Министерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните средини - Канал 5

Министерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните средини

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес потпиша девет договори за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој. 

Министерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните средини

Вкупната вредност на договорите изнесува 1.283.889 денари.

Поддржаните манифестации се посветени на промоцијата на домашните земјоделски производи, подобрувањето на нивната препознатливост, непосредното поврзување на производителите со потрошувачите, како и афирмацијата на локалната традиција, гастрономијата и руралниот туризам.

„Најкраткиот пат од нивата до пазарот понекогаш започнува на локалниот плоштад, место каде што производителот може лично да застане зад својот производ, да го понуди и да му овозможи на потрошувачот да ја препознае неговата вредност. Со оваа поддршка отвораме простор локалните заедници да го претстават најдоброто што го создаваат, а манифестациите да донесат конкретна придобивка за изложувачите и локалните производители“, истакна министерот Серафимовски.

Поддршка за организирање манифестации добија:

-„Еко кам мед“ од Македонска Каменица за „Денови на медот во Македонска Каменица“;

- „Ума Сто“ од село Умин Дол за „Есенско пазарче“;

- „Слоу фуд Лихнидос“ од Охрид за „Вкусови на ферментацијата – органско производство на храна“;

- Општина Босилово за „Ајверијада во Општина Босилово 2026“;

- Општина Василево за „Ден на празот“;

- Општина Ново Село за „Костенијада“;

- Општина Чучер-Сандево за „Традиција на Скопска Црна Гора“;

- Општина Ресен за „Преспански јаболкобер“;

- Општина Кочани за „Денови на кочанскиот ориз“.

Избраните манифестации ќе се реализираат во периодот од 10 септември до 31 декември 2026 година. Преку нив ќе се промовираат производство на мед и органска храна, локални земјоделски производи и традиционална гастрономија.

Со реализацијата на оваа мерка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја продолжува поддршката за здруженија и единици на локалната самоуправа во организирањето манифестации што ја зголемуваат видливоста на домашните производители, ја поттикнуваат локалната економска активност и придонесуваат за развој на руралните средини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Жерновски пак го вози автомобилот на “братучедот”, а богами и непрописно паркира

Андреј “НАТО” Жерновски во стилот на Артан “Лотарија” Груби, го вози автомобилот на “братучедот”.

Манасиевски: Жерновски пак го вози автомобилот на “братучедот”, а богами и непрописно паркира

Откако јасно кажа пред некој месец на гостување на поткаст (ВИДЕО), дека нема во своја сопственост автомобил марка “Мерцедес” со регистарски таблички од иста бројка, ниту пак дека некогаш во животот возел “Мерцедес”, во сопственост на негов братучед, повторно со свои очи го видов неуспешниот амбасадор Жерновски како го управува “Мерцедесот”.

Дополнително, непрописно се паркирал додека фрлаше ѓубре во контејнер. Но, на Жерновски не му е грижа, затоа што и да го казнат за непрописно застанување, автомобилот не е негов, братучед му ќе му ја плати казната, објави на ФБ Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Платформата ЗНАМ 2.0 исто како Мицкоски, Ќуркчиев вчера едно – денеска друго

Платформата ЗНАМ 2.0 работи исто како Христијан Мицкоски кој ги плаќа со 1.6 милиони евра.

СДСМ: Платформата ЗНАМ 2.0 исто како Мицкоски, Ќуркчиев вчера едно – денеска друго

Мицкоски вели „нула денари“ следниот ден излегува дека се 5,5 милиони евра.

Ќуркчиев вчера вели дека е „пензионер кој има уставно загарантирано право хонорарно да биде ангажиран од приватна компанија“. Денеска тврди дека документите што ги објавивме се „монтирани„ и „фалсификат“.

Како Мицкоски.

Само што за Мицкоски буџетот е 5.5 милиони евра а за ЗНАМ 2.0 буџетот е 1.6 милиони евра.

Сега откако јавноста виде колку и на кој начин се плаќа Платформата на Мицкоски ЗНАМ 2.0 нема бегање од вистината.

Документите коишто ги објави СДСМ се јавно достапни и тие се составен дел од тендерската документација.

Така да, едвај чекаме тужба и да одиме на суд.

Па да ги објавиме и другите документи.

На пример, овој документ којшто ја покажува и врската со Максим Димитриевски.

Максо потпишал дозвола за интегрирана еколошка дозвола за потребите на фирмата со којашто соработува и ја преставува Ќуркчиев.

Секако, Маким Димитриевски, ЗНАМ 1.0.

Таму потпишува ЗНАМ 1.0, за на друго место да потпишува ЗНАМ 2.0.

Затоа едвај чекаме тужба, исто како што и Стоилковиќ ни се закани па сега никаде го нема, а ние сме спреми со документите за неговата соработка со БИА.

Имаме две пораки за сите.

За вас СДСМ вреди 1,6 милиони евра но СДСМ не е на продажба. СДСМ нема да игра како што свири диџеј Мицкоски.

СДСМ не се продава.

А вие сите ќе одговарате. За предавството ќе ве казнат граѓаните, а за криминалот наскоро ќе одговарате пред слободно судство и независно обвинителство, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон: Европа е цел на руски хибридни закани

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја, како и остатокот од Европа, во последните недели е изложена на засилени руски хибридни закани.

Макрон: Европа е цел на руски хибридни закани

Тој ја даде оваа изјава по средбата со лидерите на парламентарните партии. „Заканата со која се соочуваат Европа и Франција се засили во последните недели, особено во однос на руските хибридни закани“, рече Макрон.

Промена на природата на агресијата

Макрон исто така смета дека „природата на руската агресија се менува“. Како примери за ова ново ниво на закани од Кремљ, тој ги наведе нападот врз воз што сообраќа меѓу Полска и Украина, навлегувањата на дронови во воздушниот простор на соседните земји и спречениот напад врз аеродромот во Лајпциг.

Германија претходно ја обвини Русија за обид за напад со дрон врз аеродромот во Лајпциг во текот на август. Во меѓувреме, минатиот викенд се случи и безбедносен инцидент во Украина; руски дрон удри во воз што се движеше веднаш зад конвојот во кој се наоѓаше поранешниот британски премиер Борис Џонсон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер