МВР ги приведува сите поврзани со организацијата на кобниот настан во Кочани - Канал 5

МВР ги приведува сите поврзани со организацијата на кобниот настан во Кочани

Како што дознава Канал 5, МВР ги приведува сите лица кои на било каков начин се поврзани со организација на настанот во приватната дискотека во Кочани.

МВР ги приведува сите поврзани со организацијата на кобниот настан во Кочани

Кобниот настан се случи ноќеста во 3 часот по полноќ, кога поради употреба на пиротехнички средства се случи пожар во кочанстака дискотека Пулс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во Собранието ќе биде промовиран кодексот за етичко однесување на пратениците

Денеска во Собранието ќе биде промовиран кодексот за етичко однесување на пратениците, документ со кој се утврдуваат принципите и стандардите за однесување на избраните претставници во законодавниот дом.

Денеска во Собранието ќе биде промовиран кодексот за етичко однесување на пратениците

Кодексот беше усвоен на 15 јуни годинава, а според претседателот на собранието, Африм Гаши, неговата цел е да воспостави јасни правила за етичко постапување и одговорност на пратениците во извршувањето на нивната функција.

На промотивниот настан воведни обраќања ќе имаат претседателот на собранието Африм Гаши, амбасадори и пратеници во рамки на настанот ќе се одржи и дискусија на тема „Од усвојување до примена – следни чекори“, посветена на практичната примена на новите етички стандарди во работата на пратениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјалните канали на белгискиот тим со порака до Трамп и Инфантино: -„Поништи го ова!“

Фудбалската репрезентација на САД во осминафиналето го заврши својот мундијалски сон за висок пласман на првенството на кое е кодомаќин. 

Официјалните канали на белгискиот тим со порака до Трамп и Инфантино: -„Поништи го ова!“

Репрезентација на Белгија во осминафиналето синоќа ги совлада САД со убедливи 4:1 и обезбеди место меѓу осумте најдобри селекции на 23 Светски шампионат.

За Белгијците овој успех и триумф е уште посладок, ако се замат во предвид контроверзиите кои го следеа овој дуел уште пред неговиот почеток.

ФИФА под притисок на американскиот претседател Трамп му го поништи црвениот картон на напаѓачот на САД, Фоларин Балогун, кој го доби против БиХ и му дозволи да игра во осминафиналето.

Молбата од Трамп која првиот човек на ФИФА, Инфантино ја прифати предизвика без низ целиот свет кај скоро сите искрени љубители на буба-марата.

Секако успехот на Белгија во овој контроверзен меч предизвика хаос и на социјалните мрежи.

Официјалните канали на белгискиот тим на социјалните мрежи брзо испратија порака откако беше потврдена нивната победа од 4-1.

„Поништи го ова!“, пишуваше во објавите, по четвртиот гол кој го постигна Лукаку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосно реновирани две детски игралишта во Карпош

Во рамки на проектната активност за санација и реконструкција на урбаната опрема, Општина Карпош направи замена на старите и оштетени реквизити на уште две детски игралишта.

Целосно  реновирани две детски игралишта во Карпош

На детското игралиште кое се наоѓа на ул. Никола Парапунов обновени се клупите, поставени се нови лулашки и санирана е останатата урбана опрема во склоп на ова катче.

На детското игралиште кај Адреналинскиот парк, во близина на кејот на реката Вардар, се изврши фарбање на урбаните елементи, се зацврстија подлогите на лулашките, се реновирааа клацкалките, лизгалките, а се заменија и старите дотраени дрвни конструкции.

Општината продолжува со засилено темпо на реконструкција и реновирање на претходно мапирани оштетени детски игралишта, сè со цел да им се обезбеди пријатен и безбеден престој за дружба, забава и игра на карпошани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер