Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?
1Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаМВР: Во тек е постапката за формирање на Национален комитет за заштита на новинари, нивната безбедност е врвен приоритет Безбедноста на новинарите за Министерството за внатрешни работи е еден од врвните приоритети и е максимално посветено на ова поле. МВР информира дека во тек е постапката за формирање на Национален комитет за заштита на новинари. Безбедноста на новинарите за Министерството за внатрешни работи е еден од врвните приоритети и е максимално посветено на ова поле. МВР информира дека во тек е постапката за формирање на Национален комитет за заштита на новинари, кој ќе биде системско унапредување на медиумската слобода и безбедноста на новинарите. Од МВР посочуваат дека целта на Комитетот е: да обезбеди координација помеѓу институциите, медиумските организации и граѓанскиот сектор; да ја следи состојбата со безбедноста на новинарите; да изработи Национален акциски план за заштита на новинарите, во согласност со европските стандарди; да предложи мерки за превенција, заштита, гонење на сторители и подигање на јавната свест; да ја поддржи примената на Кампањата „Новинарите се важни“ (Journalists Matter) на Советот на Европа во национален контекст. Со формирањето на Комитетот се очекува: воспоставување на институционален механизам за системска заштита на новинарите; унапредена координација меѓу државните органи и медиумските организации; зголемена доверба помеѓу новинарската заедница и институциите; изработка и спроведување на Национален акциски план за заштита на новинарите и подобрување на позицијата на земјата во меѓународните извештаи за медиумска слобода. Формирањето на Национален комитет за заштита на новинари, наведуваат од Министерството, претставува чекор напред кон обезбедување на безбедна средина за работа на новинарите и медиумските работници, со што се зајакнува демократијата, владеењето на правото и европската перспектива на Република Македонија. Од МВР посочуваат дека слободата на изразување и слободата на медиумите се основни демократски вредности загарантирани со Уставот на Република Македонија, Европската конвенција за човекови права и со меѓународните стандарди. Новинарите имаат клучна улога во информирањето на јавноста и во вршењето на својата професионална должност придонесуваат за отчетноста на институциите, владеењето на правото и заштитата на човековите права. Република Македонија, како земја членка на Советот на Европа и како држава која се стреми кон полноправно членство во Европската Унија, има обврска и интерес да обезбеди безбедна и поволна средина за новинарите. Советот на Европа во 2016 година ја усвои Препораката за заштита на новинарството и безбедност на новинарите и другите медиумски актери, која утврдува четири клучни столба: превенција, заштита, гонење и промоција на свесност и образование. Дополнително, во 2023 година започна европската кампања „Новинарите се важни“ (Journalists Matter) со цел зајакнување на националните механизми за заштита на новинарите. Ова се дел од основните причини поради кои во Република Македонија во тек е постапката за формирање на Национален комитет за заштита на новинари. Од МВР соопштуваат дека во текот на 2025 година, на национално ниво продолжил институционалниот ангажман во насока на унапредување на безбедноста на новинарите, со редовна комуникација и координација меѓу релевантните институции. Во текот на годината редовно се вршеа консултации насочени кон следење на пријавените случаи поврзани со закани и напади врз новинари, размена на информации меѓу надлежните институции, унапредување на соработката со новинарските здруженија и медиумските работници и друго. Активностите биле насочени кон навремено реагирање, подобрување на превентивните механизми и зајакнување на довербата меѓу новинарите и институциите. МВР во соработка со надлежните институции, воспоставила јасни и функционални протоколи за постапување во случаи на напади или закани кон новинарите. Министерството за внатрешни работи, во соработка со Здружението на новинари на Македонија, веќе неколку години води регистер на напади врз новинари, јавно достапен на веб-страницата на МВР. Изработен е и Прирачник за безбедност на новинарите, а редовно се спроведуваат обуки и едукативни активности со цел зајакнување на превенцијата и меѓусебната соработка. -Во врска со онлајн вознемирувањата, особено на жените новинарки, беа преземени чекори за зголемување на свесноста за специфичните ризици со кои се соочуваат жените новинари, особено во однос на онлајн вознемирување и родово базирани закани при што во Секторот за компјутерски криминал при МВР е назначена контакт точка, со цел побрзо и поефикасно справување со ваквите случаи односно за брзо реагирање. Новинарките може директно да се обратат или преку Здружението на новинари на Македонија, а за секој пријавен случај веднаш се преземаат мерки за расчистување, велат од Министерството. Од МВР информираат дека организирани се активности, средби, обуки и работилници на кои учествувале претставници од Министерството, како и голем број на медиумски работници, новинари на кои се разгледувале начините за зголемување на соработката меѓу полицијата и новинарите, градење на меѓусебната доверба и разбирање, како и начинот на доставување на информациите и нивно пренесување во јавноста, особено за чувствителни теми. Во тој контекст, една од заедничките работилници била и „Етичко и родово сензитивно известување за трговија со луѓе и родово засновано насилство во институциите и медиумите“ која се одржа во Скопје. Соработката со медиумските работници, односно новинарите, градењето на сигурна и цврста меѓусебна партнерска нишка како и нивната безбедност, за МВР е еден од врвните приоритети. Во таа насока потпишан е Меморандум за соработка со Здружението на новинари на Македонија, имаме одредено Национална фокална точка и локални фокални точки во склоп на кампањата на Советот на Европа за заштита на новинарите, а континуирано се одржуваат и работилници и обуки на кои учествуваат полициски службеници и новинари. Ценат дека соработката е на највисоко ниво, а заеднички се изработени и прирачници за справување со можните предизвици околу безбедноста на новинарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПетровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка.Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка пред случајот да стане предмет на јавна дебата и дали за тоа биле известени Владата или други надлежни институции. Петровска го заснова прашањето на надлежностите утврдени во членовите 2, 3 и 4 од Законот за Агенција за разузнавање. Притоа посочи дека Агенцијата нема регулаторна улога во банкарскиот систем. „Дали Агенцијата имала сознанија за можни ризици по безбедноста во смисла на нарушување на политичката и економската стабилност, но и за можни трансакции кон земји кон кои имаме воведено санкции, пред случајот со Алта банка да стане предмет на дебата во јавноста? Дали за тоа беа известени Владата или други надлежни институции?“, праша Петровска. Во дополнителното прашање, Петровска побара одговор дали Агенцијата располага со потврдени или непотврдени сознанија за евентуални контакти со Давор Мацура во врска со Алта банка. Прашањето се однесуваше на можни контакти во текот на 2026 година, директно или преку посредници, со лица од политички партии во земјава или лица поврзани со нив, како и со лица од бизнис или медиумските кругови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПовторно гори во теснецот (ВИДЕО)Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА. Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени. JUST IN: 🇮🇷🇺🇸 Oil tankers continue to burn in the Strait of Hormuz. Iran revealed a new footage where two oil tankers were targeted by two mines last night to stop their attempt to cross the Strait https://t.co/vtQFsp1hBd — Megatron (@Megatron_ron) November 11, 2026 Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоциМВР апелира на внимателностМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“. Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба. МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки. Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.Тагови: пораки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook