МВР со дисциплинска постапка за двајца полицајци за случајот со Поршето на Срѓан Керим - Канал 5

МВР со дисциплинска постапка за двајца полицајци за случајот со Поршето на Срѓан Керим

Растеретени гужви, велосипедски патеки без паркирани автомобили и без поголеми сообраќајни прекршоци. Ваква беше претпладневната слика на Дебар маало, едно од најфреквентните места во Скопје.

МВР со дисциплинска постапка за двајца полицајци за случајот со Поршето на Срѓан Керим

-Се намалува бројот на непрописно паркирани возила во Дебар маало, нешто што беше слика во минатото, а полицијата и пајак-службите имаа полни раце работа

Сепак, веднаш по нашиот прв круг низ најраздвижените улици низ Дебар маало, камерата на Канал 5 регистрираше неколку непрописно паркирани возила.

Од дипломатски возила, до приватни автомобили паркирани на необележани паркинг места, и на тротоари.

Дел од луѓето реагираат дека ваквата слика на улицата Орце Николов е секојдневие, особено за време на викенд, во вечерните часови, кога како што велат, дел од луѓето, немајќи каде да паркираат, своите возила ги оставаат пред угостителските објекти.

Сметаат дека полицијата и пајак службите треба да бидат поажурни, со цел Дебар маало послободно да дише.

Последниот случај со погрешно паркираниот автомобил на екс-министерот за надворешни, Срѓан Керим повторно го отвори прашањето за непочитувањето на сообраќајните правила низ градот.

Поради таквиот случај, од МВР информираа дека е поведена дисциплинска постапка против двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека непрописно паркираното возило било службено.

-Двете лица кои се претставиле како полициски службеници и тврделе дека возилото е службено, со патничко возило „форд мондео“ се упатиле кон депото. Полициските службеници од ОВККИПС извршиле проверки за возилото „форд мондео“ и констатирале дека истото го управувале полициските службеници Т.Д. и И.С., распоредени во Одделението за лично обезбедување на Претседателот на РМ. - МВР

Од МВР додадоа дека со полициските службеници бил извршен службен разговор и било констатирано дека истите сториле потешко прекршување на работниот ред и дисциплина на полицијата.

Падна авион во близина на воена база во САД

Експериментален авион се урна во воздухопловната база Ленгли, изјави претставник на базата за WTKR во Норфолк, Вирџинија.

Падна авион во близина на воена база во САД

Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) соопшти дека во несреќата учествувал експериментален авион MXS и се случил додека леталото се „приближувало“ до базата, објави Фокс.

„НТСБ го истражува падот на експерименталниот авион MXS во близина на Хемптон, Вирџинија“, објави агенцијата на X.

MX Aircraft MXS е аеробатско летало со високи перформанси, со едно седиште, дизајнирано првенствено за конкурентни аеробатски изведби и воздушни саеми.

Бен Афлек и Џеј Ло имаат проблеми поради продажбата на вилата од 68 милиони долари (ВИДЕО)

Бен Афлек и Џенифер Лопез не можат да се договорат за една работа по нивниот развод.

Бен Афлек и Џеј Ло имаат проблеми поради продажбата на вилата од 68 милиони долари (ВИДЕО)

Афлек сака да ја намали цената на нивната вила вредна 68 милиони долари, која се наоѓа на продажба, но на пејачката изгледа тоа не ѝ се допаѓа.

Вилата е ставена на продажба пред девет месеци, но добро упатени извори тврдат дека се уште никој не покажал интерес за неа. Агентите за недвижности наводно им рекле на поранешните сопружници дека мора да ја намалат цената за најмалку 15%, со што Бен навидум се согласил, но Лопез наводно се уште се држи до првичната цена.

Лопез и Афлек претходно тајно се обидоа да го продадат својот поранешен заеднички дом, но откако тоа не успеа, тие официјално го ставија на продажба. ТМЗ пренесува дека на крајот на септември минатата година добиле и прифатиле понуда од 64 милиони долари за вилата, но купувачите на крајот се откажале.

YouTube video

Ја купиле во 2023 година за 60,8 милиони

За потсетување, актерот и пејачката ја купија својата вила во јуни 2023 година за 60,8 милиони долари, а според извештаите, тие ја преплатиле. Куќата содржи 12 спални соби и дури 24 бањи и се простира на нешто повеќе од 4200 квадратни метри. Претходно, извори блиски до поранешниот пар изјавија дека ниту еден од нив не бил пресреќен во замокот.

"Бен никогаш не ја сакал куќата. Таа е премногу далеку од неговите деца", истакнал изворот во јуни минатата година. Лопез наводно чувствувала дека имотот е „преголем за неа“. По објавувањето на разводот, пејачката се преселила во куќа вредна 18 милиони долари во близина на Лос Анџелес, додека Афлек веќе купил имот од 20 милиони долари во Пацифик Палисадес.

„Во политиката не може да седите на две столчиња“

Претседателот на ЗНАМ и Градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, гостин во Само Интервју

„Во политиката не може да седите на две столчиња“

Максим Димитриевски:

На крај на месецот ќе имаме сондажи што сакаат граѓаните во однос на моето и на политичкото делување на ЗНАМ.

На претходните избори ЗНАМ покажа дека е позициониран во 50 општини ширум државата.

Покажавме дека не сме приврзок на власта, имаме несогласувања но ги решаваме во рамки на коалицијата.

И Груби доколку беше невин требаше да се појави пред лицето на правдата.

Гледам разногласите во вреди, во политиката не може да седите на две столчиња.

Секој еден кој што има отворена или затворена комуникација со ДУИ, за нас е неприфатливо како партија да биде дел од владејачкото мнозинство.

Лидерската беше форма а не суштина, тој што бил составен дел од проблемите не може да биде дел од решението.

Задоволен сум од работата на Филков.

Градоначалникот на Кочани Папазов покажа морална одговорност, но директна кривична одговорност - верувајте сите обвивиненија кои што ќе бидат поднесени во судска постапка ќе паднат.

Одговорноста за кочанската трагедија е против предизвикувачот и оној што овозможил тоа да се случува.

Пред очите на Брисел се потврдија намерите на Бугарија.

Вардарскиот капацитет е важен за нашата земја, инвестиции во коридорите се од големо значење.

YouTube video

YouTube video

притисни ентер