8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада
18 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада
1Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
3Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
КултураМурали во БитолаМуралите во Битола импресионираат со пораките што ги испраќаат.Муралот „Битола бабам Битола", централно позициониран во шалтерската сала на битолската Пошта, изработен од академскиот сликар Борко Лазески, неколку години пред неговата смрт, се уште е еден од најмаркантните мурали во градот под Пелистер. Но, според познавачите на оваа ликовна уметност, која исклучиво се презентира на ѕид, почетоците се врзуваат со настан од пред 40 години кога, во тоа време, во чест на 75-годишнината од Илинденското востание, во Битола беше изработен првиот мурал. Станува збор за идејното решение кое го подготви ликовниот педагог Коста Хаџиантоновски, тогаш наставник во ОУ „Кирил и Методиј"-Битола и раководител на ликовната секција во општинското училиште. Од тогаш до денес, муралите во Битола импресионираат со пораките што ги испраќаат, но за жал често не се на видик на окото на туристите, вели Хаџиантоновски, кој лично координирал изработка на повеќе мурали во Битола, но и во Ресен и во Кичево. -За изработка на мурал треба да се има добро идејно решение, а кога ќе се надмине таа фаза тогаш потребна е подготовка за изработка на муралот. Се сеќавам како денес да беше…во сега веќе далечната 1978 година, општината ја прифати идејата за изработка на мурал на фасадата од куќа која е во центарот на градот, на Широк Сокак. Тогаш во градот се одржуваше традиционалниот републички натпревар „Курирче", а истовремено се одбележуваа разни настани и случувања, но и јубилејот „75 години – Илинденско востание". Веднаш се фативме за работа, добивме поддршка од градежното претпријатие „Пелистер"-Битола, нивните работници го поставија скелето, а ние извршивме препарација на ѕидот, го подготвивме за цртање и го направивме муралот на кој доминираат илинденци, како и учесници во народнослободителната борба. Овој мурал се уште одолева на забот на времето, вели Хаџиантоновски. Муралот, како современ начин на ликовно изразување, Хаџиантоновски го користи и неколку години подоцна, односно во 1986 година кога на влезот во Старата битолска чаршија, заедно со ученици од Битола, Штип и Кочани, младинци со потврдени ликовни вештини и талент, но и со поддршка на стручни лица го изработуваат муралот „Будење". -Во јубилејната монографија на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј"-Битола издадена во чест на 25 роденден (1981-2006), меѓу бројните фотографии ги поместивме и деталите од изработката на муралот „Будење". Се подготвувавме повеќе од две недели, го исчистивме ѕидот до „гола тула", 12 пати го миевме со вода, а користевме специјални бои кои се издржливи во секакви временски услови. Тоа беше почеток на мојата идеја што за жал не се оствари, а целта беше на сите запуштени фасади што и денес ги има во Старата битолска чаршија, да има по еден мурал со детал од Битола. Ако тоа тогаш го реализиравме, чаршијата ќе беше поатрактивна за туристите, на дуќанџиите ќе им беше поинтересно секојдневието, а истовремено ќе спречевме чкртање по ѕидовите и пишување пораки, често со недолична содржина. Но, како што нагласува Хаџиантоновски, не е доцна, идејата може да се реализира и денес, бидејќи во чаршијата и понатаму има ѕидови кои „плачат" за креативен мурал. Во Битола мурали има на повеќе јавни локации и во повеќе објекти. Повозрасните битолчани се сеќаваат на прекрасните мурали во некогашното кино „Трудбеник", муралот во кафеаната „Македонија" и кај стоковната куќа „Корзо" кои за жал повеќе не постојат. Но денес со задоволство може да се посочат муралот во основното училиште „Св.Климент Охридски"-Битола како и најновниот мурал во овој град изработен со поддршка на локалната самоуправа, креативно решение на авангардната екипа „Hybrid Minds Crew" што на ѕидот од зградата кај местото меѓу битолчани познато како „Шехерезада", на современ начин и со мајсторско ликовно изразување, прикажани се пелистерски рис и убава битолчанка. Интересот за изработка на мурали во Битола не стивнува, а не ретко, млади уметници излегуваат во пресрет на барањата на граѓаните од разни урбани заедници да им се цртаат комбинирани слики на мурал и графит на запуштени објекти, на долги ѕидови и други јавни површини што освен што се штитат од непристојни и вулгарни содржини, овозможуваат подобар лик на населбата во која живеат./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасадаОсум месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на двете дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје. Инцидентот што се случи на 15 јуни годинава. Пресудата е за кривично дело загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита. 44-годишниот скопјанец претходно ја призна вината за делото, изјавувајќи пред судот дека сам ја донел одлуката да ги полее со бензин и да ги запали возилата. Инцидентот предизвика осуда од македонските власти и зголемени тензии и реторика меѓу Скопје и Софија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПознати составите на сите „шешири“ за квалификациите за ЕУРО 2028,Македонија во третиот шешир По одигрувањето на сите преостанати натпревари во Лигата на нации, познат е составот на сите шешири за квалификациите за Европското првенство во 2028 година.Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија по очајните резултати во Лигата на нации е во третиот шешир, што значи дека за противници во квалификациите не може да ги добие селекциите на Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија.... Ждрепката за квалификациските групи ќе се одржи на 7 декември во Белфаст, главниот град на Северна Ирска, еден од кодомаќините на ЕУРО 2028 заедно се Велика Британија., Составот на шеширите е следен: Прв шешир: Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Холандија, Грција, Италија, Белгија, Данска, Германија, Хрватска, Норвешка Втор шешир: Велс, Чешка, Србија, Турција, Швајцарија, Шведска, Австрија, Босна и Херцеговина, Словенија, Северна Ирска, Унгарија, Ирска Трет шешир: Македонија,, Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија, Словачка, Црна Гора, Исланд, Албанија Четврти шешир: Белорусија, Финска, Кипар, Естонија, Бугарија, Луксембург, Фарски Острови, Ерменија, Молдавија, Казахстан, Латвија, Сан Марино Петти шешир: Малта, Азербејџан, Литванија, Гибралтар, Андора, Лихтенштајн . Термините за одигрување на квалификациските кола за Европското првенство 2028 се следни: 1. коло: 26–27 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 2. коло: 29–30 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 3. коло: 11–12 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 4. коло: 14–15 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 5. коло: 23–25 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 6. коло: 26–28 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 7. коло: 30 септември – 2 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 8. коло: 3–5 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 9. коло: 11–13 октомври 2027 г. Ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи) 10. коло: 14–16 ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи) . Полуфиналните натпревари од плеј-офот се играат од 23 до 25 март 2028 година, а финалето од плеј-офот – од 26 до 28 март.Тагови: ЕУРО 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: И Трамп пристигна во ШенженПретседателот на САД, Доналд Трамп, денес пристигна во Шенжен, град во јужната кинеска провинција Гуангдунг, каде што ќе присуствува на дводневниот 33-ти самит на економски лидери на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).Претседателот на Кина Си Џинпинг лично го пречека Трамп на аеродромот во Шенжен. Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика. Откако ја презеде функцијата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром. Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг ѝ ја придава на својата врска со Соединетите Држави. Трамп инаку е првиот американски претседател кој го посетил овој град во Кина за време на неговиот тековен мандат. Шенжен инаку е еден вид престолнина на вештачката интелигенција (ВИ) и кинески одговор на Силиконската долина, каде што се наоѓаат кинеските технолошки гиганти, според CNN. Le président américain Donald Trump est arrivé ce mercredi matin à Shenzhen, dans le sud-est de la Chine, où il doit participer ce jeudi à un sommet inédit avec ses homologues chinois Xi Jinping et russe Vladimir Poutine en marge d'une réunion régionale, dans #HDPros https://t.co/9PGj1PhS60 — CNEWS (@CNEWS) November 18, 2026 Се очекува Трамп во Шенжен да оствари историска средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, а невидената трилатерална средба е закажана за утре. Пред Трамп, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Шенжен, а тој веќе се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, според руските и кинеските медиуми. Путин и Си се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК и разговараа за билатералните односи и меѓународната ситуација, пренесува РИА Новости.Тагови: Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook