МакедонијаМВР: Кривична пријава против 33 лица и две правни лица за сторени кривични дела од областа на корупцијаПоднесена кривична пријава против 33 лица и две правни лица за сторени кривични дела од областа на корупција и економски криминал, 11 лица се лишени од слобода, по двајца се трага, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во текот на ноќта на 17 и 18.12. 2025 година, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Во рамките на акцијата од слобода се лишени 11 лица. Вчера (18.12.2025 година), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 33 физички лица и тоа: Б.Д. (39), Ф.А. (40) и К.П. (36) сите од Скопје за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) во врска со „помагање“ (чл.24) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од КЗ, В.С. (51) од Скопје, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) во врска со „поттикнување“ (чл.23) од КЗ, В.К. (53) од Пробиштип, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од КЗ, Б.З. (47) од Куманово, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в ст.3 вв чл.23 вв.ст.1 вв ст.45) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од КЗ, Д.М. (62) од Куманово, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1) и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в ст.3 вв ст.1 вв чл.45) од КЗ, А.М. (58), Џ.К. (30), Б.Н. (44), М.Ц. (40), Б.Ч. (53), П.С. (30), Л.П. (28), Ј.П. (40) и Д.З. (45) сите од Скопје, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.4 вв ст.1 вв чл.45) од КЗ, С.Г. (47) од Скопје, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.4 вв ст.1) од КЗ, Ф.З. (46) и И.С. (46) од Куманово, З.Б. (39), А.Б. (37), А.М (40), А.М. (53), Т.С. (45), З.В. (58), Б.К. (27) и П.Ј. (28) сите од Скопје, В.С (58) од Неготино, Б.К. (55) од Кочани, Ѓ.К. (63) од Велес, В.К. (32) и С.М. (40) од Штип и В.Т. (47) од Пехчево за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273 ст.1) во врска со „соизвршителство“ (чл.22) од КЗ и против две правни лица од Скопје и Куманово за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) од КЗ. Пријавените Б.Д., Ф.А., К.П., В.С., Д.М., В.К. и Б.З., во текот на 2023 година создале група која имала за цел вршење на кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Кон оваа група се приклучиле М.Ц., Б.Ч., Л.П., П.С., Ј.П., А.М., Б.Н., Џ.К., С.Г., Д.З., Ф.З., З.Б., З.В., И.С., А.М., В.С., Б.К., Ѓ.К., А.Б., А.М., В.Т., В.К., С.М., П.Ј., Т.С. и Б.К., кои во текот 2023 и 2024 година, со намера да прибават за себе или за друг имотна корист, свесно ги повредиле прописите за постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Во текот на 2023 година, со намера да се изигра постапката, по претходно договорена и изготвена техничка спецификација за набавка на „СКАД Ормари мониторинг ормар со ГСМ контролор за топлонска станица“ за потребите на ЕСМ Дистрибуција на топлина Дооел Скопје, дел од припадниците на злосторничкото здружување, во својство на службени лица не ја извршиле својата службена должност. Истите договориле на Огласот за јавна набавка, да се пријават правните лица од Скопје и од Куманово, при што правното лице од Куманово се јавило како економски оператор со понуда со непотполна документација и повисока понудена цена од правното лице од Скопје, кој дал понуда во износ речиси идентичен со проценетата вредност на јавната набавка, иако истата не била објавена во огласот за јавната набавка. Со ова дејствије овозможиле правното лице од Скопје да го добие договорот за јавна набавка на СКАД ормари и да се стекне со противправна имотна корист во вкупна вредност од 400.400.000 денари без ДДВ, односно 472.470.407 денари со ДДВ (7.682.445 евра) на штета на Буџетот на ЕСМ Дистрибуција. По извршувањето на горенаведените предикативни кривични дела пријавените В.С., В.К., К.П., Ф.А., Б.Д., Ф.З., Б.З., З.Б., З.В., И.С., Б.К., Ѓ.К., А.Б., А.М., В.Т., В.К., С.М., П.Ј., Т.С. и Б.К., во периодот од 2023 до 2025 со намера за себе или за друг да прибават противправна имотна корист и со намера да го прикријат потеклото, движењето и сопственоста на парични средства кои биле прибавени со наведените кривични дела, пуштиле во оптек, примиле и пренеле парични средства во вкупен износ од 125.556.930,00 денари (2.041.576 евра) и со вака преземените дејствија го извршиле битието на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, стои во соопштението од МВР. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово ГостиварАвтобус на компанијата „Дурмо Турс“ денеска се запали на автопатот Тетово Гостивар, предизвикувајќи вознемиреност кај патниците и останатите учесници во сообраќајот. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е зафатен од пламен, додека густ чад се издига над коловозот. Според првичните информации, возачот навреме го запрел автобусот, по што сите патници безбедно биле евакуирани. Засега нема информации за повредени лица, а на местото на настанот интервенирале противпожарни екипи кои го локализирале пожарот. Надлежните институции вршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС ОпенСабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен-Погледнете што ќе носи популарната „тигрица“.Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка ја претстави својата облека за престојниот Грен слем УС Опен. Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, ја претстави својата опрема за УС Опен. Откако неславно го заврши настапот на Вимблдон, таа ретко се појавуваше во јавноста, а сега одлучи да ги израдува навивачите со облеката што ќе ја носи на последниот Грен слем турнир во сезоната. Брендот „Најк“ и тенисерката од Белорусија овојпат направија чекор понапред. „Тигрицата“ ја брани титулата на УС Опен, откако победи во 2024, а потоа и во 2025 година. Ако се суди според најавите, ќе гледаме агресивна и енергична Сабаленка, каква што сме навикнати да ја гледаме. Облеката што ја претстави го навести токму тоа. Сабаленка се одлучи за портокалова боја – маичка и шорцеви, а претходно ќе носи и мрежест фустан. US Open outfit pic.twitter.com/pIOVmEpisS — 👑 Aryna Sabalenka 🐯 Daily (@SabalenkaDaily) July 30, 2026 Иако популарниот бренд досега не ѝ овозможувал на Сабаленка уникатни спортски комплети, овојпат тоа секако ќе се случи. Јасно е дека опремата што ќе ја носи Белорусинката е инспирирана од „Спајдермен“, а се очекува и други тенисерки кои го носат овој бренд да се појават во слични изданија. Црната мрежа што ја прекрива дводелната спортска опрема е директна асоцијација на филмот, чија премиера е закажана за јули 2026 година. Нема сомнеж дека изданието на Арина Сабаленка ќе предизвика бројни реакции, бидејќи коментарите постојано се менуваат – од позитивни до негативни – само неколку часа по објавувањето на видеото. Фановите не ја изоставија ниту Наоми Осака, од која очекуваат уште поспектакуларно издание, слично на оние од претходните три Грен слем турнири. Воедно, ова веројатно е последниот Грен слем на кој Сабаленка ќе носи стандардна облека од „Најк“ (Nike) како и останатите тенисерки, бидејќи уште во 2027 година би можеле да ја видиме во персонализирани комбинации.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
БалканФото: Змија виси над волан на автомобил во БиХКорисниците на социјалните мрежи биле изненадени од видео од Сјеница кое неодамна кружи на интернет. Сопственикот на автомобилот снимил змија како виси од вратата на автомобилот. Таа висеше веднаш над воланот, обидувајќи се да се ослободи; како успеа да се заглави во вратата на автомобилот останува непознато. Оваа необична глетка ги забавуваше многу корисници. „Ја закачи како освежувач на воздух“, гласеше еден од коментарите. https://www.instagram.com/reel/DbjENoYxfSq/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingТагови: змија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter