Мурињо било договорено да го наследи Фергусон на клупата на Јунајтед: „Ми се јави и плачеше“ - Канал 5

Мурињо било договорено да го наследи Фергусон на клупата на Јунајтед: „Ми се јави и плачеше“

Во 2013 година,  португалскиот фудбалски стратег, трофејниот Жозе Мурињо постигнал договор да го наследи Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед, но во последен момент се откажал и се вратил во Челзи.

Мурињо било договорено да го наследи Фергусон на клупата на Јунајтед: „Ми се јави и плачеше“

Мурињо таа година го завршуваше својот ангажман во Реал Мадрид, додека легендарниот Шкот се пензионираше по 27 години на клупата на клубот од „Олд Трафорд“.

„Кога заминав од Реал Мадрид, се договорив да одам во Манчестер Јунајтед и да го заменам Сер Алекс“, откри Мурињо во документарниот филм за неговата кариера, чија премиера е закажана за вторник, 11 август.

Неговите зборови ги потврди и Фергусон, кој лично разговарал со Португалецот и му ја понудил работата.

„Да, му беше понудена работата. Седнав со него и му ја објаснив ситуацијата. Тој тогаш прифати, но само неколку часа подоцна се предомисли“, изјави Фергусон.

Тренерот со најмногу трофеи во историјата на Манчестер Јунајтед исто така откри како изгледал емотивниот разговор во кој Мурињо му ја соопштил конечната одлука.

„Една вечер ми се јави и плачеше. Рече: 'Алекс, не можам. Му дадов збор на Челзи и не можам да го погазим'. Можам да ја разберам причината што ја наведе, но ме разочара.“

Мурињо призна дека не му било лесно да се откаже од можноста директно да го наследи еден од најголемите тренери во историјата на фудбалот.

„За мене, загубата на можноста да го наследам Сер Алекс Фергусон беше драматична. Сепак, не зажалив, бидејќи одлуката ја донесов со срцето“, изјави Португалецот.

Јунајтед го ангажираше Дејвид Мојс по заминувањето на Фергусон, додека Мурињо се врати на „Стемфорд Бриџ“.

Подоцна, Португалецот пристигна на „Олд Трафорд“, каде што го предводеше Манчестер Јунајтед од 2016 до 2018 година.

Со „Црвените ѓаволи“ ги освои Лига-купот, Комјунити Шилд и Лигата на Европа, па затоа се смета за еден од најуспешните тренери на Јунајтед во ерата по Фергусон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци

Утринава цвеќе се положи и пред споменикот  во селото Љубанци, а во 12 часот, одбележување ќе има  и  пред спомен-плоча во касарната „Илинден“, најавија од министерството за одбрана.

25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе  се положи и пред споменикот  во селото Љубанци

Претседател на одборот на бранители Марин Најдов вели дека 25 години бранителите беа омаловажувани и партиски манипулирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила

Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.

Мицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила

На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили.

Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили.

Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации.

Вечна им слава на бранителите!- напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на Јадранот

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на претстојниот турнир од серијата „Мастерс 1000 “ во Синсинати, за кој се подготвува на вообичаената локација.

Видео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на Јадранот

Како и секоја година, Ѓоковиќ поголем дел од летните месеци го минува во Црна Гора, а така е и сега.

Неколку дена пред настапот на турнирот од серијата „Мастерс“ во САД, најуспешниот гренд-слем шампион во историјата се подготвува на брегот на Јадранското Море.

Откако во саботата уживаше на концертот на Владо Георгиев, во неделата е снимен како тренира во Портонови, во Бока Которска.

Мастерс-турнирот во Синсинати започнува во сабота, а по повлекувањето на Јаник Синер, Ѓоковиќ ќе биде втор носител, зад Александар Зверев.

Ѓоковиќ трипати победил во Синсинати, последен пат во 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер