МЗ: 294 новозаболени, 235 оздравени, две починати лица

Направени се 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи на КОВИД-19.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 149, Битола – 36, Прилеп – 20, Кавадарци – 17, Велес – 11, Охрид – 10, Куманово – 8, Струга – 7, Кичево – 6, Неготино, Ресен и Делчево – по 4, Штип и Кочани – по 3, Тетово, Крива Паланка, Дебар и Берово – по 2, Струмица, Свети Николе, Виница и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (294), регистрирана е 41 реинфекција.

Регистрирани сe 235 оздравени пациенти од: Скопје – 149, Битола – 25, Кавадарци – 14, Куманово – 8, Прилеп – 6, Гевгелија – 5, Струмица и Кичево – по 4, Гостивар, Кочани и Делчево – по 3, Тетово, Велес и Охрид – по 2, Ресен, Валандово, Виница, Крушево и Македонкса Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од: по едно починато лице од Скопје (70г) и Ресен (78г). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица, од Скопје (1), Кичево (1), Штип (1) и Кочани (1), на возраст од 74 до 82 години. Пријавените лица се починати во период од 22.03. до 25.03.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.430 тестови преку: ИЈЗ-287, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-75, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-72, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–203, Жан Митрев (Филип Втори)-52, Авицена-86, Биотек-61, Систина-48, лабораторија Лаор-64, Синлаб-5, Ремедика-9, Плодност-22, Генеа-4, Никоб Лаб-190, ВФВ Медикал-51, Ели Медика Плус-24, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.035.

Досега во земјата се направени вкупно 1.960.264 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.717, бројот на оздравени пациенти е 294.662, на починати е 9.220, а бројот на активни случаи изнесува 1.835.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 143364, Активни 1007

Куманово 16544, Активни 47

Битола 14777, Активни 168

Прилеп 13981, Активни 103

Тетово 13413, Активни 39

Кавадарци 10473, Активни 81

Велес 9678, Активни 43

Гостивар 9529, Активни 15

Охрид 8717, Активни 73

Струмица 7992, Активни 19

Штип 7966, Активни 13

Кичево 5556, Активни 41

Кочани 5046, Активни 26

Струга 4694, Активни 14

Гевгелија 4361, Активни 16

Неготино 3658, Активни 14

Ресен 2674, Активни 13

Свети Николе 2614, Активни 2

Радовиш 2514, Активни 11

Крива Паланка 2405, Активни 2

Делчево 1941, Активни 31

Дебар 1670, Активни 12

Берово 1638, Активни 7

Валандово 1474, Активни 3

Виница 1378, Активни 7

Пробиштип 1263, Активни 5

Богданци 1019, Активни 7

Кратово 960, Активни 3

Крушево 919, Активни 7

Демир Хисар 826, Активни 1

Македонски Брод 736, Активни 1

Демир Капија 586, Активни 1

Македонска Каменица 523, Активни 1

Пехчево 485, Активни 1

Дојран 343, Активни 1

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер