МЗ: Ниту еден патник на летото за Финска не е регистриран во базата со позитивни случаи

Министерството за здравство потврди дека ниту еден од 24 патници за летот од Скопје до Турку, Финска не бил регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19..

Само двајца од 157 патници во авионот кој слетал во Финска и се откриени дури 24 позитивни на коронавирусот патувале со македонски пасош. Најголем од патниците, дури 95 се косовски државјани. Здравствените власти во Македонија велат ниту еден од патниците на летот Скопје - Турку не е во базите на позитивни случаи.

Министерството за здравство вели станува збор за лица кои се иселеници со двојни државјанска или дозволи за работа во странство, кои доаѓаат во Македонија или транзитираат низ државава. За нив, велат од здравство, не важат забраните за патување во земјите од Европската Унија.

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со финските власти од кои побара да ја добие листата на патници и колку од нив се со двојно државјанство. Сепак, одговор до емитување на прилогот не добивме. Тамошните власти вчера одржаа прес-конференција, на која посветија цел час за да информираат за летот кој ги донел заболените од Скопје.

,,Доброволното тестирање беше организирано на аеродромот во Турку, за сите патници кои пристигнаа од Скопје, откако ги следевме летовите од С. Македонија и Романија како главни центри на новозаболени од коронавирусот.

По случајот со заболените патници од Скопје кои слетаа на аеродромот во Турку, финските власти најавија и нови правила кои планираат да ги воведат за сите идни патници.

,,Задолжителен две неделен карантин со случајно тестирање за присуство на коронавирусот по пристигнување во Финска ќе биде применето за сите кои ќе пристигнат од земја со повеќе од 8 до 10 нови КОВИД-19 случаи на 100 илјади жители во изминатите 14 дена. Одбивањето да се почитува карантинот ќе биде санкционирано со 3 месеци затвор и парична казна.

Од скопскиот аеродром пак за Канал 5 велат дека мерките целосно се спроведуваат, а од отворањето на аеродромот до сега само едно лице било забележано со повисока телесна температура иако истото прикажало и валиден негативен ПЦР Тест.

,,Откако ќе се скенираат на термалната камера, доколку немаат

зголемена телесна температура, патниците можат да се пријават на шалтерите за

регистрација или саморегистрација. Само тие што патуваат (имаат билети за лет)

можат да влезат во зградата на аеродромот, но не и нивните семејства и пријатели

кои ги чекаат да пристигнат или ги испраќаат. – велат од ТАВ.

Случајот со заболените патници кои слетаа во Финска сепак не е единствен. Четиричлено семејство, односно мајка и три деца, позитивни на коронавирусот и со решение за самоизолација во неделата биле спречени да се качат на лет за Норвешка. Случајот со летот за Финска отвори дилеми колку протоколите кои што се на сила за влез и излез од државата спречуваат да влегуваат заболени во земјава, но и патници од оттука да го шират во други земји.

ИНКЛУЗИВНА ГРИЖА со НЛБ Рамка за помош

Интервју на Сашко Јованов од Здружение за подршка и развој “ХУМАНОСТ”

НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“. Станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативните проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и овој пат решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.

Веќе четврта година НЛБ Банка успева да одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.

Во рамките на „Рамка за помош“, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето, односно беа избрани 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.

Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60- те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.

Во продолжение, Ви го претставуваме проектот ИНКЛУЗИВНА ГРИЖА на Сашко Јованов од Здружение за подршка и развој “ХУМАНОСТ”

Проектот „Инклузивна грижа“ пред се е креиран од потребите на заедницата ( клучните чинители, образовниот систем и семејствата на лицата со попреченост) и истиот има за цел да воспостави иновативен центар за дневен престој кој ќе ги задоволи потребите на лицата со попреченост ( деца, млади и возрасни) во Демир Капија. Препознавајќи ја итната потреба за инклузивни и поддржувачи средини, нашиот центар се стреми да направи значајна разлика во животот на лицата со попреченост обезбедувајќи им средина за поддршка и зајакнување каде што ќе можат да напредуваат, растат и да го постигнат својот максимален потенцијал. Центарот за дневен престој пред се ќе ги задоволи пропишаните нормативи и стандарди согласно со законските и подзаконските акти и истиот ќе нуди низа сеопфатни услуги кои ќе бидат приспособени за да ги задоволат различните потреби на лицата со попреченост. Ова вклучува помош за лична нега, исхрана, потребите за учење, обезбедување моторна и говорна терапија. пат ќе се воспостави и треба да биде пример и водилка за во иднина. Тимот кој ќе биде вклучен во проектот е составен од струни работници (социјален работник, дефектолог, логопед, асистенти, раководител) и професионалци во областа на социјалната заштита за воспоставување и испорака на оваа социјална услуга. Воспоставувањето на ваквиот тип на социјална услуга е за првпат на територија на општина Демир Капија и е во корелација со мапираните потреби на градинката, основните училишта, семејствата и самата заедница

Зошто е меѓу избраните?

Психосоцијалната грижа за лица со попреченост и нивните семејства е голем проблем во земјава. Стигмата од зедницата доведува до исклучување на лицата со попреченост и нивните семејства од редовните животни текови и социјални збиднувања, а инклузијата на лицата со попреченост станува предизвик. За жал, државата нема систем за одговор на овие предизвици, но за среќа постојат организации кои ги адресираат потребите на оваа маргинализирана група и кои треба да се поддржат.

Одложено гласањето за Резолуцијата за Сребреница во ОН, текстот се испраќа на ревизија

Гласањето за Резолуцијата за Сребреница нема да се одржи на 2-ри мај, како што првично беше најавено.

Причина за одложувањето е тоа што текстот на нацрт-документот ќе биде испратен на ревизија, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на изјава на амбасадорот на Босна и Херцеговина во Обединетите нации, Златко Лагумџија.

Денеска го испраќаме текстот на резолуцијата на ревизија, доколку земјите членки на Обединетите нации имаат други предлози за текстот.

Генералното собрание секако ќе биде по 6 мај, во зависност од распоредот на седниците што ќе знаеме во вторник, посочил Лагумџија.

Со Резолуцијата за Сребреница, која предизвика негодување во Србија, се бара 11-ти јули да биде прогласен за меѓународен ден на сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница во 1995 година..

ЕУ обезбедува дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците во Газа

Европската унија денеска соопшти дека обезбедува дополнителни 68 милиони евра потребна помош за Палестинците во Газа.

Територијата е уништена од повеќе од шест месеци израелско бомбардирање и копнени операции по нападот на Хамас на 7 октомври, оставајќи го цивилното население од два милиони луѓе кои имаат потреба од хуманитарна помош за да преживеат.

„Поради континуираното влошување на тешката хуманитарна криза во Газа и постојаниот пораст на потребите на теренот, (Европската) комисија го засилува своето финансирање за поддршка на Палестинците погодени од тековната војна. Оваа поддршка ја носи вкупната хуманитарна помош на ЕУ до 193 милиони евра за Палестинците на кои им е потребна во Газа и во целиот регион во 2024 година“, се вели во соопштението на ЕУ.

ЕУ соопшти дека новата помош ќе биде фокусирана на испорака на храна, чиста вода, канализација и засолништа и ќе биде канализирана преку локални партнери на терен. /МИА

притисни ентер