Музејот на приказните со блескаво руво во Новата Година - 50 години Музеј на тутун - Канал 5

Музејот на приказните со блескаво руво во Новата Година - 50 години Музеј на тутун

Музејот за тутун во Прилеп, еден од раритетните во Европа, еден од најпосетуваните од домашните и странски гости, постојано ги обновува, ги чува приказните за човековото однесување.

Музејот на приказните со блескаво руво во Новата Година - 50 години Музеј на тутун

И по пет децении, музејот за тутун во Прилеп фасцинира со приказните, а експонатите го потврдуваат човековото однесување кое е врзано со уживањето, со потребата низ историјата да го покаже својот статус, но и да укаже на начинот на живот на различни простори.

Музејот за тутун во Прилеп, еден од раритетните во Европа, еден од најпосетуваните од домашните и странски гости, постојано ги обновува, ги чува приказните за човековото однесување.

Обновен, дотеран во ново руво влегува во новата 2024 година. За 50- годишнината (во 2023 година се навршија пет децении од неговото постоење) Музејот доби современ фасцинантен дизајн и уште повеќе го привлекува вниманието.

-По пет децении музејот е осовременет. Пет витрини се направени на нови постаменти, што е сосема нов начин на претставување на експонатите. Тоа досега никогаш не е работено во Македонија. Овие постаменти собираат многу повеќе експонати Внесени се новите експонати кои се купувани овие години, а немавме место каде да ги ставиме. Презентацијата и експонирањето се врвни. И порано одевме на документаристичката вредност на експонатите, сега одиме и на доброто експонирање. Поектот на Министерството за култура мислам дека максимално го искористивме. Комплетно е променето осветлувањето- и во витрините и во салата од Музејот, објаснува етнологот Александар Цветкоски од прилепскиот Завод и музеј кој катадневно, со години ги раскажува фасцинантните приказни за тутунот, за човековиот луксуз и однесувањето.

Музејот за тутун е музеј на приказни. Уште кога е правен во 1972 година, Бошко Бабиќ и Тадеуш Полак сакале да имаат лулиња од познати личности кои ја раскажуваат историјата за тутунот и за уживањето во него. Да имаат лулиња од светските изложби од Виена и од Париз каде биле изложувани. И успеале да ги најдат. Тие плански ги собирале експонатите од цел свет. Сета таа грижа има до денеска одраз преку тие приказни.

-Ние поседуваме луле од 1700 година од првиот пушачки клуб на светот кој го формирал сер Волтер Рајли во Лондон. Сер Волтер Рајли е оној кој ја открил Вирџинија во САД, кој прв донел тутун во Англија. Тогаш не знаеле како да го одданочат тутунот, па Рајли се збогатил и го направил тој познат клуб во Лондон. Членови на клубот биле, дури и, кралот и кралицата. Рајли многу се полакомил по пари, па наплатил облог од кралицата. Имено, рекол дека може да го измери чадот од тутунот. Го зел лулето, го измерил, го испушил тутунот, па повторно го измерил. Остатокот бил чадот. Ги зел парите од кралицата, но тоа не го преживеал. Кралицата во 1600-та година ја предизвикала првата кампања против пушењето, кога била создадена и првата книга против пушењето. Пред да го обесат, сер Рајли го испушил последното луле. Оттогаш останало: кога ќе речат „рајлиево луле“ или „рајлиева цигара“, тоа е оној мачен разговор кога ќе ви ја соопштат лошата вест. Дека сте исфрлен од политиката или сте сменет од функција, фасцинирано раскажува Цветкоски.

Постои и приказната за лулето на Кемпбел. Тоа е свештеник кој во 1630-та година венчал една протестантка со католик, што било забрането во Германија. Инквизицијата го дознала тоа. Го мачеле свештеникот седум дена, но тој не кажал кого венчал, за младите да имаат време да побегнат. Кога признал, го обесиле. Свештеникот го испушил последното луле во името на љубовта.

- Денеска, кога некој рече „Кепбелово луле“, тоа е оној последен мачен разговор кога дечкото и девојката раскинуваат, кога се растура брак, или се растура некое друштво. Тој последен разговор се вика „Кембелов разговор“. Инаку, вистинското име на Кембел е - Валентајн. Прилепскиот музеј го поседува последното луле кое го испушил пред бесилката во 1630-та година.

Нема крај на приказните во прилепскиот Музеј за тутун.

- Ги раскажуваме приказните за славните луѓе низ историјата кои ги имале сите мани и доблести што ги поседувале „обичните луѓе“. Токму затоа, луѓето кога ќе влезат во Музејот ја гледаат таа димензија, која обично ја гледаат во филмовите, но овој пат, доблиќена, тука, пред витрината, со експонатот кој му припаѓал, на пример, на рускиот цар Романов, на Ана Хабзбург, а и на Дража Михајловиќ, личност од Балканските простори. Тоа е интересно, раскажува кустосот Цветкоски.

Посетителите, особено странските се фасцинирани од приказните, но и отворено прашуваат: Како е можно еден град во провинција да има толку значаен музеј кој е втор по големина во светот?

Оваа година се набавени нови 130 експонати. Сега бројката на експонати е над 4 500. Набавени се и нови, како што се женски чубуци во „Арт деко“ кои треба да одбележат еден значен историски период во однесувањето на луѓето.

-Има некои музеи на лулите во Грција, во Варна, во Турција, но тие опфаќаат само еден период. Овде има и од предисторијата. Ова е голем комплексен музеј кој ги опфаќа сите аспекти на тутунот, вели Цветкоски.

Музејот нуди нов свет, но и докази со кои човекот, кога се оддава на луксуз, ги покажува своите карактерности. Без разлика од кој дел на светот е.

