3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаМуртезани: Финансирањето на енергетската транзиција бара стратешки пристап и заедничка визијаДинамичните геополитички случувања ја засилија неопходноста Македонија да го забрза преминот кон обновливи извори на енергија и поголема енергетска независност. Земјата останува активен и посветен партнер во регионалниот процес на енергетска трансформација. Преку визионерски пристап, усогласена регулаторна рамка и силни меѓународни партнерства, не само што одговара на глобалните предизвици, туку и активно придонесува за нивното обликување, рече денеска министерот за европски прашања Орхан Муртезани. На панелот „Финансирање на енергетските амбиции“ што се одржа во рамки на Форумот за мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан (MEF-WB Energy Forum 2025), Муртезани потенцира дека Владата го ревидираше Националниот енергетски и климатски план за негово целосно усогласување со Европскиот зелен договор и Договорот за енергетска заедница. Истовремено, дополни, се мобилизираа сите достапни инструменти за финансирање, како Инвестициската рамка за Западен Балкан и ИПА III. Во овој контекст, министерот го нагласи значењето на регионалната интеграција, заедничките инфраструктурни проекти и флексибилните модели на финансирање како предуслов за одржлива транзиција. На прашањето за приоритетните сектори и инвестиции, тој истакна четири главни области: производство на обновлива енергија, модернизација на електропреносната мрежа, енергетска ефикасност и електрификација на транспортот. -Во овие области Владата активно спроведува иницијативи кои имаат за цел не само да ја забрзаат транзицијата кон зелени извори на енергија, туку и да обезбедат одржлива енергетска инфраструктура, подобар урбан транспорт и подобрување на енергетските перформанси на јавните објекти. Акцентот е ставен на решенија што се долгорочно одржливи, општествено инклузивни и усогласени со европските и регионалните цели, потенцираше Муртезани. Форумот за мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан има зе цел преку заедничкиот ангажман да се премине од идеи кон реални инвестиции, кои ќе донесат почиста, побезбедна и поконкурентна енергетска иднина за целиот регион. Овој регионален настан се одржува осма година по ред и претставува платформа за продлабочена соработка меѓу земјите од регионот и заеднички пристапи кон забрзана зелена транзиција и целосна декарбонизација до 2050 година. Тагови: Муртезани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24. Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан. Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница. Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter