Музичка забава на покривот на „Сити мол"

Саботна музичка забава вечер од 19:30 до 21:30 часот ќе организира Општина Карпош на покривната површина на Трговскиот центар „Сити мол". 

Преку овој настан, Општината ги повикува сите карпошани во овој период од денот да излезат на терасите од своите домови и да уживаат во добра музика.

За музичкиот дел, задолжен ќе биде DJ Babura Junior, а како што се наведува во соопштение, настанот ќе може да се следи и во живо на фејсбук страниците на општината и DJ Babura Junior.

-Карпош продолжува да пулсира во духот на урбаното, во духот на маалскиот соживот и меѓугенерациска дружба. DJ Babura Junior ќе не потсети на голем број диско хитови, ретро македонска и странска музика. Во период на полициски час, ќе имаме можност да уживаме во добра музика и да дадеме поддршка на домашната музичка сцена, соопштија општинските власти.

Општината ги повикува сите карпошани, особено оние кои живеат во околината на „Сити мол", да излезат на своите тераси, од своите домови да бидат дел од овој настан, кој, како што посочуваат, ќе се карактеризира и со голема интерактивност.

Разрешен медицинскиот директор на скопска Токсикологија, Данил Петровски

Министерот за здравство во заминување, Илир Демири ги оствари најавите.. 

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски. Економската директорка Бесије Иљази, која подолго време беше во отворен судир со Петровски, пак останува на клиниката.

Причина за разрешувањето од директорската позиција според министерството за здравство е неправилности во работата, но ќе остане да работи на клиниката.

Петровски во телефонски разговор за Канал 5 вели дека се сомнева дека е разрешен поради тоа што за време на годишен одмор дошол на вонредно дежурство, поради дефицит на кадар, нешто што со закон според него е дозволено.

„Имам право да дежурам според закон за работни односи, каде што сам се откажувам од правото на одмор и сам се пријавувам кога има потреба од дежурство. “

На разрешувањето реагираа и вработените од токсикологија.

Случувањата на токсикологија со недеи беа во фокусот на јавноста поради низата скандали поврзани со функционирањето на клиниката. Министерот за здравство уште пред изборите најави разрешување на Петровски затоа што не ги продолжил договорите на 18 те хонорарци.

13- годишно момче од Битола починало на роденденска забава

Момче (13) од Битола починало во неделата на роденденска забава.

Трагедијата се случила во атарот на селото Крстоар, додека момчето славело со другарите.

На момчето околу 15 часот и 30 минути му се слошило додека си играло со момчињата, а присутните веднаш повикале брза помош, која го пренела во болницата во Битола.

По пристигнувањето во болница, момчето не давало знаци на живот, а лекарите по 40 минути реанимација можеле само да констатираат смрт.

Од полицијата изјавија дека не се познати причините за смртта и дека телото ќе биде испратено на обдукција. Исто така, како што наведоа, на телото не биле забележани траги на насилство.

Црната боја - признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената за ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување коешто открива дека човек е вообичаено „најпривлечен“ за другите, но им изгледа и „најпаметно“ и „најсамоуверено“ во црна облека.

Обемното истражување на британската интернет-продавница „Бајшртсонлајн“ (Вuytshirtsonline) во коешто учествувале повеќе од 1.000 испитаници, во таа смисла, посочува оти црната боја е на место бр. 1... Поточно, луѓето кои носат црна облека - и жени и мажи, другите ги гледаат како најпривлечни, најинтелигентни и со најголема самоувереност.

Во категоријата за самодоверба, црвената боја е на второ место, а на прво место во разредот ароганција. Црвената е место бр. 2 и во категоријата за привлечност, па и тука е веднаш зад црното, а трета е сината боја. Само 12 отсто од испитаниците го поврзуваат црвената облека со интелектот.

Луѓето кои носат жолта, портокалова и розова облека, испитаниците ги сметаат за најмалку интелигентни. Луѓето кои носат кафена облека се сметаат за најмалку привлечни. /МИА

притисни ентер