Мустанг и Шевролет се тркале по автопат, едниот не поминал добро (ВИДФЕО) - Канал 5

Мустанг и Шевролет се тркале по автопат, едниот не поминал добро (ВИДФЕО)

Chevrolet Z06 е навистина моќен автомобил напојуван од атмосферски 7.0-литарски V8 мотор кој испорачува околу 600 КС, и сега му излезе „на мегдан“ на еден Mustang, што важи за „озлогласен“ автомобил во Америка.

Мустанг и Шевролет се тркале по автопат, едниот не поминал добро (ВИДФЕО)

Сопствениците на Мустанзите често се предмет на критики кога не можат да ги контролираат своите „ѕверови“.

Сега Корветата е во „главна“ улога, ја започнаа трката на автопатот, а за време на моќниот старт, возачот изгуби контрола над задниот дел и целосно го уништи својот автомобил.

Како изгледала трката, ќе видите во следното видео.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Природонаучниот музеј

Сите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата.

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Природонаучниот музеј

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината.

Со овој Меморандум се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на учениците.

Дополнително, соработката предвидува организирање стручни водства низ постојаните музејски поставки, тематски работилници согласно интересот на училиштата, како и предавања, презентации и практична настава со стручни лица и експерти од различни области во училиштата.

Сите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата, со цел теоретското знаење стекнато во училниците да добие своја практична примена.

Овој Меморандум е важен чекор кон создавање современ и поквалитетен образовен процес кој овозможува учење преку директно искуство, истражување и практична работа. Ваквите партнерства во Општина Кисела Вода дава поддршка на проекти кои ги поттикнуваат младите да го истражуваат светот околу себе и да градат знаење како темел за нивната иднина

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тренчевска: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами - следува криза и уште поскапа храна

Цените на дизелот надминаа 100 денари за литар. За 43% се покачени во изминатите 6 месеци.

Тренчевска: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами - следува криза и уште поскапа храна

Што значи цените на храната повторно ќе растат.

А Владата на Мицкоски не презема ништо.

Ценовниот бран сега ќе биде уште потежок затоа што половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци.

Потрошувачката кошничка веќе достигна речиси 70.000 денари а платите не мрдаат.

Сега секој нов денар на лебот, млекото, зеленчукот и овошјето директно удира врз семејната трпеза.

Директно се засегнати и македонските зeмјоделци.

Поскапо гориво значи поскапа обработка на нивите, поскап транспорт, поскапо производство и на крај – поскапа храна.

Поради неспособноста на Мицкоски и неговата Влада Македонија веќе го живее почетокот на кризата.

Земјоделците гледаме дека денеска повторно протестираат за откупни цени на пиперката кои владата на Мицкоски им ги вети ама не ги испорача.

Ги излажа.

Откупот на пиперката не се „решава“ со лаги и манипулации туку со конкретни мерки.

СДСМ ги поддржува барањата на земјоделците. Во време на СДСМ откупната цена беше 50 денари по килограм.

Сега Владата треба да обезбеди и повеќе од 50 денари заради зголемени трошоци за производство во целокупниот сектор за земјоделство.

Земјоделецот не живее од прес-конференциите на Мицкоски и лажните ветувања.

Живее од цената на својот производ. Од сигурен откуп, навремена исплата.

Од тоа дали може да купи гориво, семе и ѓубриво за следната сезона.

А токму тие трошоци растат.

Субвенциите доцнат или се намалуваат.

Горивото поскапува. Ѓубривото поскапува. Наводнувањето е проблем. А уште сакаат да градат и дата центри.

Ова е систематско уништување на домашното производство и губење на прехранбената сигурност на државата.

Македонија има земја, вода, сонце, традиција и вредни земјоделци, може да произведува храна и за себе и за регионот.

Цел свет се подготвува за глобален проблем со поскапа храна само Владата на Мицкоски не презема ништо.

Со ваквата политика на ВМРО-ОКГ, земјоделците едвај преживуваат, домашното производство се намалува, зависноста од увоз расте, а храната ќе станува сè поскапа.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Леао се сели во Премиер лигата? Sky: Преговорите се во тек

Португалската фудбалска ѕвезда 27 годишниот Рафаел Леао би можел да го напушти Милан и да замине во Премиер-лигата во завршната фаза од преодниот рок. 

Леао се сели во Премиер лигата? Sky: Преговорите се во тек

Според италијанскиот „Скај Спорт“, Астон Вила започнала преговори со Милан за португалскиот напаѓач. Агентот Жорге Мендеш посредувал во поврзувањето на двата клуба, а Леао е отворен за трансфер во Бирмингем.

Една од причините е фактот што Астон Вила оваа сезона ќе настапува во Лигата на шампионите. Сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите, а Вила сè уште нема доставено официјална понуда.

Милан пред неколку дена навести дека бара околу 60 милиони евра за Леао, иако италијанските медиуми сугерираат дека преговорите би можеле да започнат со понуда од приближно 50 милиони евра плус бонуси. Галатасарај претходно понуди нешто повеќе од 40 милиони евра, но Милан ја одби таа опција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер