Регионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во Скопје
1Регионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во Скопје
Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
МакедонијаМуцунски: Сакаме рационално решение за деблокада на пристапниот процес Македонската Влада ќе биде непоколеблива и крајно посветена на реформите што ги вети и знае дека тие не може да се спроведат преку ноќ и ќе биде потребно време, но нема да дозволи тоа да одземе бескрајно многу време. Македонската Влада ќе биде непоколеблива и крајно посветена на реформите што ги вети и знае дека тие не може да се спроведат преку ноќ и ќе биде потребно време, но нема да дозволи тоа да одземе бескрајно многу време, истакна попладнево министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во обраќањето во бриселскиот Центар за европска политика (ЕПЦ) на тема „Проширувањето на ЕУ во новата ера: Перспективата на Македонија“. - Ако некој заслужува модел во кој јасно ќе го знаеме нашиот пат и ќе се движиме напред, тоа е нашата земја. Многу често потсетувам со кого и да разговарам дека државата врз основа на ветувањата за европска иднина ги смени своето знаме, својата валута, го промени Уставот неколку пати, дури и го смени и своето името заради европските ветувања. Така што ако некој заслужува флексибилност во таа смисла, тоа е нашата земја, рече Муцунски. Тој нагласи дека Владата е целосно посветена на интеграција на земјата во ЕУ и ќе се ангажира со Брисел и со Бугарија да се изнајде рационално решение за деблокада на нашиот пристапен процес, со кое решение откако ќе ги спроведеме уставните измени, нема да бидеме блокирани и враќани назад и преговорите нема да бидат оптоварени со прашања поврзани со идентитетот, историјата, јазикот, национализмот или етничката припадност, туку конечно ќе ни биде дозволено да се движиме напред врз основа на принципот на заслуги. - Кога станува збор за политиката има еден многу важен принцип – ако има волја има и начин, истакна Муцунски, додавајќи дека неколку пати во изминатиов период ЕУ носеше одлуки по моделот „консензус минус еден“, па ако постои волја и посветеност може да се најде и решение. Тој потенцира дека користењето на ветото поради билатерални прашања не ни нанесува штети само нам, туку и на легитимитетот на целиот процес на проширување на ЕУ. - Mислам дека постојат патишта по кои би можеле да се насочиме, по кои на сите би ни било удобно и кои би обезбедиле кредибилна европска иднина не само за нас, туку верувам и за целиот регион, додаде Муцунски. Според него, постои јаз помеѓу она што се испорачува од страна на Европската Унија и што се очекува да биде испорачано од неа, за што еден од примерите е нашата земја за која оваа е годината кога се навршуваат 20 години откако го доби кандидатскиот статус. - Годината кога го добивме кандидатскиот статус Црна Гора не беше ни независна земја, а во меѓувреме се уште ги немаме отворено пристапните преговори. Хрватска која го започна патот заедно со нас преку т.н. процес за стабилизација и асоцијација, сега е дел од Шенген и го користи еврото како национална валута. Дозволете ми уште еднаш да истакнам дека ние се уште не сме ги отвориле пристапните преговори. Има некои кругови во Брисел кои се шегуваат со мене и велат вие сте толку добар кандидат што сакаме да ве задржиме како такви, изјави Муцунски. Во врска со често споменуваниот термин дека сега е моментумот за проширување, Муцунски нагласи дека и во 2018 година кога го склучувавме Преспанскиот договор со Грција, доаѓаа западни лидер кои велеа дека тој е „нашиот прозорец на можности“ и дека треба „да го искористиме моментумот“ за членство во НАТО и за зачленување во ЕУ кога ќе заврши целиот процес за четири или пет години, а тие пет години изминаа пред година или година и половина. - Кога станува збор за проширувањето, не сакам само чисто да критикуван, велам дека има нешто одлично, многу паметно што се случува од пред некое време. Тоа е т.н. План за раст на ЕУ и Реформската агенда кој е интегрален дел него. Тој е стимулативен модел кој ги стимулира земјите од регионот да одат напред на европскиот пат, нагласи шефот на македонската дипломатија. Тој додаде дека на ова не гледаме како алтернатива на преговорите, тука како начин за да им докажавме на земјите членки дека сме посветени на европскиот пат без разлика колку и да е тежок, бидејќи многу од реформите предвидени со Реформската агенда ќе бидат тешки за остварување и ќе бараат трансформативни промени на нашето општество. - Ние бевме првата Влада од регионот што ја доби првата транша преку Планот за раст пред една недела. Ние сме многу горди што бевме прва земја во регионот што склучи партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ... и на него гледаме