- Овде е интересен самиот феномен на тутунот. Тоа не е ниту ориз, ниту грав. тоа е индустриско растение кое создава своја сфера околу себе, па тука се зборува и за цигаретата „по онаа работа“, се зборува за смешните долги лули од 5 метри. Зошто? Очигледно, немало „мерцедеси“ па купувале долги лули. Значи, тоа зборува за човековата ексцентричност, па и глупавост, напати, зборува за човековиот „хир“ кој намногу се покажува, точно преку луксузните експонати. А, да се потсетиме, тутунот е луксуз. А каде што има луксуз, има и човечка глупост, вели енологот, кустосот во прилепскиот Музеј за тутун, Александар Цветкоски, кој е неуморен во раскажувањето на приказните, за човековото однесување, за нешто што му претставувало задоволство, а најмногу луксуз.

Музејот за тутун во Прилеп наврши 50 години. А чува приказни од пред неколку илјади, од пред стотици години или од денешно време. Изберете. Приказната за тутунот и човекот е недораскажана. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мексико веднаш да ги запре колоните кои формираат инвазија на нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги удвои царините за Мексико ако не ги спречи големите групи мигранти кои, според него, се движат кон границата со САД. 

Трамп: Мексико веднаш да ги запре колоните кои формираат инвазија на нашата земја

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, тој тврди дека по поразот на републиканците на конгресните избори, повторно се случува „инвазија“ на САД.

„Еве нè повторно! Поради наводниот пораз на републиканците на конгресните избори - на кои ЈАС НЕ СЕ КАНДИДИРАВ - ИНВАЗИЈАТА на нашата земја повторно се случува“, напиша Трамп.

„Мексико мора да ги запре сега“

Трамп тврди дека во Мексико се формираат големи каравани мигранти и се движат кон Соединетите Американски Држави.

„Се формираат огромни каравани и започнуваат нелегална кампања низ Мексико. Многу луѓе во овие каравани се оние што разни земји не ги сакаат - „Испратете ги во Америка“, велат тие - но нема да бидат прифатени!“, рече тој.

Потоа му се закани на Мексико со економски мерки ако не ги спречи мигрантите. „МЕКСИКО МОРА ДА ГИ ЗАПРЕ СЕГА, а ако не го сторат тоа, царините за Мексико ВЕДНАШ ќе бидат ДВОЈНИ“, напиша американскиот претседател.

„Нема да има отстапки“

Трамп рече дека Мексико, гувернерот на Тексас, американската гранична патрола и Службата за имиграција и царина (ICE) биле информирани за неговото барање. Тој конкретно го спомена новиот гувернер на Тексас, кого го опиша како „многу либерален“. „Нема да има отстапки! Ви благодарам за вниманието“, заклучи Трамп. Трамп не даде докази во објавата за тврдењата за караваните со мигранти, ниту прецизираше за кои постоечки царини ќе се однесува најавеното удвојување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Интернет ѕвездата Триша Пајтас откри дека за само една недела заработила дури 100.000 долари (околу 90.000 евра) на YouTube. 

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Таа ги откри овие информации за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен, во која учествуваше во играта „Plead the Fifth“. Откако ја откри сумата, таа отсечно додаде: „Тоа беше добра недела“.

Пејтас, која е домаќин на подкастот „Just Trish“, објавува видеа на Јутјуб од 2007 година. Сепак, не заработувала секогаш толку многу. Во интервју за Polyester Zine во 2023 година, таа објасни дека нејзините приходи варирале многу, во зависност од тоа колку често објавувала содржина и на кои платформи била активна. Инфлуенсерката, исто така, се потсети на периодот кога снимала видеа секој ден и заработувала значително повеќе.

YouTube video

Од mukbang до Холивуд

Триша Пајтас се занимавала со различни видови содржини низ годините. Таа е позната по нејзините вирални мукбанг видеа, во кои јаде големи количини храна пред камера, но и по нејзините музички видеа и влогови за секојдневниот живот. Повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на различни социјални мрежи.

Во последните години, нејзината кариера се прошири и надвор од социјалните мрежи. Покрај водењето подкаст и снимањето ASMR видеа, претходно беше активна на платформата OnlyFans, се појавуваше на телевизија и се обидуваше да глуми.

За време на нејзината кариера, таа се појави во повеќе од 50 телевизиски и филмски проекти, вклучувајќи ги „Saturday Night Live“, „Celebrity Big Brother UK“ и „America's Got Talent“. Најавени беа и нејзините улоги во сериите „Hacks“ и „Euphoria“.

Во интервју за британскиот Vogue во 2024 година, таа откри дека реинвестира голем дел од својата заработка во снимање содржини. Како што рече, трошела десетици илјади долари за продукција на раскошни видеа.

Семејство и нови мемоари

Големи промени се случија и во нејзиниот приватен живот. Во декември 2021 година, таа се омажи за израелскиот уметник и фотограф Мозес Хацмон, кој редовно ѝ се придружува во водењето на подкастот „Just Trish“. Двојката има три деца: ќерката Малибу Барби, родена во септември 2022 година, ќерката Елвис, родена во мај 2024 година, и синот Аквамен Мозес, роден во јули 2025 година.

Порано оваа недела, Пајтас објави и мемоари од 368 страници со наслов „Плачење на кујнскиот под“. Во книгата, таа го опишува растењето во Илиноис, обидите да успее во Холивуд, контроверзиите што следеа по нејзината интернет кариера и нејзините проблеми со менталното здравје. Таа, исто така, пишува за тоа како со текот на времето пронашла стабилност во семејниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. 

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда.

Споредба со Виетнам

Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина.

„Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте.

Напади врз цивили и хибридна војна

Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата.

„Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој.

Проценки за вкупните загуби

Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер