3Под контрола е пожарот во Сопиште: Направен е коридор за спас на шумата на Водно, гасат и „ер-тракторите“
Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
2Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
МакедонијаМВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животиЗасилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL.Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Прекумерната брзина не е само прекршок – таа е една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со трагични последици. Секое пречекорување на ограничувањето го зголемува ризикот од незгода и ја намалува можноста за навремена реакција. Затоа апелираме до сите возачи да ја намалат брзината, да ја приспособат на условите на патот и да возат одговорно. Почитувањето на ограничувањата значи поголема безбедност за вас, за вашето семејство и за секој друг учесник во сообраќајот. Нашата цел е една – секој човек безбедно да стигне до својата дестинација. Намали брзина. Спаси живот. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
АвтомобилизамНов електричен мотор: Наместо ретки метали, користи други материјалиПовеќето модерни електрични мотори користат силни трајни магнети направени од ретки и скапи метали - се чини дека не мора да биде вака.Индискиот стартап „Vimag Labs“ тврди дека пронашол решение кое би можело да ја намали зависноста на автомобилската индустрија од гореспоменатите суровини - наместо класични магнети, компанијата користи дигитален систем за контрола кој користи софтвер и прецизна електроника за да создаде потребно магнетно поле во реално време, точно таму каде што е потребно. Според порталот „Electrek“, клучот за иновациите не е во новиот материјал, туку во напредниот софтвер кој ја контролира работата на моторот. Основачот и директор на компанијата, Маниш Сет, наведува дека во развојот на оваа технологија се инвестирани повеќе од 87.600 инженерски часови, објавува „RevijaHAK“. „Vimag Labs“ во меѓувреме доби патент за своето решение и собра околу 4,4 милиони евра инвестиции, додека првите прототипови веќе ги тестираат производителите на мотоцикли и автомобили. Big win for India's EV industry 🇮🇳⚡ Bengaluru-based Vimag Labs has patented a rare-earth-free EV motor to reduce India's dependence on China. The motor uses software, copper coils, steel, and power electronics instead of rare-earth magnets. pic.twitter.com/HJzGhPoNKZ — Vinish Keshri (@vinishkeshri12) July 15, 2026 Експертите, сепак, предупредуваат дека моторите без трајни магнети традиционално имаат еден голем недостаток - тие обично трошат повеќе електрична енергија од класичните решенија. Дали „Vimag“ успеал да го елиминира овој проблем ќе покаже само независно тестирање и сериска примена. Целата индустрија бара алтернатива Производителите на автомобили со години се обидуваат да ја намалат употребата на ретки метали. Тесла уште во 2023 година објави дека сака целосно да ги елиминира од следната генерација електрични мотори. „General Motors“ и „Stellantis“ инвестираат во развој на алтернативни нитридни магнети, додека „BMW“ со години користи електрични мотори без трајни магнети. Кај нив, магнетното поле се создава со помош на калеми, но таквото решение ја зголемува масата на моторот и бара дополнителна електроника за управување со протокот на струја. Затоа ќе биде интересно да се види дали пристапот на „Vimag Labs“ ќе претставува значаен технолошки пробив или ќе остане само интересен експеримент.Тагови: електричен мотор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Волково пожарот зафати една куќа, пожарникар доби изгоренициГолем пожар околу пладне избувна и во населбата Волково.И овој пожар е ставен под контрола, благодарение на интевенцијата на скопските пожарникари, кои излегле на терен со 4 возила. Огнот брзо се ширел поради силниот ветер и зафатил една куќа, која целосно изгорела. При гаснењето, еден пожарникар, се здобил со изгореници на раката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16