како на многу корисна алатка особено во сегашните геополитички случувања и во улогата на безбедноста и одбраната во евроинтегративниот процес, рече Муцунски. Шефот на дипломатијата изрази и благодарност до Европската Унија и земјите членки за покажаната солидарност и брзата реакција по трагичната несреќа во Кочани, оценувајќи ја како автентичен пример за европската солидарност и европските вредности на дело. Муцунски нагласи дека настанот во Кочани беше и аларм за потребата од справување со корупцијата, на што Владата посветено работи во изминативе 10 месеци, како и дека со реакцијата по него со приведувањето на лица без разлика на нивната партиска припадност се испраќа јасна порака дека правдата не може да биде селективна. - Воспоставувањето кредибилна борба против корупцијата и воспоставувањето на систем на владеење на правото не е обврска само на власта, туку е потребен пристап на целото општество. Тоа значи дека покрај Владата, потребно е вклучување и на обвинителскиот и на судскиот систем, на граѓанското општество, на Академијата. Тоа треба да биде систем во кој секој придонесува во процесот не само во креирањето, туку и во спроведувањето на реформите. Тоа не е само изработка и усвојување на добри закони, туку и промена на културата, нашата општествена, политичка и ментална култура, како ќе им пристапуваме на институциите и како ќе се однесуваме, потенцира Муцунски. Министерот Муцински во рамки на престојот во Брисел, утре и в петок ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРегионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во СкопјеГлавните јавни обвинители и обвинители кои постапуваат по предмети за воени злосторства од Западен Балкан, како и претставници на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг, учествуваат на дводневната Регионална конференција на.Главните јавни обвинители и обвинители кои постапуваат по предмети за воени злосторства од Западен Балкан, како и претставници на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг, учествуваат на дводневната Регионална конференција на обвинители за соработка во постапките за воени злосторства, која денес започна во Скопје. Конференцијата ја продолжува традицијата на регионални средби на обвинителските професионалци и обезбедува платформа за размена на искуства, подобра комуникација и зајакнување на практичната соработка и меѓусебната правна помош меѓу обвинителските институции од Западен Балкан. Посебен фокус е ставен на соработката во истрагите и постапките за воени злосторства, вклучително и размената и преносот на предмети и докази меѓу различни јурисдикции. Истовремено, конференцијата овозможува размена на искуства од други кривични постапки и дискусија за практични пристапи за надминување на заедничките предизвици во регионалната правосудна соработка. Конференцијата ја отвори Ненад Савески, државниот јавен обвинител, кој истакна: „Нас нè обединува не само нашата професија, туку и нашата заедничка, морална и законска должност. А тоа е борбата против неказнивоста за најтешките злосторства против човештвото. Освен тоа, како јавни обвинители, нашиот примарен мандат не е само да ги казниме сторителите, туку да им дадеме глас и да ги заштитиме жртвите“. Тој потенцираше дека одговорноста, дури и за најтешките кривични дела е индивидуална, а преку јасно лоцирање на вината на поединците, се придонесува за подобро разбирање и соживот на идните генерации. Во текот на дводневната конференција, учесниците ќе разговараат за напредокот, предизвиците и новите прашања во регионалната соработка во постапките за воени злосторства. Дел од дискусиите ќе бидат посветени на собирањето и преносот на докази меѓу различни јурисдикции во предмети за воени злосторства и други тешки кривични дела, со посебен осврт на законитоста, прифатливоста и квалитетот на доказите. Роберта Кортезе, раководителка на Секторот за операции 1 при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, изјави: „Европската Унија придава големо значење на правдата, отчетноста и владеењето на правото во Западен Балкан. Тоа се темелни европски вредности, но и суштински елементи на процесот на европска интеграција. Во овој контекст, утврдувањето на одговорноста за воените злосторства е од особено значење. Изминувањето на времето не ја намалува одговорноста на институциите да постапуваат по тешките кривични дела и да обезбедат правда за жртвите и преживеаните. Затоа, Европската Унија силно ги поддржува напорите за зајакнување на соработката меѓу обвинителствата и правосудните институции во регионот. ЕУ го препознава поврзувањето на правдата, регионалната соработка, помирувањето и вклучувањето на граѓаните како важен дел од европската перспектива на Западен Балкан.“ На агендата е и примената на принципот non bis in idem во прекугранични предмети и правните аспекти при повторно отворање предмети кои биле затворени во друга јурисдикција. Посебна сесија е посветена и на идната соработка на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали со јурисдикциите во регионот, по одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации во однос на неговиот мандат. Постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија Армен Григорјан, нагласи: „Правдата не зависи само од формалните механизми, туку и од силните професионални врски, довербата и континуираната соработка меѓу институциите. Токму затоа, преку проектот ‘Поддршка на ЕУ за градење доверба во Западен Балкан’, финансиран од Европската Унија, создаваме простор обвинителите и другите правосудни професионалци од регионот да разменуваат искуства, да разговараат отворено за практичните предизвици и да ја зајакнуваат меѓусебната соработка. Нашата заедничка цел е правда која е професионална, кредибилна, заснована на човековите права и насочена кон потребите на жртвите,“ изјави Григорјан. Конференцијата се организира во рамките на проектот „Поддршка на ЕУ за градење доверба во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации УНДП. Една од главните цели на проектот е зајакнување на владеењето на правото и поддршка на ефективната регионална соработка во постапувањето по предмети за воени злосторства и други тешки кривични дела, со примена на пристап заснован на човековите права и насочен кон потребите и правата на жртвите. Конференцијата ќе заврши на 24 септември со усвојување заклучоци и препораки, со цел дискусиите и разменетите искуства да се преточат во практични насоки за натамошно унапредување на соработката меѓу обвинителските институции во регионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРубио: „Знаеме како ќе заврши војната во Украина“Американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за радио „WABC“ изјави дека војната во Украина не е добра за ниту една од страните и дека Вашингтон знае како таа ќе заврши.Затоа, додаде тој, има целосна логика таа да се запре. „Но, за жал, во надворешната политика и во вакви прашања, она што е логично не е секогаш она што навистина се случува“, истакна Рубио. Според него, американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека Америка „ќе продолжи да презема активности“. „Значи, секаде каде што постои можност за напредок и за надминување на јазот меѓу двете страни, претседателот ќе биде подготвен да го стори тоа. И ние ќе продолжиме да се обидуваме да го постигнеме тоа“, додаде Рубио. Американскиот државен секретар исто така рече дека војната на Русија против Украина нема да заврши со воена победа за ниту една од страните, туку преку преговори: „Таа нема да заврши со одлучувачка воена победа за едната или за другата страна. Ќе заврши со договор постигнат преку преговори. И колку побрзо се случи тоа, толку помалку животи ќе бидат загубени и помало ќе биде уништувањето“. Извор: Б92Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спасАрамијата Мицкоски ги турна земјоделците во катастрофлано лоша состојба.Нема откуп. Родот им скапува на нивите. А и тоа малку што се откупува, се плаќа по понижувачки цени. Земјоделците работат од утро до мрак, вложуваат сè што имаат, а на крајот не можат ниту да ги покријат трошоците. Сите земјоделци се погодени од лошите и криминални политики на Арамијата Мицкоски. Затоа, поднесовме Закон за финансиска поддршка на земјоделците. Сега кога им е неопходна. За лозарите - 8 денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“. За оние кои нема да успеат да го продадат грозјето – 300.000 денари по хектар за пријавни лозови насади. -За производителите на пиперка „ајварка“ 10 денари по килограм продадена пиперка, плус 200.000 денари по хектар за евидентираните засадени површини. -За производителите на пченица 5 денари по килограм, без разлика дали пченицата е продадена на регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад. -За сточарите 8.000 денари по грло говедо за производство на млеко и месо. -За оризарите 10 денари по килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година. Корисници ќе бидат и земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Земјоделството е производство, егзистенција и сигурност за илјадници семејства. Не да се распродава македонската земја зa туѓи профити. Не земјата и водата да им се ставаат на располагање на туѓи бизнис-интереси. Не луѓето што произведуваат храна да се оставаат без земја, без вода, без откуп и без поддршка. Поддршка за земјоделците сега! Да, за Македонија да застане зад оние кои ја хранат! Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на ИО Скопје, 23.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter