МВР санкционира илјадници прекршители на мерката за носење заштитни маски

Носењето на заштитни маски е задолжително, но и понатаму кај дел од граѓаните забуна дали кога шетаат на улица мораат да стават маска или не. 

Во Скопје има над 1000 активни случаи на Ковид 19, а изминатите десетина дена Скопје ги руши рекордите по бројот на заразени. Камерата на Канал 5 во општините каде што е најраздвижено забележа дека голем дел од граѓаните ја почитуваат мерката. Таков е случајот на пазарите. Немаат дилеми во кои услови треба на лице да стават заштитна маска.

Но забележавме и граѓани кои шетајќи сами или во друштво, не носеа маски. Слична слика и во кафулињата. Седејќи по двајца или во поголемо друштво заштитните маски се држат во рака или воопшто не се носат. Некои од нив велат на отворено не е задолжително.

Според уредбата со законска сила носењето на маска, марама или шал е задолжително кога ќе излезете од дома.

Задолжително носење на заштитна маска:

- при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип

- на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени места каде има собирање на повеќе лица

Исклучок од ова се

Не мора да носите заштитна маска ако:

- двор од семеен дом

- возите велосипед

- патувате во возило со лица кои се од вашето семејство

- се движите на јавни места каде можете да одржите најмалку 2 метри растојание од друго лице

Полицијата проверува на терен, казната за неносење маска е 20 евра.

На терен е и пазарниот инспекторат, а од вечерва со инспекторите проверки во кафулињата дали ако четворица седат на маса се од исто семејство ќе прави и финансиска полиција. Контролите најавуваат ќе се засилат уште од утре.

Крмов од Велес:Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот

Носителот на листа на ИЕ3, Борислав Крмов, и денес има средби со граѓаните на Велес. 

​​​[💬] ,,Втор ден сум во Велес. Вчера се движевме по Чаршијата, разговаравме со велешани. Денес сме на Пазарот во Велес.

Она што можеме да го слушнеме од велешани е дека тие ја препознаваат Левица како единствена опција којашто потекнува од народот.

Во Програмата на Левица има најмногу за обичниот работник, затоа што оттаму ние и потекнуваме".

[🚩] Борбата продолжува, а Крмов апелираше дека за истата да продолжи, треба граѓаните да ја поддржат Левица како единствена неподмитлива опција во интерес на националните интереси:

,,Потребно е сега да се гласа за Левица, за да продолжи борбата во Собрание.

Ние заедно со претседателот Апасиев во последниве 4 години од нашиот мандат покажавме дека некои работи може да се сменат, дека пратениците може да НЕ зимаат патни трошоци, дека може да се борат за вистинските интереси на македонскиот народ и сега мораме да бидеме двоцифрен број, за да ја продолжиме борбата!", додаде Крмов.

Командантот на украинската армија вели дека ситуацијата на фронтот се „влошува“

 Главниот командант на вооружените сили на Украина денеска објави дека позицијата на Киев на фронтот е влошена и дека Русија постигнала голем број придобивки на бојното поле.

„Ситуацијата на фронтот се влоши“, наведе Олександр Сирски во објава на Фејсбук.

Тој додава дека Русија „напаѓа по целата линија на фронтот“ и постигнала „тактички успех во некои сектори“.

Баришиќ пред трансфер во Трабзон

 Хрватскиот фудбалер Борна Баришиќ на лето би можел да ги засили редовите на турски прволигаш Трабзонспор во чиј редови настапува македонскиот капитен Енис Барди.

Договорот на хрватскиот репрезентативец од редовите на Глазгов Ренџерс истекува на лето, а се погласни се шпекулациите дека ќе ја смени средината.

Според италијанскиот инсајдер Лоренцо Лепоре, во летниот преоден рок Баришиќ ќе се пресели во Турција, а со него во турскиот клуб би заминал и Џон Лундстрам.

притисни ентер