МВР со кривична пријава за поранешен градоначалник на скопска општина

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен градоначалник на една скопска општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело "злоупотрба на службената положба и овластување".

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен градоначалник на една скопска општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело "злоупотрба на службената положба и овластување" согласно член 353 од КЗ.

Имено, истиот на 04.08.2021 со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес, по спроведена постапка за јавна набавка на работи - реконструкција на спортски игралишта на територија на општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортско игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на градот Скопје.

На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на општината за износ од 662 885 денари, кои средства му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на тоа игралиште.

Во координација со СВР Скопје, Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава, соопштија од МВР.

Дарманин: Припадник на француската жандармерија е убиен во Нова Каледонија

Еден припадник на француската жандармерија е убиен при „случаен истрел“ денеска на француската територија на Тихиот Океан, Нова Каледонија, погодена од немири, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин за француските медиуми.

„Припадникот не беше убиен од непријателски истрел“, додаде извор информиран за инцидентот, со што бројот на загинати во немирите од понеделникот се искачи на пет, вклучувајќи и двајца припадници на жандармеријата.

Во Словачка по атентатот на премиерот, повици за прекин на говорот на омраза

 Властите на Словачка, која е во шок по обидот за атентат врз премиерот Роберт Фицо, со еднствени осуди за тој чин, денеска повикаа да се прекине говорот на омраза.

Полицијата соопшти дека сега е последен момент да престанат да се разгоруваат страстите, итно е и да се стави крај на говорот на омраза и растечките тензии и поларизација и да се врати Словачка во кругот на цивилизираните земји каде не се пука кон премиерот или политички неистомисленици.

Тие бараат медиумите и социјалните мрежи да ја исклучат опцијата за коментирање на веста за атентатот на премиерот Фица, кој по петчасовна операција синоќа во Банска Бистрица во централна Словачка е во стабилна состојба, но според лекарите, тој се уште е во многу тешка состојба.

„Одговорот на омразата не може да биде омраза. Ве молам сите да престанете со нападите и изразите на омраза насочени кон овој или оној политички блок. Од она што се случи и многумина од вас го посеаја, денес се роди бура. И стоиме овде на прагот на граѓанска војна“, апелираше словачкиот министер за внатрешни работи, Матуш Шутај Ешток.

Веднаш по атентатот, словачката опозиција го откажа најавениот протест против измените на законот за медиуми, со кои власта по примерот на Унгарија на Виктор Орбан или до неодамна Полска за време на владеењето на правото и правдата на Јарослав Качински, ќе ја преземе контролата врз јавниот ТВ и радио сервис

Според полицијата, нападот на 71-годишниот Јурај Цинтула врз премиерот Роберт Фицо кога тој отишол да се поздрави со приврзаниците и граѓаните по владината седница во Хандлова бил политички мотивиран.

Иако најблиските соработници на премиерот, како неговата „десна рака“ вицепремиер и министер за одбрана Роберт Калињак, повикуваат на воздржаност и итен прекин на говорот на омраза и нападите врз политичарите од власта и опозицијата и заканувачки пораки до медиумите, потпретседателот од словачкиот парламент од партијата СМЕР на Фиц, Лубош Блаха, веднаш ја обвини опозицијата и независните медиуми.

„Сите не претворивте во мети, со години ширевте страшна омраза. Толку не мразевте затоа што народот не избра што ни организиравте лов како дивеч. Поради вас премиерот се бори за живот“ им рече тој на опозициските пратеници.

Лидерот на коалициониот партнер во владата, радикалната националистичка Словачка народна партија, Андреј Данко, за се ги обвини „либералните медиуми“, кои ги нарече „одвратни свињи“.

Невладините организации и претставниците на граѓанското општество подготвија петиција со цврста осуда на атентатот, повикувајќи ги сите без разлика да престанат да придонесуваат за натамошното ширење на омраза и тензии во општеството

„Обвинувајќи ја опозицијата, идеолошките и политичките неистомисленици, медиумите или невладиниот сектор започнува спирала на страв, омраза и дополнително насилство“, се вели во петицијата, која досега има 1.900 потписи.

„Не знам дали Словачка се смени, но ние не сакаме ваква Словачка. Да ја запреме. Да се ​​погледнеме во огледало и да си кажеме што е навистина важно“, апелираше вицепремиерот Калињак.

Самиот премиер Фицо пред еден месец предупреди дека ваквото вербално насилство и говор на омраза упатени кон словачките службеници кога ги навредуваат на улица и им се закануваат на социјалните мрежи може да завршат со убиство на еден од водечките политичари.

„Не претерувам ни милиметар“, изјави тогаш Фицо.

На закани и говор на омраза беше изложена и претседателката на Словачка во заминување Зузана Чапутова, која е блиска до проевропската либерална опозиција, која одби да се кандидира за реизбор на неодамнешните претседателски избори токму за да не го разоткрие своето семејство и самата на „лов на вештерки“ во следните неколку години.

„Страшно е и заслужува осуда ова што се случи, неколку месеци мораа да ме возат со блиндирано возило“, изјави поранешната премиерка Ивета Радичова од актуелната опозиција.

Радичова, која е социолог, потсети дека словачкото општество го потресе нарачаното убиство на младиот истражувачки новинар кој пред неколку години ги разоткри врските на италијанската мафија, словачките тајкуни и тогашната влада на Фицо, Јан Куцијак и неговата свршеница.

Поради убиството на Куцијак, во Словачка избија големи протести и премиерот Фицо потоа беше принуден да поднесе оставка, а на вонредните парламентарни избори минатата есен се врати на власт.

„Убиството на Куцијак мобилизираше протести и страшно го потресе општеството. Поларизацијата се зајакна и за време на владата на Матович и истрагата за корупција на највисоко политичко ниво (тогашната влада на Фиц). По три години хаос кога се наредени четворица премиери, тим дојде што почна да презема чекори кон ползечката автократија“, изјави Радичова за Чешкото радио.

Поранешниот словачки премиер предупреди дека и власта и опозицијата се виновни за ескалацијата на тензиите и омразата во општеството.

„Бунтовите на обичните луѓе што ги поттикнуваат политичарите веќе не се во рацете на политичарите“, рече Радичова.

Додека светските медиуми го потенцираат факторот на проруските изјави на премиерот Фицо и политичарите од владејачката коалиција и наведуваат дека тој ја прекинал помошта во оружје за Украина, самата Словачка и првиот сосед на Чешка, каде ситуацијата во Словачка е добро позната, поголемо значење се придава на обидите за промена на законите во судството за да се отежне истрагата за корупцијата и поврзаноста на политичарите со мафијата, како и напорот медиумите да се стават под контрола на властите, следејќи го унгарскиот и до неодамна полскиот модел.

Кога станува збор за позицијата на Словачка по победата на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо и неговите проруски изјави, поранешниот чешки претседател и пријател на Фицо, Милош Земан, рече дека за него е клучно Фицо да повтори дека ја поддржува Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граничи и испраќа хуманитарна и финансиска помош и истиот став дека на Украина мора да и се помогне се залага во Европската унија и не става вето или ја поткопува помошта за Украина, дури и во оружје.

„Важно е да се комбинира помошта за Украина со мировните преговори. Оние кои одбиваат преговори ја осудуваат Украина на војна до последниот украински војник, а јас не го сакам тоа“, рече Земан во видео интервју два дена пред атентатот.

Отворено првенство во шах: Панчевски со нова победа, Лазов ремизираше во дербито на врвот

ИМ Филип Панчевски (2432) со бели фигури го надигра Георги Петров (2088) на втората табла, додека, пак, најголемо изненадување направи ФМ Андреј Велјаноски (2290) со победата над ИМ Никола Николовски (2381). 

Во 6. коло на Отвореното првенство на Македонија во шах на првата табла, ИМ Тони Лазов (2358) ги имаше црните фигури во дуелот со водечкиот ИМ Емил Ристески (2365), но оваа партија заврши со поделба на поенот, за разлика од другите четири дуели на следните неколку табли, во кои настапуваа оние кои се на врвот на табелата.

ИМ Филип Панчевски (2432) со бели фигури го надигра Георги Петров (2088) на втората табла, додека, пак, најголемо изненадување направи ФМ Андреј Велјаноски (2290) со победата над ИМ Никола Николовски (2381).

Неизвесноста во борбата за титулата останува бидејќи сега на врвот се четворица шахисти кои имаат по 5 бода (Ристески, Панчевски, Велјаноски и Златков), додека, пак, зад нив со 4,5 бода има тројца играчи (Лазов, Велески и Главинац).

На турнирот кај шахистките, исто така, се играше 6. коло, но според Бергеровиот систем, а во него се случи и дуелот на двете шахистки кои имаа највисок стартен рејтинг: Драгана Николовска (1905) и ЖИМ Габриела Коскоска (1993). Партијата заврши со реми по четири часа игра.

Леа Ефтовска (1797) со нова победа над Кајла Бурнс (1446) стигна до 5,5 поени, додека, пак, Коскоска сега има 5 и го дели второто место со Жежовска (1868).

Во седмото коло од овој турнир ќе се игра и дерби-мечот за титулата, во кој ЖИМ Коскоска ќе ги има белите фигури против Ефтовска.

притисни ентер