МВР заедно со РСБСП ја стартуваа зимската кампања „Вози безбедно – стигни сигурно“ - Канал 5

МВР заедно со РСБСП ја стартуваа зимската кампања „Вози безбедно – стигни сигурно“

Во пресрет на зимските услови, како што соопшти МВР, кампањата има за цел да ги да потсети возачите дека од 15 ноември до 15 март задолжително е поседување на пропишана зимска опрема, како и да ги едуцира возачите за правилно користење на истата.

МВР заедно со РСБСП ја стартуваа зимската кампања „Вози безбедно – стигни сигурно“

Министерството за внатрешни работи заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја започнаа зимската кампања под мотото „Вози безбедно – стигни сигурно“, со превентивно-едукативна активност на наплатна станица „Петровец“, спроведена заеднички со полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност и полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во пресрет на зимските услови, како што соопшти МВР, кампањата има за цел да ги да потсети возачите дека од 15 ноември до 15 март задолжително е поседување на пропишана зимска опрема, како и да ги едуцира возачите за правилно користење на истата.

-Под пропишана зимска опрема за моторни возила до 3.500 кг се подразбира зимски пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм на сите четири тркала или летни пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм на нагазен слој по ширина и должина и синџири за снег за погонските тркала. За возила со моторен погон на сите четири тркала (4×4) зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 6 мм или летни пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм и синџири за снег, велат од МВР.

Зимските услови носат повисок степен на ризик: лизгави коловози поради снег, мраз или „голомразица“, намалена видливост поради густа магла или врнежи, подолг пат на сопирање и нестабилност при нагли движења, како и зголемена заморливост кај возачите.

Министерството за внатрешни работи и РСБСП апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги следат информациите за временските услови на патиштата; да го прилагодат возењето според условите на патот; да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и патната сигнализација; да носат зимска опрема во возилото и да ја користат соодветно; да направат зимска проверка на возилото; да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата;

да избегнуваат нагло сопирање и нагло намалување или зголемување на брзината на возилото.

Со оваа кампања, како што се наведува во соопштението, МВР заедно со РСБСП испраќаат пораката дека безбедноста на патиштата е заедничка обврска и само така може да се изгради култура на одговорно и безбедно однесување во сообраќајот. д

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Авион на „Ер Србија“ кој летал кон Москва бил вратен во Белград поради дополнителни безбедносни проверки.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Од компанијата соопштија дека добиле информации од аеродромските служби за проверка поврзана со еден патник.

Одлуката била донесена согласно безбедносните прописи и упатствата на надлежните органи.

Од „Ер Србија“ нагласуваат дека екипажот постапил според утврдените стандарди.

Српските медиуми објавија дека во авионот наводно биле и тројца познати функционери.Меѓу нив се Александар Вулин и претседателот на Српската народна партија Ненад Поповиќ. Во авионот, според медиумите, бил и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот

Демократската партија оствари убедлива победа на изборите за Конгресот на САД, кои се одржаа во средината на претседателскиот мандат на Доналд Трамп.

Фијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот

Според проекциите, демократите ќе преземат цврста контрола врз Претставничкиот дом, одземајќи им ја на републиканците, додека во Сенатот извојуваа победи во голем број сојузни држави што претходно се сметаа за републикански упоришта.

Демократите на изборите за Сенатот освоија дури 224 места наспроти 134 на републиканците.

На изборите во САД демократите освоија мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом.Со тоа ја презедоа контролата врз Конгресот до крајот на мандатот на Доналд Трамп.

Резултатот претставува голем изборен пораз за републиканската партија. Демократите остварија изненадувачки победи во традиционалните републикански упоришта.меѓу нив се Тексас, Охајо и Канзас, каде последен пат победиле пред речиси 100 години.

Трамп за „Фокс њуз“ изјави дека демократите „одработиле добра работа“.Тој признал дека е малку изненаден од изборниот резултат.Со мнозинство во двата дома, демократите ќе можат да ги блокираат плановите на претседателот.

Тие ќе имаат и поголеми можности за контрола и надзор врз неговата администрација.Дополнително, би можеле да покренат и постапка за импичмент.Тоа би бил трет обид за отповикување на доналд Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Според УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер