МВР: Регистрирани се 445 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Во текот на изминатото деноноќие (23/24.08.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 445 прекршоци, известуваат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Генчов: Христијан Мицкоски е можеби последната наша шанса на политичари што вредат

„Доколку Македонија биде надвор од ЕУ, ќе се разбудат историските сеништа“

Доколку Македонија биде надвор од ЕУ, ќе се разбудат историските сеништа. Со тек на време ќе се постави и зошто немаме една национална историја со не решени прашања кон Бугарија и Грција, со оживеани сеништа од минатото, прашање на време е кога ние ќе зборуваме за дарданското влијание во Македонија, илирското влијание, за спојот на илирска Македонија, за лека е мад, за мајката на Александар, Олимпија. Христијан Мицкоски е можеби последната наша шанса на политичари што вредат, од универзитет кој што има висока интелектуална врен и убеден сум дека не само што нема да не игра прозападно, но ќе биде најголемото прозападно изненадување секако, рече Александар Генчов во Само Вистина.

Љупчо Палевски е однесен во затворот во Шутка (ВИДЕО)

Првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо пристигна во Македонија со комерцијален лет од Истанбул.

Палевски вечерва е екстрадиран од Турција со редовен лет од Истанбул на скопскиот аеродром и пред малку е однесен во затворот во Шутка.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување" и "убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето е пренесено во КПУ Затвор Скопје, соопштуваат од МВР.

Изборите во Холандија се одражаа во ноември,а се уште не е формирана Влада-роковите се при крај

Герт Вилдерс, лидерот на десничарската Партија на слободата (ПВВ), тврди дека е на чекор до формирање влада во Холандија, каде на 22 ноември се одржаа парламентарни избори.

Како што пренесува Политико, Холандија е подготвена да ја добие најдесничарската влада во поновата историја.

Партијата на Вилдерс освои 24 отсто од гласовите, но не доволно за самостојно да формира влада, што доведе до повеќемесечни преговори. Главните точки на несогласување се политиката кон мигрантите и државните финансии. Вилдерс тврди дека претставниците на партиите постигнале принципиелен консензус за буџетот на идната влада.

„Овој договор нема да пропадне“, изјави Вилдерс по маратонската средба која траела цели 16 часа.

По изборите, Герт Вилдерс го омекна својот екстремистички речник и во март објави дека не е неопходно тој да биде премиер на идната влада, во која ќе биде вклучена и Народната партија за слобода и демократија на актуелниот премиер Марк Руте и партијата на центарот, Нов социјален договор и Движењето земјоделец-граѓанин.

Во текот на последната деценија Марк Руте, премиерот во заминување успеа да го задржи Вилдерс надвор од владата. Сепак, откако Руте го објави своето повлекување од политиката минатата година, Вилдерс можеше да ја искористи поддршката од гласачите благодарение на неговите антиимигрантски ставови. Тој дури ги обвини имигрантите за недостиг на станови.

Не беа дадени конкретни детали од буџетскиот договор, но се очекува новата влада да ги заостри законите и мигрантските политики. Преговорите за коалицијата треба да продолжат денеска, а договор се очекува пред полноќ кога истекува рокот.

Се очекува Вилдерс во јавноста да открие кој е неговиот фаворит за премиер.

притисни ентер