МВР: Спроведена акција за попречување на можен терористички напад од поддржувачи на ИСИС

Полицијата спроведе оперативно-тактички мерки и претреси на неколку локации поврзани со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на нашата држава од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС

,,Министерството за внатрешни работи по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, спроведе оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот. Со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, Министерството за внатрешни работи изготви план на мерки и активности, за што обезбеди соодветни наредби за нивно спроведување, информираат од МВР.

По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад.

Од Министерството информираат дека продолжуваат да спроведуваат дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер