3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаМуртезани домаќин на Плаколм и Грашиќ: Гласна поддршка за нашата европска иднина од Австрија и од СловенијаМуртезани, ги пречека делегациите од Република Австрија и Република Словенија, кои престојуваат во работна посета на земјата.Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ги пречека делегациите од Република Австрија и Република Словенија, кои престојуваат во работна посета на земјата, а кои се предводени од австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и државната секретарка во словенечкото Министерството за надворешни и европски прашања, Нева Грашич. Како што соопштија од МЕП, во рамките на посетата се одржаа билатерални средби и заедничка трилатерална средба на која била потврдена континуираната и принципиелна поддршка од Австрија и Словенија за европската интеграција на Северна Македонија. -На состанокот беше истакната исклучителната важност на продлабочувањето на соработката со двете држави, кои како докажани пријатели и партнери на нашата земја, доследно ја поддржуваат нејзината европска перспектива. Министерот Муртезани изрази благодарност за досегашната силна и видлива поддршка што Австрија ја дава во рамките на политиката на проширување на Европската Унија и за нејзината активна улога во афирмацијата на концептот на постепена интеграција, како средство за побрзо приближување на земјите од Западен Балкан кон европското семејство. Притоа, тој потенцираше дека Северна Македонија останува посветена на исполнувањето на обврските и реформите врз основа на заслуги и очекува европскиот процес да продолжи со јасна и меритократска динамика, се наведува во соопштението. Во разговорите со австриската страна, се додава, било нагласено значењето на ангажманот на Австриската агенција за развој (ADA) во регионот, особено во областите на добро владеење, владеење на правото, одржлив и инклузивен економски развој, како и заштита на животната средина и климатските политики. Министерот Муртезани ја изразил подготвеноста за посилно вклучување на Агенцијата во координациските механизми на Владата, како и интерес за воспоставување постојано претставништво на ADA во земјата, со цел уште поефикасна реализација на заедничките развојни приоритети. Во рамките на разговорите со словенечката делегација, била потврдена долгогодишната традиција на пријателство и блиска соработка меѓу двете земји, кои немаат отворени прашања и се одликуваат со исклучително партнерски односи. -Словенија и понатаму останува еден од најгласните и најконзистентни поддржувачи на европската интеграција на Северна Македонија, како и активен учесник во реализацијата на билатерални и регионални проекти за институционално зајакнување и развој. Во тој контекст, беше посочена и успешната имплементација на повеќе инфраструктурни и енергетски проекти финансирани со словенечки развојни средства, насочени кон заштита на животната средина, дигитализација, иновации и локален економски развој, се наведува во соопштението. На средбата министерот Муртезани ја нагласил подготвеноста на Република Северна Македонија за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и продлабочување на соработката со Република Австрија и Република Словенија, во духот на заедничките европски вредности и регионалната солидарност. -Тој подвлече дека искреното пријателство и конкретната поддршка што нашата земја ги добива од овие две држави претставуваат значаен поттик за продолжување на реформскиот процес и забрзување на европската интеграција на Северна Македонија, стои во соопштението. Тагови: Муртезани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28