3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаМуртезани: Еден од трите топ приоритети на Владата е борбата против корупцијатаМинистерот на прес-конферернцијата истакна дека секогаш е вистинско задоволство кога во Скопје доаѓаат наши пријатели од Австрија и од Словенија, земји со кои нѐ поврзуваат искрени пријателства, долгорочни партнерства и длабока европска блискост.Еден од трите топ приоритети на Владата е борбата против корупцијата, при што големо е значењето на владеењето на правото и борбата против корупцијата во рамки на процесот на нашето пристапување во Европската Унија, изјави денеска министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на заедничката прес-конференција во Скопје со австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски прашања, Нева Грашич. Муртезани одговарајќи на новинарско прашање за тоа како гледа на борбата против коруцијата и реформите на правосудството, во контекст дека судовите не спроведуваат одлука за австриска фирма, која има пресуда од арбитражен суд, истакна дека не постои друг пат за спроедување на реформите освен европскиот, но напомена дека во моментот нема информации за конкретниот случај. Министерот на прес-конферернцијата истакна дека секогаш е вистинско задоволство кога во Скопје доаѓаат наши пријатели од Австрија и од Словенија, земји со кои нѐ поврзуваат искрени пријателства, долгорочни партнерства и длабока европска блискост. -Во тој контекст, би сакал, пред сè, да упатам искрена благодарност до Австрија и Словенија за помошта што ни ја пружија во гаснењето на пожарите изминативе лета. Поддршката од австриските пожарникарски тимови и донацијата на специјализирани противпожарни возила од Покраината Тирол е вистинско пријателство на дело. Исто така, длабоко сме благодарни за брзата и ефикасна реакција на словенечките служби и тимови кои помогнаа при справувањето со огнените стихии, покажувајќи вистинска европска солидарност и човечка блискост во моменти кога најмногу беше потребно. Ја користам оваа прилика, преку вашето присуство, госпоѓо Плаколм и госпоѓо Грашич, да изразам длабока благодарност и до словенечкиот и до австрискио народ за искрената солидарност и човечката блискост што ги покажаа во тие критични моменти. Таа подготвеност да се помогне без двоумење ја надминува рамката на институционална соработка - тоа е израз на вистинско заедништво и доверба меѓу нашите земји, рече Муртезани. Тој истакна дека на средбата со Плаколм и Грашич разговарале за за зајакнувањето на соработката во европските интеграции и институционалното поврзување, економската соработка, енергетската транзиција и развојот на одржливи политики во полза на граѓаните. -Австрија и Словенија се меѓу нашите најдоследни партнери и поддржувачи во процесот на пристапување кон Европската Унија, но и во напорите Северна Македонија да остане двигател на стабилноста и реформите во регионот. Австрија, преку својата активна поддршка во рамките на политиката на проширување и преку Австриската агенција за развој, е присутна во повеќе сегменти на нашите реформски процеси: од зајакнувањето на институциите и владеењето на правото, до економскиот развој и заштитата на животната средина. Словенија, земја со која нѐ поврзува заедничко минато и со која имаме долга традиција на пријателство и меѓусебно разбирање, е исто така значаен сојузник во пренесувањето на искуствата од пристапните преговори, во техничката помош, како и во спроведувањето на конкретни проекти поддржани со словенечки развојни средства: во енергетиката, дигитализацијата, образованието и локалниот економски развој, додаде Муртезани. Тој истакна дека оваа плодна соработка е дел од една поширока, европска приказна за заеднички напредок, стабилност и споделени вредности. -Уверен сум дека денешните разговори ќе придонесат за уште поинтензивна и покоординирана соработка меѓу трите земји, во духот на заедничката европска агенда. Република Македонија останува посветен и доверлив партнер, ние како Влада сме решени да продолжиме со реформите и со активен придонес кон стабилноста, солидарноста и единството на Европската Унија, додаде министерот за европски прашања. Тагови: Муртезани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28