МакедонијаМуцунски : Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија, одговорот во суштина беше „одамна се случило“ Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија, одговорот во суштина беше „одамна се случило“ и не беше ни јасен демант, реагира министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во Само Интервју.Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија, одговорот во суштина беше „одамна се случило“ и не беше ни јасен демант, реагира министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во Само Интервју, за протекувањето информациии од Софија за семејството на премиерот. Грешки се случуваат, вели Муцунски, а цивилизациски е да се извини тој што греши – особено во случај кога се споделени податоци за сопруга на премиер на Влада на земја членка на НАТО и малолетно дете. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
ФудбалКарик бесен на судењето по поразот од Сити: „Малку сум загрижен...“Предводникот на англискиот фудбалски гигант, Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, се осврна на судењето и спорните одлуки на арбитрите по поразот во градското дерби против Манчестер Сити. Големото дерби беше решено во 60-тата минута со голот на Ерлинг Халанд. Голот првично беше поништен поради офсајд, но ВАР (VAR) интервенираше и ја преиначи одлуката донесена на теренот. Дополнителни реакции предизвика и судиската организација, која подоцна ја призна грешката и потврди дека голот не бил регуларен. Шефот на стручниот штаб на англискиот гигант не го криеше разочарувањето од начинот на кој се носат одлуките во елитниот ранг. – Малку сум загрижен. Да бидам искрен, поставивме монитори, линии, неколку лица и службени лица пред судиите, за да може да се донесе вистинската одлука. Но, она што навистина ме загрижува и каде ја гледам опасноста, е начинот на кој се толкуваат правилата. Тој (Енцо Фернандез) ја замавна главата и без разлика дали ја допре топката или не, Мартинез мораше да реагира бидејќи беше во добра позиција – изјави Керик. Покрај спорните судиски одлуки, тимот од „Олд Трафорд“ имаше лош старт на новата сезона, освојувајќи само четири бода во воведните четири кола. – Не освоивме онолку бодови колку што сакавме и мораме да го прифатиме тоа. За тоа постојат неколку причини. Тоа не менува ништо; не ја менува нашата насока, ниту очекувањата за сезоната и она што можеме да го постигнеме како тим – заклучи англискиот стручњак.Тагови: Манчестер Јунајтед Премиер лигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Аеродром: Секојдневно се грижиме за чисти и уредни јавни површиниЕкипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно работат на терен и се грижат за хигиената во општината. Се косат тревниците, се чистат и уредуваат улиците и пешачките патеки, се собира отпадот, а се средуваат и дрвјата и гранките на повеќе локации. Паралелно, продолжува расчистувањето на дивите депонии, со цел создавање почиста, поуредна и поздрава животна средина за жителите на Аеродром. Екипите континуирано работат на терен и навремено интервенираат на локациите каде што има потреба. Во исто време, се поставуваат нови и се обновуваат постојните клупи за седење, создавајќи побезбедна, поуредна и попријатна средина за секојдневно живеење и престој, а се спроведува и реконструкција на детските и спортските игралишта, со што се создаваат подобри услови за игра, спорт и рекреација за најмладите, но и за сите граѓани. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, апелира до граѓаните совесно да го одлагаат отпадот и да не создаваат диви депонии, нагласувајќи дека чистотата на општината е заедничка одговорност. „Чист и уреден Аеродром е заедничка грижа и придобивка за сите нас. Општината и комуналните служби продолжуваат секојдневно да работат на терен, но за трајно и одржливо решение е неопходно и одговорно однесување од секој поединец“, посочува Митески. За граѓаните кои имаат поголемо количество отпад од своите домови, ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром стои на располагање за негово преземање и правилно депонирање во ЈП „Дрисла“, за минимален паричен надомест. Услугата може да се закаже на телефонскиот број 072 270 886.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
КултураБалетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков на 19 септември во НОБНа 19 септември 2026 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков.На 19 септември 2026 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, ремек-дело кое ја обединува магијата на ориенталните приказни со раскошната балетска уметност. Базирана на мотивите од „Илјада и една ноќ“, оваа балетска класика ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Наташа Трендафилова Гицев, Балаж Лочеи (Унгарија) заедно со првенците, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Балетот „Шехерезада“, инспириран од легендарните приказни од збирката „Илјада и една ноќ“, претставува ремек-дело во балетската литература кое ја спојува магијата на ориенталните приказни, драматичната музика и раскошниот сценски израз. Со богата кореографија, експресивни движења и внимателно избрани сценски детали, делото ја истражува моќта на раскажувањето, страста, љубомората и интригата, а ликот на Шехерезада носи мистерија и вештина што ја фасцинира публиката со секоја сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter