Мурати и Жбогар разговараа за функционирањето на Уставниот суд

Шефот на делегацијата на Европската унија во Скопје Самуел Жбогар, денеска беше во работна посета кај претседателот на Уставниот суд на нашата држава, Сали Мурати. 

Како што изјави по средбата амбасадорот Жбогар, му честитал за новата позиција, по што имале плодна дискусија за начинот на кој функционира Уставниот суд, прашањата и предизвиците со кои се соочува, како што се недостигот на човечки капацитети, лимитиран буџет, како и алатки за процедури кои би им помогнале во нивната работа.

– Претседателот на судот ми го презентираше Предлог-законот за Уставниот суд слично како другите закони за уставните судови во регионот. Изгледа дека таквиот закон би решил многу проблеми и би го подобрил функционирањето на Уставниот суд во земјата, изјави Жбогар.

Тој изрази надеж дека во иднина политичките партии и политичарите во државата ќе го најдат решението за да му овозможат на Уставниот суд подобро да функционира.

Претседателот на Устравниот суд Мурати изјави дека со амбасадорот Жбогар разговарале за иднината на Уставниот суд и најави дека ќе продолжи дијалогот со ЕУ и со други меѓународни организации.

Тој на прашање од новинарите за Предлог – законот за Уставниот суд, информираше дека има нацрт -закон за Уставниот суд и оти им недостасува таа алатка на која, како што рече, работат, а законодавецот доколку има приближување за оваа проблематика, ќе се регулира оваа работа со Уставниот закон како што има во опкружувањето. /МИА

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

притисни ентер