3Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
ФудбалМурињо:Ренџерс да не претерува со славењето, нè чека реваншТренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо ги предупреди навивачите и фудбалерите на Глазгов Ренџерс да не слават предолго по синоќешната победа од 3-1 над неговиот тим во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа.Мурињо рече дека не е задоволен од играта на неговите играчи, но е среќен што Фенербахче загуби само со два гола разлика. „Не е фер да се каже дека бевме трагични во одбраната. Бевме само трагични на секој дел од теренот. Можеби мислите дека сум луд, но за мене овој резултат не е лош бидејќи можевме да загубиме со повеќе. Но ништо не е готово. Има уште 90 или 120 минути“, рече Мурињо. Реваншот во главниот град на Шкотска е закажан за 13 март. „Само сакам да му порачам на Ренџерс да не претерува со прославите бидејќи има втор натпревар. Ништо повеќе“, додаде португалскиот тренер. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 15 загинати во новиот руски напад врз Украина, погодена станбена зградаНајмалку 15 луѓе се убиени, а десетици се ранети во голем руски воздушен напад со ракети и дронови врз неколку украински градови..Најтешко е погоден градот прилуки во Черниговската област, каде што руски проектил погодил станбена зграда и каде што загинале најмалку пет лица, а 30 се повредени, меѓу кои и пет деца. Според украинските власти, напади имало и во днипро, каде што биле оштетени пет станбени згради, а во кременчук четири повеќекатници. Украинскиот претседател Зеленски ги осуди руските напади и кажа дека спасувачите се обидуваат да спасат луѓе од под урнатините.. Денес, руската армија, како ‘роденденски подарок’ за путин, уништи станбена зграда во Прилуки, напиша тој на социјалните мрежи..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаЗа првпат фотографиран „Белиот дух“ – животно што никој досега не го видел: До вчера беше само мит, а сега е тука!Ова животно има ретка генетска состојба - недостаток на пигмент во кожата и крзното.Кога еден шпански фотограф тргнал на планинарење, немал претстава што ќе открие и дека фотографијата што ја направил ќе го обиколи светот. Во планините близу градот Хаен, во јужниот дел на Шпанија, тој фотографирал нешто што до вчера се сметало за мит – белиот ибериски рис, еден од најретките животински видови во светот. Фотографијата е дело на шпанскиот фотограф на природа, Анхел Идалго, познат по своите снимки од дивиот свет. Ова животно, кое како да зрачи со сопствена светлина, има леуцизам – ретка генетска состојба што предизвикува делумен или целосен недостиг на пигмент во кожата и крзното, но не и во очите, што го разликува од албино животните. „Белиот дух на медитеранската шума. Кога го видов првпат, не можев да поверувам. Со денови, недели и месеци го барав тоа место и веќе бев подготвен да се откажам... А потоа, по една дождлива ноќ, во далечината се појави бела силуета, блескајќи како светлина“, напиша Идалго на Инстаграм. Фотографот ја опиша средбата како „чудо што се случува еднаш во животот“ и изрази надеж дека оваа глетка ќе ги инспирира луѓето повеќе да ја ценат и да ја штитат природата. Појавата на белиот ибериски рис се смета за доказ за напредокот на програмата за зачувување на видот, кој речиси целосно исчезнал во раните 2000-ти години. Овој вид, ендемичен за Пиринејскиот Полуостров, во 2002 година броел помалку од 100 единки во дивината. Благодарение на заедничките напори на Шпанија, Португалија, Европската Унија и организациите за заштита на природата, до 2023 година популацијата се зголемила на повеќе од 2.000 единки. Иберискиот рис (Lynx pardinus) е една од најретките големи мачки на планетата. Познат е по своите темни прамени, кратката опашка со црн врв и карактеристичните „мустаќи“ и прамени на ушите. A photographer in southern Spain captured what is believed to be the first-ever white Iberian lynx, a leucistic big cat so rare it seems almost mythical. Already one of the world’s rarest cats, the Iberian lynx was pulled back from the brink of extinction after its population fell below 100 two decades ago. — Breaking911 (@Breaking911) October 29, 2025 Тежи половина од тежината на евроазискиот рис, но игра клучна улога во рамнотежата на медитеранскиот екосистем, бидејќи ја одржува популацијата на зајаци под контрола. Откривањето на единката со бела боја ја воодушеви јавноста, но и потсети колку е кревка природата.Тагови: рис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСмрт на лабораториска техничарка во Сибир: ЕУ итно за сомневање за пневмонична чумаСЗО: Ризикот за Европа е многу низок.Додека Светската здравствена организација ја смирува паниката тврдејќи дека ризикот од епидемија на чума во Русија е мал, мистериозната смрт на млада техничарка во лабораторија во Сибир ја крена на нозе Европската унија. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ризикот од појава на епидемија на чума во Русија е мал по ненадејната смрт на млада лабораториска техничарка во сибирскиот град Иркутск. Сепак, Европската унија внимателно ја следи ситуацијата, додека соседните земји веќе воведоа строги превентивни мерки на границите. „СЗО не регистрираше знаци за понатамошно ширење на инфекцијата откако минатата недела почина Дарија Шипилова (28). Ризикот од епидемија во Русија е мал по ненадејната смрт на лабораториската техничарка која работеше во институт за истражување на чума во Сибир“, се наведува во соопштението на СЗО, пренесено од весникот „Гардијан“. Младата истражувачка почина минатата недела, само два дена откако тешко се разболе. Извештаите на независните руски медиуми укажуваат дека Шипилова, која инаку работи во институт каде што се чуваат и проучуваат исклучително опасни патогени, можеби се заразила на работното место. Според претходните извештаи, на 25 септември таа случајно скршила епрувета со патогенот на пневмонична чума. Била примена во болница на 29 септември со симптоми на тешка пневмонија, а починала во текот на ноќта меѓу 1 и 2 октомври. Официјална Москва го минимизира значењето на овој настан, тврдејќи дека Шипилова починала од „пневмонија со непозната етиологија“. Руските власти нагласуваат дека нема докази оти нејзината болест била предизвикана од некој од смртоносните патогени со кои таа работела. Сепак, ова тврдење е во спротивност со фактот дека се воведени строги мерки на карантин во истражувачкиот центар во Иркутск, како и во неколку блиски болници. Исто така, болницата во која се лекувала младата жена е ставена под строга изолација, а околу 200 лица кои биле во контакт со неа се под строг медицински надзор. Кристијан Линдмајер, портпарол на СЗО, во вторникот изјави дека нема знаци за поширока епидемија. „Сите лица кои биле во контакт со пациентката се идентификувани и нивната здравствена состојба се следи, но досега никој не покажал симптоми на болеста“, рече Линдмајер. Тој додаде дека, додека руските власти сè уште истражуваат дали пневмоничната чума била причината за смртта, СЗО го проценила здравствениот ризик како „умерен до низок“ за Иркутск, „низок“ за остатокот од Русија и „многу низок“ за Европа. Сепак, стравот од можна епидемија ги принуди соседните земји – Казахстан, Киргистан и Узбекистан – итно да воведат превентивни мерки на своите граници за да го спречат потенцијалното ширење на заразата. Реакцијата од Брисел потврдува дека ситуацијата се сфаќа крајно сериозно. Европската комисија (ЕК) и земјите-членки на Европската унија денес ќе разговараат за сомнителната појава на пневмонична чума во Сибир. Оваа тема беше итно вклучена во дневниот ред на состанокот на Комитетот за здравствена безбедност, кој ги разгледува сериозните прекугранични закани, објави „Јуроњуз“ (Euronews). „Можам да потврдам дека инцидентот во Русија ќе биде дел од дневниот ред“, изјави портпаролот на Европската комисија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook