МЗ: Меѓу граѓаните се шири е-маил со невистината содржина испратен од лажна адреса

Мојот колега ве контактираше порано, но немаше одговор од  вас.

Минатата недела имаше три потврдени случаи на Ковид-19 во вашата област и сте наведени дека сте имале контакт со него. Препорачуваме да поднесете направен тест за Ковид 19. Почитувајте ги правилата или може да бидете гонети и упасени.

Ваквов мејл со потпис на министерството за здравство добиле неколку граѓани. Но, од министерството демантираа дека овој мејл е од министерството за здравство, велејќи дека станува збор за лажна вест. Министерот Филипче објасни дека е известен секторот за компјутерски криминал. Од МВР засега потврдија дека се истражува кој стои позади објавувањето на ваква информација. Лажните вести стануваат секојдневие, и може да предизвикаат сеиозни последици во време кога луѓето имаат голем страв и паника. За Бојан Кордалов експерот за нови медиуми многу е важно што навреме се информира дека станува збро за лажна вест и со самото тоа и граѓаните ќе бидат внимателни кога добиваат и читаат вакви вести.

Сите треба да бидат посебно внимателни кога постираат вести дури и оние кои имаат одреден хумор поврзан со Ковид 19, потенцира Кордалов.

И во април секторот за комјутерски криминал постапува се уште по констатирана злуопутреба за лажно претставување во име на државниот секретар со упатени лажни покани за наводна истрага до повеќе физички и праввни лица. ОД МВР апелираат граѓаните да не отвараат од непознати испрачи на пораки со прикачени документи во име на министерства.

Фото: Исцрпениот Клуни во бело одело трча низ шума?!

Холивудскиот заводник, актерот Џорџ Клуни ги загрижи обожавателите. Во бел костум, видно исцрпен, трчаше низ шумата, што се случува, се прашуваат тие??

Фотографиите на еден од најпопуларните актери во светот, Џорџ Клуни, почнаа масовно да се споделуваат на интернет, а многу фанови на почетокот беа шокирани од неговиот изглед.

На фотките Клуни е видно исцрпен и трча низ шума во бел костум, а неговиот слаб изглед и збрчкано лице загрижија многумина.

Сепак, откриено е дека Клуни моментално снима филм со наслов „Ненасловен Ноа Баумбах“, во кој покрај него ќе се појави и Рајли Кео, внуката на славниот Елвис Присли.

Папараците успеле да се доближат до сетот, додека одредени сцени се снимале во шумата во англиската област Хемпшир, а токму таму го „уловиле“ и Клуни во бел костум како трча во шума во расеана состојба, за потребите на филмот, а потоа и разговор со актерката Ајла Фишер.

Иако со децении е еден од најубавите актери и долго време важеше за најпосакуван ерген, очигледно е дека годините го стигнале и Клуни.

Големиот заводник инаку Клуни денеска го слави својот 63 роденден.

Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повтори загриженоста на САД поради инвазијата врз Рафа, каде што повеќе од милион цивили се засолниле од другите делови на Појасот Газа и побара итно отворање на преминот Керем Шалом кон Појасот Газа со цел хуманитарната помош да стигне до таа палестинска енклава, пренесуваат светските медиуми.

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Разговорот се одржа неколку часа пред Бајден да го угости јорданскиот крал Абдула Втори на приватен ручек во Белата куќа.

Нетанјаху вчера го отфрли меѓународниот притисок за прекин на војната во Газа, велејќи дека ако Израел биде принуден да биде сам, ќе остане сам.

„Им велам на светските лидери: никаков притисок, ниту една одлука на кој било меѓународен форум нема да го спречи Израел да се брани“, рече тој, зборувајќи на англиски и додаде „никогаш повеќе е сега“.

Видео: Потег на годината во УФЦ 301 рингот!!

Бразилскиот боксер Мишел Переира, го изведе еден од најспектакуларните потези во „UFC 301“рингот.

Переира за 54 секунди го победи противникот, Ихори Потиерија, со спектакуларен скок и зафат наречен „гилотина“.

Переира по половина минута најпрвин со одмерена сила го собори Украинецот, а потоа со назад салто се фрли кон него и почна да го удира.

Бразилскиот борец победи за само 54 секунди, но пред тоа изведе неколку спектакуларни потези.

Судијата се обиде да ги раздвои и го прекина мечот, а Украинецот само падна на подот без свест.

Ова беше 31. победа во кариерата за Бразилецот.

притисни ентер