Мусака од спанаќ - Канал 5

Мусака од спанаќ

Прекрасен начин за подготовка на спанаќ, состојка што сите ја сакаат и вкусно јадење. 

Мусака од спанаќ

Состојки:

1 кг спанаќ

2 мали главици кромид

300 грама мелено месо

2 маркова

200 грама ориз

100 мл неутрална павлака

1 јајце

0,5 литри супа

2 лажици сув зачин

мелен бибер и сецкан магдонос

Подготовка:

Добро измијте го спанаќот, исчистете го и ситно исецкајте го. Исецкајте еден кромид и пржете го на тивко, додадете сецкан морков, динстајте и додадете го меленото месо. Сè добро испржете, потоа додадете сув зеленчук и мелен бибер. Во друг сад, ставете го вториот кромид да се пржи полека, и додадете го измиениот ориз да се динста. Полека додадете го сецканиот спанаќ, но не одеднаш, дел по дел на тивок оган додека не го искористиме целиот спанаќ. Полека додадете ја супата, но оставете една лажица. Садот каде што ќе се пече мусаката, го премачкуваме со путер и ставаме половина од спанаќот. Одозгора го ставаме веќе испрженото месо и на крај другата половина од спанаќот. Преливаме со лажица супа, и ја ставаме во рерна на 180 – 200 `C десет минути. Извадете ја мусаката од рерна, изматете едно јајце со павлака и прелијте преку мусаката и на крај посипете со сецкан магдонос. Вратете ја во рерна уште десет минути. Уживајте!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американска пливачка собори два светски рекорда во ист ден

Американската пливачка Кејт Даглас собори два светски рекорда во ист ден на Првенството во пливање „Пан Пацифик“ во Ирвин, Калифорнија.

Американска пливачка собори два светски рекорда во ист ден

Во финалето на трката на 50 метри слободен стил, Даглас дополнително го подобри рекордот што го постави само неколку часа претходно во квалификациите.

Во финалето, Даглас ја заврши трката за 23,19 секунди, надминувајќи го сопствениот резултат од 23,49 секунди од утринските квалификации за дури 30 стотинки.

Со тоа, таа повторно го презеде светскиот рекорд во оваа дисциплина од својата сонародничка Гречен Волш.

Волш претходниот светски рекорд од 23,55 секунди го постави на 28 јуни на митингот „Сет Коли Трофи“ во Рим, но Даглас двапати го собори светскиот рекорд во текот на истиот ден.

Американката претходно учествуваше во соборувањето на светскиот рекорд во штафетата 4x100 метри мешано на првата вечер од натпреварувањето, заедно со Гречен Волш, Ван Матијас и Вил Модглин. Даглас е освојувач на пет олимписки медали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Поплави во Шпанија, загинаа две жени, седум региони се под предупредување.

Две постари жени загинаа, а две бебиња се повредени во поплави и одрони предизвикани од обилни врнежи во рурална област во северозападна Шпанија.

Видео: Поплави во Шпанија, загинаа две жени, седум региони се под предупредување.

Локалните власти ја потврдија информацијата.

Поради најавените невремиња и обилни врнежи, во недела е на сила жолто предупредување за временските услови во седум региони, пренесува Ројтерс.

Службите за итни интервенции во автономната заедница Кастиља и Леон соопштија дека загинатите жени имале приближно 60 и 80 години. Несреќата се случила доцна во саботата вечерта во селото Манзанедо де Валдуеза, недалеку од Понтеведра. Надлежните исто така објавија дека две доенчиња се здобиле со нагмечувања и им била укажана лекарска помош.

Шпанската агенција за цивилна заштита издаде предупредувања за невреме и обилни врнежи од дожд за недела, кои опфаќаат седум региони во централните и северните делови на земјата.

Овие поплави доаѓаат по повеќенеделен период на рекордно високи температури, за време на кој земјата беше погодена и од серија големи шумски пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подигнати авиони на НАТО – добиена дозвола за напад

Романското Министерство за одбрана денеска соопшти дека рано утринава во неделата, авион на НАТО соборил беспилотно летало што нелегално навлегло во романскиот воздушен простор.

Подигнати авиони на НАТО – добиена дозвола за напад

Беспилотното летало било уништено од пилотите на авионите Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, распоредени во Романија, пренесува порталот Digi24.ro.

„Во текот на ноќта меѓу 15 и 16 август, во 4:44 часот наутро, системите за надзор на воздушниот простор на романското Министерство за одбрана регистрираа навлегување на воздушна цел во националниот воздушен простор од правец на Република Молдавија, на околу 24 километри северно од Галац“, се наведува во соопштението на романското Министерство за одбрана.

Авион Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, кој извршуваше борбена задача во рамките на мисијата за воздушно патролирање од воздухопловната база „Михаил Когалничану“, успешно го собори дронот, а како можна локација за падот на неговите остатоци е идентификувана ненаселена област меѓу местата Балени и Кудалби, во округот Галац. Според соопштението, воздушната тревога за округот Галац заврши во 5:20 часот наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер