МВР со потерница го бара Ремиз Мифтари обвинет во случајот „Ласкарци“ - Канал 5

МВР со потерница го бара Ремиз Мифтари обвинет во случајот „Ласкарци“

Додека Ремзи Мифтари кој е осуден на 10 години затвор како виновен за трагичната несреќа кај Ласкарци е во бегство и се бара со потерница.

МВР со потерница го бара Ремиз Мифтари обвинет во случајот „Ласкарци“

Додека Ремзи Мифтари кој е осуден на 10 години затвор како виновен за трагичната несреќа кај Ласкарци е во бегство и се бара со потерница, првообвинетиот, газдата на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули има уште пет дена предвидени за на слобода бидејќи на 2-ви декември треба да се јави во затворот во Идризово, потврдува за Канал 5 надлежниот судија Ќирко Михајлоски. Тој вели дека Белули не поднел ново барање за одложување на затворската казна, а претходно пријавил дека имал операција од ингвинална хернија (народски позната како кила) и последователни компликации по интервенцијата. Претходно, според информации од судовите и Мифтари кој сега е во бегство, имал кила.

-Дурмиш Белули поради здравствени компликации побара и доби ново одлагање на казната кое му истекува на 1 -ви декември, па на 2-ри ќе треба да се јави во затворот Идризово. До овој момент нема поднесено ново барање за одложување на затворската казна. Тој претходно беше хоспитализиран во тетовската болница и лично, во два наврати се уверив дека беше таму, за компликациите ме информираше и лекар од болницата. Пасошот сигурно е одземен во претходните постапувања додека траеше судењето,- - Ќирко Михјалоски – Судија.

Досега без малку седум месеци и Мифтари кој не се јавил сам за да оди во затвор и Белули кој треба тоа да го направи за пет дена, го одложуваа идржување на десетгодшната казна затвор.

МВР и официјално на веб страницата ја објави потерницата за Мифтари, а оттаму сметаат дека тој се уште е некаде во државата, со оглед на тоа дека при проверките на граничните премини не бил регистриран негов излез.

-До сега лицето е недостапно за органите на прогонот и не е евидентирано на листата на патници и возила дека преминало некој од граничните премини. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и лишување од слобода. До овој момент во СВР Тетово-ОВР Гостивар, нема судска наредба за посебен надзор за лицето Д.Б. од Гостивар,- - МВР.

Правосилноста за затворските казни е од 9 мај годинава, кога Апелација на газдата Дурмиш Белули повеќе од двојно му ја зголеми затворската казна, т.е. од четири, на десет години, а Мифтари од шест доби исто толку - десет години затвор. Сепак, тие за разлика од осудениот возач на автобусот Мануел Трифуновски, досега немаат дојдено ни до затворската капија.

Автобуската несреќа се случи во 2019 година. Загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во Полска

Синоќа во преполната сала на театарот во Бјалисток, Полска, Народниот театар Битола ја изведе „Кориолан“ како дел од јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Direction East“.

Уште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во Полска

Делото од Вилијам Шекспир, во режија и адаптација на Џон Блондел, и овојпат го привлече вниманието на публиката која ги награди актерите со долготрајни и стоечки аплаузи.

Секое гостување надвор од границите на нашата земја е повеќе од сценски настап – тоа е можност македонската култура да биде видена, слушната и препознаена. Секое учество на фестивал од меѓународен карактер отвора простор за размена на уметнички искуства, нови професионални контакти и идни соработки, а воедно го потврдува местото на Народниот театар Битола во современиот европски театарски простор.

„Токму преку ваквите гостувања, театарот станува културен амбасадор на својата земја – носејќи ги со себе јазикот на уметноста, креативноста на нашите уметници и приказните што ги поврзуваат различните култури“, истакнуваат од НТБ.

Оваа изведба во Полска, следуваше по гостувањата на „Охридско лето“, Shakespeare Fringe Festival во Верона и „Magical Nights in Butrint“ во Саранда.

Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска.

Од Битола кон европските сцени – и овојпат со гордост НТБ го претстави македонскиот театар и понатаму продолжува да гради мостови преку уметноста.

Фото: Ивона Кочов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрога

На 16.10.2026 во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп. 

Лишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрога

Имено, врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршија претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронајдена и одземена е марихуана, а затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок

На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место.

Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер