседател на здружението на тренери на Евролигата. Оваа екипа како освојувач на Еврокупот ќе игра во новата сезона во Евролигата.

Итудис смета дека потребна е и промена на системот во Евролигата, односно зголемување на бројот на екипи кои би играле во следната фаза.

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Некогаш големата СДС се сведе заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

И СДС во точно три случаи се јавува во јавноста за Данела.

Првиот кога ја напаѓаше дека таа е неспособна и има бугарско државјанство.

Вториот случај, кога во опозиција ја користеше за напаѓање на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

И третиот случај, кога заедно со Бугарите ја брани Данела.

Скопјани ја препознаваат вистината и добро знаат што седи во позадина.

ВМРО-ДПМНЕ доследно и принципиелно повикуваат на расветлување на инцидентот во Чаир, но и на разгледување и надзор на случајот со дивоградбите.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС убедливо губи

Ако е лажна анкетата каде СДС има четири пати понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски повисок рејтинг од сите заедно политичари, тогаш ги повикуваме СДС да објават вистинска и релевантна анкета.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС убедливо губи

Еве, самите нека посочат на која релевантна анкета води СДС.

Вистината е дека на ниту една анкета не води СДС и Венко Филипче. Тие се непрепознатливи поради нивната неконструктивност, непрепознатливост и целосна безидејност. Главната политичка активност на СДС и Венко Филипче се состои во некрофилија и пироманство. Во таква една состојба нормално дека нема напредок.

За нас, довербата од граѓаните значи пред се обврска и одговорност да се бориме за промени и решавање на проблемите и хаосот кој го наследивме.

Јасно е дека СДС не е алтернатива и тоа го покажуваат сите анкети на јавното мислење.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер