Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста - Канал 5

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста

САД се апсолутно во право дека ние европските сојузници во НАТО мора да преземеме поголема одговорност за мирот и стабилноста, изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински.

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста

САД се апсолутно во право дека ние европските сојузници во НАТО мора да преземеме поголема одговорност за мирот и стабилноста, изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински при доаѓањето на вториот ден од состанокот на шефовите на дипломатиите на Алијансата во Брисел.

- Петте проценти можеби не се остварливи преку ноќ, но мораме да продолжиме со инвестициите во нашите одбранбени индустрии, мора да продолжиме со инвестициите во нашите воени капацитети и тоа е правилната траекторија по која сите мора да се движиме, изјави Муцунски во однос на вчерашната изјава на американскиот државен секретар Марко Рубио дека членките на НАТО мора да ги зголемат трошоците за одбраната на ниво од пет проценти од својот БДП.

Според Муцунски, тука не станува збор за билатералните односи со САД, туку за инвестирање во безбедноста, бидејќи без неа нема стабилност и без адекватна безбедност и инвестирање во неа, не само во Европа, туку и во реонот на Индо-пацификот и во други делови на светот немаше да опстојат општествата што ги создадовме.

- Тоа нема да биде лесно и ќе биде предизвикувачки процес, но е нешто кон што мора сите да се насочиме, истакна Муцунски.

Во однос на Украина, шефот на македонската дипломатија истакна дека цврсто верува оти актуелната Американска администрација има правилен пристап, насочен кон постигнување мир со учество на Киев и на сите сојузници од НАТО во тој процес.

- Верувам дека американската Влада е посветена на мир, но како претставник на една од помалите држави на масата, но и земја која е една од најголемите донатори по глава на жител на помош на Украина, можам да кажам дека помошта за Украина во различни форми секогаш беше поврзана со нашата одбрана, украинската одбрана, но исто така и со постигнување мир, рече Муцунски.

Тој нагласи дека на прославата на 76-годишнината од формирањето на НАТО, по вчерашниот состанок можеме да потврдиме дека Алијансата е посилна од кога било досега, што во голема мерка е поради посветеноста на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на постигнување мир во Украина и волјата нашите украински партнери да се заложат за мировно решение, како и на тековните напори на Франција, Велика Британија и останатите сојузници.

- Нешто што исто така беше позитивно вчера, беше ангажманот на новите американски колеги и можноста да разговараме со нив за предизвиците кои ги имаме, да ја поддржиме Американската администрација во тековните напори за постигнување мир во Украина, но, исто така, и да се ангажираме со нашите партнери во Индо-пацификот, бидејќи Русија е очигледната закана за која сите зборуваме, но поврзаност меѓу Русија, Кина, Северна Кореја и Иран исто така претставува екстремна закана за нашата безбедност, рече Муцуински.

Тој додаде дека од големо значење е и присуството на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас на двата дена на состанокот, бидејќи како што нагласи односите меѓу НАТО и Европската Унија се фундаментални за мирот и стабилноста на нашиот континент и пошироко во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“

Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш од Енфилд Роуд, Енди Робертсон јавно зборуваше за смртта на својот соиграч и пријател Диого Жота и за тоа колку тешко му било на целиот тим на Ливерпул.

Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“

Диого Жота за жал почина минатата година на само 28-годишна возраст, во тешка сообраќајна несреќа заедно со својот брат Андре Силва.

Тоа беше тежок удар за неговите најблиски, но и за сите во Ливерпул. Енди Робертсон беше еден од неговите најблиски пријатели во клубот и нему сè уште му е тешко да зборува за тоа.

„Тешко е да се опише и да се зборува за она низ што сите поминавме. Беше ужасно. Ако зборуваме за новите засилувања... Новите играчи дојдоа во клуб чие срце беше скршено. Многу ми беше жал за нив. Дојдоа за големи пари – зборувам за фудбалот. Им требаа неколку месеци за да се прилагодат. Искрено, не ни беше грижа за фудбалот. Тоа беше вистината. Изгубивме еден од нашите најдобри пријатели од соблекувалната“, рече Робертсон, кој донекаде застана во одбрана на Флоријан Вирц, Александар Исак и скапите засилувања што пристигнаа во тоа време.

Тој призна дека најтешко му паднало тоа што претходно бил на свадбата на Жота – сите биле среќни и весели. А потоа... „Сите фудбалери го имаат тоа нешто, таа предност. А кога ќе го изгубите тоа, не можете да играте на највисоко ниво. Кога се навраќам на минатата сезона, гледам дека ја изгубивме решителноста. Се прашувавме: 'Која е поентата на сè? Погледнете го семејството и децата на Жота'. Бевме во жалост; тој за нас не беше само играч – беше навистина тешко. Само една недела претходно бев на неговата свадба – една од најтешките ситуации во мојот живот – а веќе следната недела го гледав неговото семејство скршено од болка.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Општина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.

О.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации.

Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини.

Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи

Во врска со Изборниот законик во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи ова утринава го најави министерот за правда Јетон Шасивари.

Шасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер